Вести

All Blog Posts

ПОСТАВЕНА ОГРАДАТА НА НОВАТА ГРАДИНКА

ПОСТАВЕНА ОГРАДАТА НА НОВАТА ГРАДИНКА

Оперативата на фирмата „Метал Апостолов“ од Кавадарци ги изведува завршните работи на поставувањето на металната ограда околу објектот на новата градинка во кругот на старат болница.

Со оградувањето завршува уште еден дел од проектот нов одбјект на детска градинка во кој треба да бидат сместени околу 100 деца од предшколска возраст.

Оваа фаза од проектот во делот на финансиите чини 430.000 денари.

ПРОЛЕТНО КАСТРЕЊЕ НА ДЕЛ ОД ДРВОРЕДОТ НА УЛИЦАТА „ТИКВЕШКО ВОСТАНИЕ“

Организационата единица „Паркови и зеленило“ при Јавното претпријатие „Комуналец“ Кавадарци деновиве изведува активности на редовно пролетно кастрење надрворедите.

Овој пат се работи на дел од стариот дрворед на улицата „Тиквешко востание“ каде вработените од „Комуналец“ извршија кастрење на оштетените и стари гранки од дрвата. Беа отстранети и наведнатите гранки над улицат кои пречеа при нормалното одвивање на сообраќајот на автобусите и камионите.

Оваа акцијаима за цел да ги „подмлади“ дрватаи да го подобри естетскиот изглед на дрворедот.

ПРЕРЕДУВАЊЕ НА ПЛОЧКИ НА ДЕЛ ОД ТРОТОАРОТ НА УЛ „СТРАШО ПИНЏУР“

Општината продолжува со реализација на проектот од комуналната изградба кој се однесува на санација на тротоарот од улицата „Страшо Пинџур“.

Оперативата на фирмата „Павер трејд“ деновиве  работи на прередување на плочките на делот од тротоарот помеѓу првиот триаголник и спојот со улицата „Ило Костов“.

Притоа оштетените плочки се отстрануваат, а здравите се вградуваат во санираниот тортоар. На местото на оштетените плочки се поставуваат сочувани исти такви кои беа извадени при неодамнешните активност од  реконструкцијата на тротоарот кај спојот на улиците „Тиквешко востание“ и ул. „Миле В‘чков“, каде беа поставени бекатон коцки.

ОБЈАВА број 1/2018 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање во општина Кавадарци

ОБЈАВА број 1/2018 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање во општина Кавадарци

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

1.Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, ,предвидено со ДУП за дел од УБ 10 К Опитно Поле 3 2013-2018, донесен со Одлука на Општина Кавадарци број 08-141/12 од 21.01.2016 година, за изградба на објекти со намена А2 – домување во станбени згради (компатибилна класа на намена Б1,Б4, В3, Д3-40% – мали комерцијални и деловни намени) согласно Табеларен преглед 1 во кој се дадени податоци за градежните парцели, број на катастарски парцели опфатени со градежните парцели, намена на градба, максимална висина до венец, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.

ОБЈАВА број 1/2018 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија