Вести

All Blog Posts

Џаламарите  од повеќе кавадаречки села денеска ги бркаа лошите духови

Џаламарите од повеќе кавадаречки села денеска ги бркаа лошите духови

Со џаламарско оро џаламарите  од повеќе кавадаречки села денеска ги бркаа лошите духови.  Василичарските огнови од синоќа беа распламтени во Бегниште, Ресава, Дреново и село Сопот.  Таму  традиционално на празникот Василица се дава најголемо внимание.

Во селото Дреново жителите беа покрај огнот, а џаламарите ги посетуваа куќите на своите соселани. Невестата беше дарувана со пари, останатите од џаламарската дружина добиваа и други подароци, храна и пијалоци. Се верува дека вревата која ја прават со клопотарци ги брка лошите духови од селото.

Во посета на Дреново денеска беше и градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов. И тој ја даруваше невестата и на сите граѓани им ја честита Православна нова година.

Жителите на село Дреново раскажуваат дека џаламарската традиција во селото е присутна од дамнина. И најстарите жители паметат за овие обичаи, а помладите раскажуваат за василичарската традиција во селото.

Василичарски свечености со џаламари имаше и во селата Бегниште, Ресава и Сопот.

Василица по традиција одбележана во детската градинка Рада Поцева Кавадарци

Василица по традиција одбележана во детската градинка Рада Поцева Кавадарци

Секоја година во еден од работните објекти на градинката се пали василичарскиот оган околу кој дечињата ги пеат песните преку кој бараат од Василе да се сили здравјето, лозјето и домот. И оваа Василица најмладите од детската градинка Рада Поцева Кавадарци беа доследни и верни на традицијата. Околу оганот во дворот на работниот објект Изворче се радуваа дечињата од средната и големата група. Ги пееја песните си посакуваа убави желби. Радоста со нив и годинава ја сподели градоначалникот Александар Панов придружуван од претседателот на Советот Горица Пеливанова Вилхелм, советникот Анита Гинова Каракутова и секретарот Ќире Делов. Засладени од скромните подароци од гостите,  денеска тие повторно му се радуваа на василичарскиот оган. Дел од нив целосно препуштени на Василица на себе ги имаа и маските карактеристични за џаламарите, па ја искористија можноста трчајќи оголу оган да ги избркаат и злите духови.

Градоначалникот Александар Панов истакна дека  традицијата на детската градинка на Василица да се собираат околу огнот е вистинскиот начин од најмали нозе децата да се запознаваат со православната христијанска традиција и корените на своите родители и предтци. Општината безрезервно ја поддржува оваа традиција и начинот на воспитување на младите генерации.

За директорката на кавадаречката градинка Снежана Ганчева традициите се дел од навиките на кој децата се учат од мали нозе, а оваа установа 3 местото каде таа се почитуваат и негуваат со години. Не само за Василица градинката е верна на сите православни празници и иницијатор дечињата освен модерните методи на образование да ја следат и древната традиција на македонскиот народ, потенцира Ганчева.

 

СОЦИЈАЛНИ ПАКЕТИ ДОНАЦИЈА ОД НЕКОЛКУ МАРКЕТИ И ОД ОПШПТИНАТА

СОЦИЈАЛНИ ПАКЕТИ ДОНАЦИЈА ОД НЕКОЛКУ МАРКЕТИ И ОД ОПШПТИНАТА

Во духот на христијанството и празниците кои се зад нас и кои следуваат , денеска во Спортската сала „Јасмин“ Градоначалникот Александар Панов додели 70 социјални пакети на исто толку повеќе члкени семејства корисници на социјална помош. Списокот беше изготвен од страна на Центарот за социјални работи Кавадарци, а донацијата од прехранбении пакети ја сочинуваа производи што ги подарија маркетите: Мин-екс, Дијана, Тд-Тд и Кит-Го.

Ова е четврти пат како општината и маркетите по повод новогодишните и божиќните празници ја споделуваат хуманоста со социјално загрозените семејства во општината.

Искажувајќи благодарност кон донаторите градоначалникот Панов повика на поголема хуманост Имено и познато е дека, по повод вакви празници, но и во други прилики храната ја фрламе во контејнери. За да го скратиме патот, и наместо во контејнери, сакам да апелирам, храната организирано да ја доставиме до луѓе на кои им е потребна, со посредствие на ЛС или пореку Центарот за социјални работи. На тој начин храната ќе дојде до оние на кои им е потребна, особенио сега во зимските денови. Со тоа барем на ден два би им го разубавиле животот на тие луѓе, вели Панов.

Тој посочи дека паралелно со хуманоста во 2016 општината ќе работи на создавње услови за отворање нови работни места и намалување на бројот на социјалните случаи.