Вести

All Blog Posts

КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ЕДНОКРАТЕН НАДОМЕТОК ЗА КОФИНАНСИРАЊЕ НА 30 СТУДЕНТИ ЗАПИШАНИ НА ДИСПЕРЗИРАНИТЕ СТУДИИ СО СЕДИШТЕ ВО ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ЕДНОКРАТЕН НАДОМЕТОК ЗА КОФИНАНСИРАЊЕ НА 30 СТУДЕНТИ ЗАПИШАНИ НА ДИСПЕРЗИРАНИТЕ СТУДИИ СО СЕДИШТЕ ВО ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

Општина Кавадарци согласно програмата за унапредување и развој на образованието преку „Кавадаречка фондација“ доделува еднократен надоместок за студенти кои ќе се запишат на дисперзираните студии во општина Кавадарци. Апликантите треба да ги исполнуваат условите од конкурсот кој го објавуваме подоле на нашата веб страна.

Во пресрет на денот на дрвото 2015

Во пресрет на денот на дрвото 2015

Под мотото „Садиме заедно за нас“ утре во Макеоднија ќе се реализира уште една акција „Ден на дрвото“. Ќе се пошумува на повеќе локации, а денеска во пресрет на акцијата се садеа садници пред новиот храм во Кавадарци посветен на Света Петка. Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов како вовед во акцијата засади дрво „Јапонска цреша“заедно со  претставниците на фондацијата „Ден на дрвото“ ЈП „Македонски шуми-Бор“, претседателот на одборот за градба на црквата Митко Јанчев како и свештеници од МПЦ повардарска епархија- храм Кавадарци.Градоначалникот Александар Панов упати апел до сите граѓани утре да се вклучат во акцијата и да го дадат својот придонес во подигнувањето на нови шуми.

„Ние денеска ова го правиме симболично, а утре цела околина на Кавадарци ќе биде засеано со нови садници. Апел до сите граѓани да го искористат утрешниот неработен ден и да засадат барем едно дрвце. Кавадарци има 35.000 жители и ако секој засади само по едно е сосема доволно,  и тоа ако се мултиплицира со многу години ќе добиеме многу поразлична слика. Овој наш рид Љубаш некогаш бил со дабова шума, но поробуивачите на Македонија и Кавадарци  безмилосно ја сечеле и продавале во Европа. Така да таа неправда во минатото имаме обврска да ја надоместиме за сите ониешто доаѓаат после нас, бидејќи земјата ја позајмивме од нив.“ рече градоначалникот Панов.

Професорот Томе Лисичанец е одговорен за реализација на акцијата во Кавадарци. Оценува дека досега одржаните акции го даваат очекуваниот резултат.

„Во утрешниот ден ќе бидат опфатени локации кои и во минатите години беа застапени, Калница од каде се напаѓа градот со порои, околу новите хидроцентралки ќе има извесни површини за заштита на цевоводите и на централите, Тисовец над Возарци и Фени и дел од Сирково. И покрај многуте критики мислам дека успешноста на акциите  е многу голема. Младите ги подигаат тие шуми за својата иднина, а родителите за своите деца. Тие што сега подигаат шуми нема да бидат нивни уништувачи“ рече професорот Лисичанец.

Во Кавадарци утрешната акција ќе се реализира со целосна логистичка подршка од „Македонски шуми“ подружница „Бор“ Кавадарци. Според оперативниот план изготвен утре ќе се сади на следните локации: „Велова чешма“ кај селото Мрзен Ораовец, потоа на „Калница“ кај Ваташа, месноста „Тисовец“ и кај „Моклишкиот манастир, по трасата на 5 мали хидроцентрали

„Според проекцијата која е првидведена за Кавдарци ќе се пошуми површина од 50 ха. ЈП Македонски шуми со своите вработени активно ќе се вклучи во акцијата. Нешто повеќе од 200 илјади садници од различни видови ќе бидат посадени во текот на утртешниот ден“ рече претставникот на Македонски шуми.

На територијата на општина Кавадарци во акцијата треба да бидат засадени вкупно 146.000 садници  на дрва од видовите багрем, јавор, јасен и чемпрес.

Благослов за акцијата дадоа и свештениците од МПЦ.

Организирано во акцијата ќе учествуваат ученниците од средните училишта, Локалната самоуправа и граѓанството. Основните училишта на денот на дрвото ќе работат во училишните дворови додека средношколците од Гимназијата ќе садат дрва на голините на „Тисовец“, од земјоделско шумарското училиште во месноста „Калница“, каде е предвидено дрвја да садат и граѓаните кои ќе се вклучат во акцијата, додека учениците од индустриското ќе садат дрвја кај селото Мрзен Ораовец.

Вработените од Локалната самоуправа акцијата ќе ја спроведат со садење дрва на трасата од цевководот за мини хидроцентралите кај Моклишкиот манастир.

Оштина Кавадарци  и здружението “Чекор кон Европа” Вe покануваат на јавна расправа по предлог програмата за Комунално  уредување

Оштина Кавадарци и здружението “Чекор кон Европа” Вe покануваат на јавна расправа по предлог програмата за Комунално уредување

Оштина Кавадарци  и здружението “Чекор кон Европа” Вe покануваат на јавна расправа по предлог програмата за Комунално  уредување ,  предлог програмата за Локален Економски Развој и Буџетот на општина Кавадарци за 2016 година.

Јавните расправи се организираат како  активност  во рамките на проектот ,, Нашите Пари Наша Одговорност” Финансиран од Амбасадата на САД во Република Македонија.

Средбите ке се одржат во Големата сала на Општина Кавадарци.   Детален распоред на датумот и часот на оддржување на јавните расправи е дадена во прилог.

Го очекуваме Вашето присуство и придонес во изготвувањето на поквалитетни програмски решенија усогласени со реалните барања на граѓаните на општина Кавадарци.

 

Распоред на орджување средби со граѓаните
Започна новогодишното украсување

Започна новогодишното украсување

Денеска Општината Кавадарци започна со новогодишното украсување на централното градско подрачје. Освен  градскиот плоштад каде ќе се постави централна елка како, со новогодишни светилки ќе бидат украсени и  стариот кружен тек, потоа ул. „Илинденска“ во делот на БИТ зоната. Новогодишни украси ќе се постават и на ул. „Тиквешко Востание“ до првиот триаголник,  како и на ул. „Мито Хаџи Василев- Јасмин“ до спојот со ул „Пано Мударов“.  Со новогодишни светлечки украси ќе се уреди и ул „7 Септември“ до мостот кај „Јаворот“.

За оваа намена општината од оперативниот Буџет годинава одвојува 1.200.000 денари. Односно 3 пати повеќе од претходните години кога се инвестираа по 300.000 денари.

Новина е тоа што за разлика од претходните години кога Општината сама набавуваше новогодишни светлечки украси кои потоа неславно завршуваа, оваа година за првпат прку јавна набавка е одбрана фирма од која ќе се изнајмат светлечки украси. Станува збор за специјализираната фирма за вакви работи „Линк Меиа Плус“ од Скопје која има обврска до 10 декември 2015 година да ги украси наведените јавно прометни површни, а во периодот од 20 до 30 јануари 2016 година да ја острани украсната и светлосната декорација.

На овој начин Општината ќе обезбеди украсување и светлосно декорирање на централното градско подрачје и на Плоштадот во духот на модерното време и живеење, со високи естетски, уметнички и ликовни ефекти, запазувајќи при тоа унифициран концепт на целиот простор, а градот во свечено руво ќе ги пречека престојните новогодишни божиќни празници.

 

Проект за подобрување на општински услуги – МСИП

Проект за подобрување на општински услуги – МСИП

Република Македонија доби кредит од Меѓународната банка за обнова и развој (IBRD), за спроведување на Проектот за подобрување на општински услугите (МСИП) и има намера дел од добиените средства од овој кредит да ги искористи за плаќања по договор за „Енергетска ефикасност во основни и средни училишта во општина Кавадарци. Општина Кавадарци ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат „Енергетска ефикасност во основни и средни училишта во општина Кавадарци.