Вести

All Blog Posts

Потпишани договорите за првата термо фасада во центарот на Кавадарци

Потпишани договорите за првата термо фасада во центарот на Кавадарци

Зградата на улицата „Пано Мударов“ во Кавадарци, позната како „комбинатска“ е првата која ќе има нов лик. Ќе добие термо фасада, ќе се менува покривот и столаријата. Овие активности се дел од проектот за енергетска ефикасност што локалнатга самоуправа го реализира во соработка со Хабитат Македонија, подржани од УСАИД. По заседавањето на комисијата апликацијата ос дтанарите на оваа зграда е прифатена, а со  заем ќе биде реконструиран објектот.

„Овој проект го почнавме пред една година. Следеа подготвителни дејства за запознавање на граѓаните. Освен зградите на „Илинденска“ опфатени се и други згради на други улици. Постапката за првата поголема зграда од комисијата е веќе таргетирана. Овде ќе се работи на термо фасада и промена на кровот. Очекувам во наредниот период интерес и од станарите во другите  згради и полека зградите кои го даваат ликот на Кавадарци да го менуваат својот лик, но и станарите да трошат помалку енергенси за затоплување“ рече градоначалникот Александар Панов.

Станарите од зградата каде ќе се врши реконструкција деновиве имаа состанок со градоначалникот Алексасндар панов, со претставниците на секторот за локален економскли развој од локалната самоуправа, како и со лица од Хабитат Македонија и УСАИД. Тие можеа да се информираат за начинот на отплата на заемот и времето на реализација на проектот.

Претставникот на Хабитат во изјавата за КТВ рече дека откако ќе се аплицира по овој проект се одлучува кој од кандидатите ги исполнуваат условите за овој проект.

„Зградите аплицираат кај нас, по овој проект за поставување на термо фасада,  промена на кров, промена на старите со нови прозорици. Голем дел од проектот подржува и обновување на работата на заедницата на сопственици или поранешните куќни совети“ рече  Андреј Апостолски од Хабитат Македонија.

 

Со полагање на свежо цвеќе пред бистата на Страшо Пинџур во неговата Спомен куќа во Ваташа и со свечена академија

Со полагање на свежо цвеќе пред бистата на Страшо Пинџур во неговата Спомен куќа во Ваташа и со свечена академија

Со полагање на свежо цвеќе пред бистата на Страшо Пинџур во неговата Спомен куќа во Ваташа и со свечена академија, во Кавадарци на достоинствен начин се одбележа стогодишнината од раѓањето на народниот херој Страшо Пинџур.

Градоначалникот Александар Панов, претседателот на Советот на општина Кавадарци, Горица Пеливанова Вилхелм, членови на советот на општината, претставници од Музеј галеријата на град Кавадарци, месниците заедници, сојузот на борци и од основното училиште „Страшо Пинџур“ од Кавадарци, поклонувајќи се пред бистата на Страшо Пинџур уште еднаш ја искажаа својата почит кон големиот тиквешки и македонски херој.

Одбележувањето на роденденот на Страшо Пинџур продолжи со богата историско-културно-уметничка програма во преполниот Дом на културата „Иван Мазов – Климе“. Актерот Диме Коцевски читаше извадоци од „Дневникот“ на Страшо Пинџур, а професорот по историја Мики Камчевски зборуваше за животниот пат на Страшо, предизвиците кои го следеле уште од мали нозе кога останал без татко и во грижа на својата баба Наца, ученичките денови, дружењето со Димката Ангелов – Габерот и неговото погибие.

Градоначалникот Панов во своето обраќање искажа огромна почит кон ликот и делото на народниот херој Страшо Пинџур. Притоа постави релација на континуитетот на патриотскиот дух на семејството Пинџурови, од неговите ппретци, прку татко му Диме Пинџуров истакнат револуционер и ваташки војвода, баба му наца Пинџурова, храбрата жена која со својот дух и разумност го крепела семејството во најтешките моменти когас Страшо останува без татко, па до големиот патриотски и херојски чин на Страшо Пинџур.

Зборувајќи за денешниот патриотизам, Александар Панов борбата на оваа генерација кавадарчани ја насочи во правец на обезбедување на економски просперитет, квалитетно образование, здравство и севкупен развој на општината и општеството.

Свечената академија продолжи со настап на ученици од општинското основно училиште „Страшо Пинџур“ од Кавадарци, професори репродуктивци од музичкото и балетско училиште „Лазо Мицев – Рале“, со музичките точки на Ангел Тотов, Пешо Бошков, Стево Волчев, Горан Јанев и Радица Димова.

 

Општина Кавадарци во подготовки за решавање на проблемот со квалитетот на водата од Лукар

Општина Кавадарци во подготовки за решавање на проблемот со квалитетот на водата од Лукар

Општина Кавадарци во соработка со општините Неготино и Росоман интензивно работи на решавање на проблемот за подобрување на квалитетот на водата за пиење од регионалниот водовод „Лукар“.

Денеска во кабинетото на градоначалнникот Александар Панов,  во присуство на неговиот колега Ванчо Апостолов градоначалник на Неготини,  директорот на ЈП „Комуналец“ Илија Атанасов, како и раководителот на „Водовод и канализација“ Марјан Прескакулев, стручна екипа на специјализирана фирма од Велика Британија и консултант од Унгарија извршија презентација на механички филтри за прочистување на водата.

Станува збор за стручен тим кој има искуство во прочистувањето на изворските води во Макдедонија кои имаа соработка со компаниите Кожувчанка, Горска и други производителки на вода во шишиња. Тие своите производи и начинот на нивното функционирање го претставија пред надлежните.

Градоначалникот Панов во врска со денешната средба изјави дека таа е само континуитет во напорите на општината за решавање на деценијскиот проблем со водоснабдувањето. Во тој правец Панов вели: „ Предминатата година го решивме проблемот со рестрикциите, поставувајќи го „Скада “системот за автоматско регулирање на притисокот и протокот на вода во градската водоводна мрежа. Доведовме алтернативен цевковод и филтер станица за дополнителни 200литри вода во секунда, со што дефинитивно кавадарчани се збогуваа со редукциите и недостигот на вода за пиење. Во моментов работиме на подобрување на квалитетот на водата од „Лукар“. При крај се работите на целосна реконструкција на постојните филтри за прочистување на водата од Стара река и изворот Косматец. Денешната презентација има за цел да се зафатиме и со решавање на најнепријатниот проблем, а тоа е со квалитетото на водата за пиење, односно сезонското нејзино заматување кое доаѓа од зафатите на изворите Лукар 1 и Лукар 2. Во најскоро време ќе започнеме со поставување на механички филтри со кои повеќе нема да има заматување на водата од системот „Лукар“. Овој проект ќе го работиме заедно со општините Неготино и Росоман кои исто така ја користат водата од регионалниот водовод. Со тоа граѓаните дефинитивно покрај редовно квантитативно ќе имаат и целосно квалитетно водоснабдување“, рече Панов.

Прием за наградените на дестскиот фестивал „Златна пахуља“

Прием за наградените на дестскиот фестивал „Златна пахуља“

Градоначалникот Александар Панов приреди прием за Тиана Коцева и Љупче Каракутовки млади талентирани деца пејачи кои како претставници на општина Кавадарци фестивалот „Гроздоберче“ и Македонија, учествуваа традиционалниот меѓународен детски музички фестивал „Златна пахуља“ кој по 23 пат се одржа во збратимениот град Рожаје Република Црна Гора.

Младите кавадаречки интерпретатори се добитници на Споецијалната награда „Златна пахуља“ за интерпретација на песната „Нашите желби“.

Градоначалникот се интересираше за настапот на малдите на фестивалот како и за приемот од страна на нивните домаќини. Панов уште еднаш ја потврди својата посветеност и односот кон талентираните и успешни деца кои секогаш ги помага и стимулира за нови успеси. Притоа на Тиана и Љупче им подари по еден медаљон со ликот на легендарниот  кавадаречки и македонски интерпретатот Никола Бадев. За возврат од своите млади гости доби аудио ЦД со детски песнички.

Веднаш по средбата градоначалникот изјави дека тој и општината се горди што уште еднаш деца од Кавадарци повеќе од успешно ја претставија нашата култура и Република Македониоја на престижен фестивал на кој освен деца од Црна Гора настапија двајцата кавадарчани, и се напреваруваа и дружеа со свои врсници од србија, Хрватска, Албанија, Холандија , Романија и Франција.

Отворен ден на Управата за имотно правни работи

Отворен ден на Управата за имотно правни работи

Министерството за финансии-Управа за имотно правни во трекот на месец март 2015 година ќе ја спроведува акцијата „Отворено со управат за имотно правни работи“.  Акцијата се реализира во рпосториите на подрачните одделенија на управат ширим Македонија. Заинтересираните странки се примаат во времето од 08:30 до 17:30 часот согласно однапред утврдениот распоред.

Ваква акција се организираше во општината Кавадарци, каде денеска престојуваше стручна екипа од Ѕправата за имотно правни работи на чело со директорот  Зоран Крстаноски.

На заинтересираните кавадарчани тие им беа на располагање со нивните знаења и искуства. За целта на акцијата на Министерството за финансии и Управата нејзиниот директор Крстаноски изјави: „На овој начин сакламе да им излеземе во пресрет на граѓаните преку непосредна комуникација со нашите тимови, да добијат стручна помош за решавање на нивните проблеми од имотно правен карактер. Со општината Кавадарц имаме извонредна соработка по сите основи кои не поврзуваат,а тоа е од взаемна корист, пред се на граѓаните.

Директорот Крстаноски оствари и работна средба со градоначалникот на општината Александар панов, при што во неговиот кабинет ја оценија досегашната соработка и разговараа за наредните проекти.

Градоначалникот Панов во изјавата соопшти дека општината би тој се презадоволни од досегашната соработка со подрачната канцеларија со која физички ја дела и зградата на општината. Но пред се најзначајно е тоа што ние како општинскас администарција постојани излегуваме во пресрет со нашиот стручен кадар и опрема, а таков беше случајопт и при организирањето на средби со граѓаните, како и излегувањето нантерен на самото место на имотите чи треба да се опфатат при изградбата на ескпресниот пат Градско – Прилеп којво голем дел од својата траса минува низ територијата на општината Кавадарци, а сопствениците на имотите кои се експроприираат се наши граѓани“.

Десетици граѓани во рамките на отворениот ден имаа можност во просториите на регионалната канцеларија Кавадарци да ги изложат своите проблеми и да добијат корисен бесплатен и стручен совет за прашањата кои ги мачат околу нивните имотно правни работи.