Доставување на Б – интегрирана еколошка дозвола
До Општина Кавадарци доставено е барање за Б-интегрирана дозвола на фирмата ЕНЕРГО МАКСИСТЕМ ДОО-Скопје за дејност БЕТОНСКА БАЗА .
Сите засегнати странки документите за Б-инсталацијата можат да ги видат во соба 14 Општина Кавадарци во периодот од 02-05-2017 до 09-05-2017 год од 09-00 до 12-00 часот.
Урбан Инвест Б-Дозвола
Предмет: Барање за добивање на дозвола за усогласување со оперативен план за
инсталација која врши активност од Уредбата , Прилог 2
Интегрирано спречување и контрола на загадувањето
Инсталација: УРБАН ИНВЕСТ ДОО Грков Јован с. Возарци, Општина Кавадарци
Фондацијата Елена Лука објавува оглас за самохрани мајки за поддршка за започнување на сопствен бизнис или проширување на веќе постоечкиот
Фондацијата Елена Лука објавува оглас за самохрани мајки за поддршка за започнување на сопствен бизнис или проширување на веќе постоечкиот од следните општини: Скопје, Прилеп, Штип, Радовиш, Кавадарци. Во рамки на проектот ќе бидат поддржани 5 самохрани мајки со по 100.000 денари.
Јавен оглас за самохрани мајки
Заинтересираните самохрани мајки се поканети и охрабрени се пријават на јавниот оглас за добивање на неповратна поддршка во износ од 100.000 денари.
Критериуми за аплицирање
- Самохрани мајки кои сакаат да започнат сопствен бизнис или да го унапредат веќе постоечкиот;
- Самохрани мајки со деца на возраст до 26 години;
- Државјани на Република Македонија
Опис на поддршката
Поддршката ќе се состои во набавка на техничка опрема, материјали за работа или обезбедување обуки. Краен рок за аплицирање е 08 мај 2017.
ОПШТИНАТА ПОМАГА И ВО ДУХОВНИОТ ЖИВОТ НА ГРАЃАНИТЕ
Општината под раководство на градоначалникот Александар Панов во склад со своите можности и овластувања активно помага и во одвивањето на Духовниот живот во градот и општината.
Согласно изборната програма 2009-2013 година беше предложен проект за изградба на нова соборна црква, како придонес на локалната самоуправа во збогатување на црковниот живот.
Општината во соработка со МПЦ, бизнис заедницата и граѓаните Донираа сретства со кои се изгради Соборната црква Света преподобна Параскева– Св.„Петка“.
Овој нов храм е дело на архитект Трајче Грков, го ѕидаа македонски нејмари каменорезци од тајфата на мајсторот Ристо Грозданоски од Мала Преспа, додека фрескоживописот кој сеуште е во фаза на живописување е дело на авторот Павел Апостоловски. Локацијата ја обезбеди Општината, а парите во најголем дел се донација од ФЕНИ Индустри, Кожувчанка, Градба Промет и останатиот бизбнис сектор од Кавадарци, како и од граѓаните.
Денсека црквата која плени со својата убавина е средиште на духовниот живот на православните христијани. Општина Кавадарци има донирано и сретства за реконструкција и зачувување на останатите цркви и манастири во општината. Во соработка со надлежните институции општина Кавадарци помогна во реконструкции на Полошкиот, Моклишкиот и Бошавскиот манатсир.
Општината донираше и во зафати на покриви, поплочување, пристапи и други зафати на црквите во селата: Марена, Сопот, Возарци, Бегниште, Мрежичко, Клиново, Драгожел. Општината помогна и во изградбата на новата црква во селото Брушани, а донираше и помала помош во други верски објекти во руралниот дел.
Во неколку наврати Општина Кавадарци има донирано и за обновување на џамијата во Кавадарци, како и во обезбедување на инфраструктура и пристапни патекиод бекатон до муслиманските гробишта на „Тепето“.

