Вести

All Blog Posts

ПРЕДАДЕН ВО УПОТРЕБА ПАТОТ ЛАДНО ДОЛЧЕ-СТРАГОВО-КРЊЕВО

ПРЕДАДЕН ВО УПОТРЕБА ПАТОТ ЛАДНО ДОЛЧЕ-СТРАГОВО-КРЊЕВО

Патниот правец Ладно Долче-Страгово-Крњево кој беше асфалтиран во летните месеци, денеска беше свечено предаден во употреба од премиерот Никола Груевски.

Беше извршена  реконструкција во должина од  5,35 км,  зголемена е широчината за 5,50 м,а  а направени се и  банкини.  Реконструкцијата на овој пат чинеше 46,5 милиони денари.

„Локалните патишта се од големо значење за општините. Продолжуваме да ја подобруваме патната инфраструктура. Интервениравме на неколку патни правци во овој дел од државата. Од денеска започнуваме со изградба на 46 локални патни правци во 38 општини во вкупна должина од 57 км со вредност од 7,2 милиони евра. Изградбата на овие патни правци  ќе заврши до крај на годината“ рече директорот на ЈП за државни патишта Владко Мисајловски.

„Изградивте Швајцарија на балканот премиере. Во овој дел ни се развива сточарството. Се надевам дека за еден месец ќе дојдете повторно да ги отвориме петте мини хидроцентрали. Ја давам целосната подршка на Вас и на Владата и на вашите политики,  кога е во прашање ренесанската која неколку години ја доживуваме во Кавадарци. Овие инвестиции во патната инфраструктура се досега незапамтени и мислам дека тоа е единствениот начин да се бориме против нашите политички неистомисленици. Тие немаат друга алтернатива освен да не напаѓаат и да се занимаваат со нешто што е најнизок порив,  а тоа е да ни ги прислушкуваат нашите разговори. Како локална самоуправа  ке работиме на што поеќе проекти да ја продлжиме ренесансата на Кавадарци“ рече во своето обраќање градоначалникот на Кавадарци Александар Панов

Премиерот Никола Груевски изрази задоволство од пуштањето во употреба на реконструираниот пат од месноста Ладно Долче кон селата Страгово и Крњево во кавадаречко. Тој нагласи дека патниот правец е од посебно значење за многу граѓани од регионот, особено поради тоа што е најзначаен спореден пат кон висорамнината Витачево.

„Патот е од секојдневна важност за повеќе села како Страгово, Крњево,  Чемерско, Бохула, Горна и Долна Бошава. Воедно, патот е од посебно значење и за шумското стопанство, локалните земјоделци и лозари, но и за сите граѓани кои одовде се упатуваат кон поволните излетнички места и посебно кон ски центарот Кожуф“, нагласи Груевски, додавајќи дека патот во изминатиот период беше во многу лоша состојба со ширина од 3 метри и со многу нерамнини и дупки.

Токму поради неговата лоша состојба во минатото, рече тој, сообраќајот се одвиваше отежнато, а возачите многу често се жалеа на безбедноста. Потребата од негова поправка и реконструкција, нагласи, беше неминовна.

„Ние како Влада издвоивме 46 милиони денари со кои се изведе комплетна реконструкција и проширување во должина од околу 5 километри. Градежните активности завршија минатата година и граѓаните веќе ги почувствуваа придобивките од овој пат“, рече премиерот Груевски.

Тој нагласи дека сега комуникацијата е побрза, а безбедноста поголема. Оваа реконструкција според него е дел од низата проекти за подобрување на патната инфраструктура во државата. Потсети дека претходно на територијата на општина Кавадарци беа извршени и други реконструкции на патишта како тој кон висорамнината Витачево, кон селата Ресава и Бегниште и патот од  Кавадарци кон Неготино на кој се планираат и дополнителни активности.

Груевски ја спомена и фабриката на „Дрекслмаер“ во која има 4.800 вработени со потенцијал за зголемување на оваа бројка за околу 400 до 500 работници. Со оваа инвестиција, додаде тој, се намали процентот на невработеност во Кавадарци. Се осврна и на винаријата „Стефан вајнери“ која, како што рече, влијае на подобрување на политиката при откуп на грозје. Најавени се, додаде, и други локални инвестиции кои ќе влијаат на локалната економија.„

Покрај „Дрекслмаер“ почнаа да доаѓаат и други компании кои се снабдувачи на германската фабрика, а кои дополнително вработуваат. Ние и понатаму ќе помагаме на Кавадарци и регионот како во патната инфраструктура така и во сите други сегменти од животот кои го прават животот на граѓаните поубав, а нашата земја помодерна, нагласи Груевски.

Совет општина Кавадарци  26

Совет општина Кавадарци 26

Советот на општина Кавадарци ја одржа 26-та седница на која беа донесени повеќе одлуки и програми. Советот го одреди за приоритетен проектот за изградба на фекална канализација во селото Бохула и одобри сопствено учество за аплицирање на овој проект. Во Бохула ќе се гради фекална канализација во должина од 1500 метри за што се потребни 4 милиони денари. Парите ќе се обезбедат половината  од Минситерството за локална самоуправа-Биро за регионален развој, а останатата половина  од буџетот на општината. Овие две одлуки добија едногласна подршка од присутните советници на седницата.

Со 10 гласа „за“, 6 „против“ и 2 „воздржани“ беше прифатена и одлуката за распределување на финасиски средства наменети за финасирање на проекти и програмски активности на здруженија и фондации. На оваа одлука амандманска интервенција имаше советникот Горан Белевски но неговиот амандман не беше прифатен од мнозинството. Тој бараше наместо 40 илјади денари, здружението на граѓани „Зона“ да добие 10.000 денари, а да се зголемат средтвата од буџетот од 15.000 на 30.000 денари за здружението за негување и развој на винската култура, вински туризам и производи од грозје „Винотек“ и од 10 илјади на 25 илјади да се зголемат парите за здружението на глуви и наглуви лица Кавадарци.  Според Белевски оваа измена била потребна за  парите да заминат кај здруженија на кои им биле навистина неопхоидни. Амандманот беше отфрлен со 10 гласа.

На денешната седница советот ја усови и одлуката со која се утврдува нацрт-урбанистичкиот план за селото Марена за период 2014-2024 година. Едногласно присутните советници  донесоа  одлука со која се прифатија предлозите за уписна политика за средните општински училишта во општина Кавадарци. Едногласно се усвои и волонтерската стратегија за општина Кавадарци за период 2015-2018 година. Советот одобри финансиски средства од буџетот  во висина од еден милион денари за набавка на столчиња за салата на домот на културата „Иван Мазов Климе“.

Одлуката за набавка на ново патничко возило за потребите на општината беше повлечена од градоначалникот, а се усвои вториот дел од истата кој опфаќа набавка на електрични колични за хендикепирани лица.

Утврдувањеро на потреба од донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајната инфраструктура беше одложено се до моментот кога ќе бидат усвоени и ќе стапат на сила законските измени. На денешната седница советот донесе одлука со која е утрвди потребата од донесување на нова урбанистичко планска документација за објекти кои се надвор од плански опфат и неколку други одлуки кои се поврзани со урбанистичко планска документација.

Со одлука на советот се направи измена и во програмата за уредување на градежно земјиште на просторот на општина Кавадарци за 2015 година, а измената е поради настанатите штети од елементарната непогода пропратена со обилни врнежи од дожд кои беа причина за рушење на потпорни ѕидовии појава на одрони и клизишта. Исто така се донесе и одлука за обештетување на граѓаните кои пријавиле штети од невремето со поројните дождови.

Пари од општината за НВО

Пари од општината за НВО

Со 10 гласови „за“, два „воздржани“ и 6 „против“, советниците од Советот на општина Кавадарци ја усвоија одлуката за распределба на финансиски средства наменети за финасирање на проекти и програмски активности на здруженија и фондации кои работата во општината.

Меѓународниот фестивал на детски и младински хорови, еколошкото друштво „Тисовец“ и невладината организација „Зона“ добија по 40 илјади денари финансиска подршка за своите активности од Буџетот на општина Кавадарци.

По 30 илјади денари добија: Здружението на граѓани за заштита и рехабилитација и организација на деца од општините Кавадарци, Росоман и Конопиште, општинскиот Совет за превенција од малолетничко престапништво на град Кавадарци, ПСД „Орле“, друштвото на ликовни уметници. Советот одлучи од Буџетот по 25 илјади денари да се издвојат за Народна техника, ОО на Црвен крст, здружението „Чекор кон Европа“ и здружението „Ликовна колонија Михајлово АРТ“.

Здруженијата „Васил Хаџиманов-Јуниор“, „Тиквешки роми“, здружението за развој, едукација и забава на децата со занаети и професии „Панчелито“, организацијата на жени „Визија„ локален центар за подршка на развојот и демократија и здружението за алтернативна култура „Алтер центар„ добија по 20 илјади денари. Исто толку од општинската каса ќе се трансферираат и на сметка на Сојузот на борците од народоноослободителната и антифашистичка војна.

За здружението на писетели, здружението за негување и развој на винската култура, вински туризам и производи од грозје „Винотек“, здружението за негување млади таленти „Ластарчиња“ и „Еко живот“ добија по 15 илјади денари. По само 10 илјади денари ќе добијат сојузот за спорт и рекреација на инвалиди Кавадарци. Здружението на глуви и наглуви лица, центарот за подршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“, и здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“.

Во образложението на одлуката се наведува дека врз основа на доставените проектни предлози од нелвадиниот сектор, комисијата за евалуација на поднесените барања врз основа на квалитетот на содржината и бенефитот од проектите на здруженијата и фондациите одлучила која организација по колку пари ќе добие од касата на општината.

16 меморијален фудбалски турнир – Вуко Каров

16 меморијален фудбалски турнир – Вуко Каров

По три години пауза, „бубамарата“ повторно се „тркалаше“ на градскиот стадион во Кавадарци во чест на Вуко Каров и кавадаречките фудбалски легенди.

Пред повеќе од 1000 вљубеници во фудбалот кои максимално го искористија топлото февруарско сонце да уживаат во ретката можност да уживаат во квалитетен фудбал, враќањето на традиционалниот меморијален турнир „Вуко Каров“ го поздравија претседателот на фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски и градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов, кои констатираа дека турнирот „Вуко Каров“ е еден од препознатливите белези на Кавадарци и на фудбаслска Македонија.

По поздравните говори, внукот на Вуко Каров, Тоше Каров и градоначалникот Александар Панов го изведоа почетниот удар и ја најавија фудбалската возбуда, која не изостана и покрај скратениот формат на натпреварување и различниот натпреварувачки ранг на екипите учеснички, Победа од Прилеп, Хоризнот Турново и домаќинот Тиквеш 2014.

Во првиот натпревар, играчите на Тиквеш 2014 докажаа дека не им е местото во четвртата лига, играјќи нерешено 1:1 против прилепска Победа која пролетва сериозно ќе атакува на влез во второлигашкото друштво. Јованов му донесе предност на Тиквеш 2014, но Тони Мегленски изедначи на 1:1.

Во вториот натпревар, Хоризонт Турново иако беше послаб противник во првите 20 минути од играта, сепак го искористи своето прволигашко искуство и со головите на Марков и Ташев си обезбеди триумф од 2:0. Идентичен беше резултатот и во третиот натпревар, во кој Ташев и Мавров погодија за Хоризонт во победата над Тиквеш 2014, иако резултатот можеше да биде многу поинаков доколку домаќините ги искористеа своите шанси.

Максималниот ефект на Хоризонт Турново ги промовираше во победници на шеснаесетиот меморијал, додека Победа и Тиквеш 2014 со идентичен скор во групниот систем го поделија второто место. Сосема очекувано играчите на Хоризонт Турново доминираа и во поединечните категории, па пехарот за најдобар стрелец на турнирот кој го доделува фамилијата Карови заврши кај Марјан Ташев, додека Митко Мавров беше прогласен за најдобар играч.

Уништено јавното осветлување во гратски парк „Љупчо Шкартов“

Уништено јавното осветлување во гратски парк „Љупчо Шкартов“

Деновиве главната пешачка патека во Градскиот Парк „Љупчо Шкартов“ како и платото пред Спомен костурницата се во темница.

Имено, по извршениот увид од страна на надлежните во Општина Кавадарци, денеска беше констатирано дека насилно се извадени и украдени 9 комплети ЛЕД светилки со проѕирни Опал топки. Овие светилки беа поставени есента 2013 година како дел од проектот за целосно осветлување на паркот и костурницата, а до сношти беа во функција на граѓаните.

Кражбата на светилките е извршена на потегот од влезот во паркот пред ресторанот „Бриони“ се до „Винската куќа“.

Со оглед на фактот дека делото е извршено под напон и насилно, со отшрафување на заштитните капаци на столбовите, а потоа и со корнење на каблите, вистинска среќа е што арамиите минале без струен удар. Насилното корнење на напонските кабли во канделабрите довеле и до нарушување на системот со електро снабдување па во 90% од  кабелот на подземната доводна линија поради кратко спој се загреаа и уништил, заради што е линијата е неупотреблива.

Штетата е предизвикана на главната линија поради што паркот и костиурницата ќе бидат во целосен мрак до санирање на дефектото преку премостување.

Денеска екипа на  фирмата концесионер која е надлежна за Јавното осветлување, работеше на отстранување на дефектото и оспособување на дел од осветлувањето во паркот

Но граѓаните ќе треба да имаат разбирање бидејќи за целосно нормализирање на состојбата со јавното осветлување во грдскиот парк ќе треба целосна реконструкција на оштетената делница од нисконапонската подземна линија.

Уништено јавното осветлување во гратски парк „Љупчо Шкартов“ Уништено јавното осветлување во гратски парк „Љупчо Шкартов“ Уништено јавното осветлување во гратски парк „Љупчо Шкартов“ Уништено јавното осветлување во гратски парк „Љупчо Шкартов“ Уништено јавното осветлување во гратски парк „Љупчо Шкартов“ Уништено јавното осветлување во гратски парк „Љупчо Шкартов“ Уништено јавното осветлување во гратски парк „Љупчо Шкартов“ Уништено јавното осветлување во гратски парк „Љупчо Шкартов“ Уништено јавното осветлување во гратски парк „Љупчо Шкартов“ Уништено јавното осветлување во гратски парк „Љупчо Шкартов“ Уништено јавното осветлување во гратски парк „Љупчо Шкартов“