Вести

All Blog Posts

Надлежности

Совет на општината

Општинскиот Совет е највисокиот орган на одлучување за сите барања во рамките на правата и должностите на општината.

Надлежности на Советот:

  • Донесува Статут на општината и други прописи;
  • Донесува буџет на општината и годишна сметка на Општината;
  • Ја утврдува висината на сопствените извори на приходи за финансирање на општината, во рамките утврдени со закон;
  • Основа јавни служби во рамките на надлежноста на Општината и врши надзор над нивната работа;
  • Именува членови на управните одбори на јавните служби кои ги основа;
  • Усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби кои ги основала Општината;
  • Ги усвојува извештаите за извршување на буџетот и годишната сметка на Општината;
  • Одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење, во согласност со законот;
  • Ги усвојува извештаите за работа и годишните сметки на јавните служби, кои ги основала Општината;
  • Одлучува за начинот за располагање на сопственоста на Општината;
  • Одлучува за начинот на вршење на финансиска контрола на Буџетот на Општината, во согласност со законот;
  • Го избира лицето кое раководи со подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во општината, во согласност со законот;
  • Го разгледува и усвојува годишниот Извештај за јавната безбедност на подрачјето на Општината кој го доставува до министерот за внатрешни работи и народниот правобранител;
  • Може да дава препораки на раководното лице на подрачната единица на Министерството за внатрешни работи од областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот и
  • Врши и други работи утврдени со закон.

Делувањето на Советот на општината е во согласност со Законот за локална самоуправа и Статутот на општина Кавадарци.

 

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН (ReLOaD)

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН (ReLOaD)

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ВО ПАРТНЕРСТВО СО ПРОГРАМАТА ЗА РАЗВОЈ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ (УНДП) ОБЈАВУВА:

 

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН (ReLOaD)

 

Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) е финансирана од Европската унија и ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во шест земји/територии од Западен Балкан. Проектот ќе трае до јануари 2020 година и ќе има за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјте од Западен Балкан во Европската Унија преку јакнење на граѓанското општество за негово активно учество во процесот на денесување одлуки.

Со проектот ReLOaD е предвидено да бидат вклучени 5 општини во земјава: Струмица, Ресен, Кавадарци, Гостивар и Куманово.

Општина Кавадарци и проектот ReLOaD ги повикуваат сите граѓански организации во земјава да поднесуваат предлог проекти кои се доследни на развојните цели на општина Кавадарци и со кои се опфатени следните приоритетни области:

1. Родова еднаквост

2. Негување на културата и културното наследство

3. Заштита на животна средина

4. Претприемништво,

5. Социјална инклузија

Износот на средства за одобрени проекти ќе се движи од 307.000,00 МКД до 1.845.000,00 МКД .

На граѓанските организации им е дозволено да поднесат повеќе од еден предлог проект, доколку вкупниот доделен износ не надминува 3.690.000,00 МКД за целото времетраење на проектот ReLOaD  (до јануари 2020). 

Општина Кавадарци и УНДП го задржуваат правото да не ги доделат расположливите средства доколку предлог проектите не ги исполнуваат зададените критериуми. Проектите може да бидат со времетраење од 6 до 8 месеци. Избраните проекти мора да се спроведат во периодот од мај 2018 до декември 2018.

Важно соопштение: Повикот за доставување на апликации се продолжува до 17.04.2018 година до 15:00 часот.

Јавен повик

 

Релоад документи

 

НОВ КРУЖЕН ТЕК КАЈ МОСТОТ НА УЛИЦАТА „БЛАЖО АЛЕКСОВ“

Општина Кавадарци стартуваше со реализација напроектот „нов кружен тек“ на улицата „Блажо Алексов“ на спојот соБулевар „Видое Смилевски“.

Фирмата „Градба промет“ со својата оператива деновиве работи на подготовка на теренот каде требе да се изгради побезбедно сообраќајно решениеза овие фрекфентни улици во кои се приклучува значаендел од патниот сообраќајво градот, поточно влезот одправец на Неготино.

На сегашната раскрсница кај мостот „Белка“ ќе се формира кружен тек со рабници. Проектот предвидува на овој потег вадење на стариот асвалт, спроведување подземна инсталација на сите надземни кабли, а потоа  два слоја на нов асвалт.

Со ова сновосообраќајно решение ќе се создададт услови за оптимална безбедност на возилата и пешаците воовој дел од градот.

ИВИЧНИЦИ И ТАМПОН НА ул „ДИСАНСКА“ -СПОРЕДНА

Продолжија работите на изградбата на крак од улицата „Дисанска“ над градскиот стадион. Оперативата на неготинската фирма „Инвест груп“ денеска и вчера работеше на тампонирање, како и на поставување на ивичници низ целата должина на улицата. Со ова практично се оформи подлогата на која деновиве ќе следи поставувањето на бекатон коцките на 110 метри должина и вкупна површина од 550м2. Со овој зафат општината ќе им овозможи урбанизиран пристап на жителите од повеќето куќи од овој дел на населбата „Парк“.