Согласно проектот кој општина Кавадарци го реализира преку Вардарскиот плански регион, започна завршната фаза од реконструкцијата на делница од „Северен булевар“. Во оваа фаза се ревитализира потегот од спојот на Северен со Западен булевар, па до спојот со булеварот „Никола Минчев“.
Ангажираната оператив го постави првиот слој „носив асфалт“ со дебелина од 9 сантиметри на делницата од 450 метри. Потоа ќе уследи поставување на вториот слој „асфалт-бетон“ со дебелина од 6 сантиметри со што оваа делница од заобиколницата ќе биде со подобрени перформанси.
Целиот проект во вредност од 8.526.000 денари покрај асфалтирањето, опфати прво отстранување на стариот оштетен и дотраен асфалт на површина од 3.400 м2, при што целосно беше ископана цлета стара подлога.
Во правец на подобрување на носивоста согласно повисоките применети стандарди на нејзино место се постави „гео композит“ (специјална мрежа) како и нов 40 сантиметри слој дробен камен како подлога на која се нанесуваат вкупно 15 сантиметри сфалтна маса во два слоја.
Со овој проект носивоста на подлогата на оваа делница е повеќекратно подобрена.
Во наредната фазаз општината ќе пристапи кон ревитализација на преостанатат делница од „Северен булевар“ преку проектот со Светска Банка за ревитализација на главните улици во Кавадарци.