Вести

All Blog Posts

Кавадарци доби современ градски пазар

Кавадарци доби современ градски пазар

После шест децении Кавадарци денеска и официјално го доби новиот градски зелен пазар. Изградбата траеше десет месеци и чини 105 милиони денари, пари што општина Кавадарци ги обезбеди преку заем од домашна банка.

Пазарот е еден од најсовремените во земјава. Покриен, опремен со современи тезги и разладни витрини.

ЈАВЕН ПОВИК за членови на иницијативен одбор за организација и оддржување на Локално Младинско собрание

ЈАВЕН ПОВИК за членови на иницијативен одбор за организација и оддржување на Локално Младинско собрание

Врз основа на член 36 од Законот за локална самоуправа ,  член 16, 17 и 18 од Законот за младинско учество и младински политики ( Сл.весник на РСМ бр.10/20, член 128-г од Статутот на Општина Кавадарци(Сл.гласник на Општина Кавадарци бр.8/05…..75/21), Советот на Општина Кавадарци распишува,

ЈАВЕН ПОВИК

За членови на иницијативен одбор за организација и оддржување на Локално Младинско собрание на Општина Кавадарци

 

1.ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ 

            1.1. Општина Кавадарци со Статутот предвидува формирање на Локален младински совет.

                Локалниот младински совет има советодавна и застапувачка улога во општината од делокруг на младински прашања и политики.

                Претставниците на локалниот младински совет имаат право да:

                -Предлагаат точки на дневен ред на Советот на општината кои ги засегаат младите;

                -Иницираат прашања за млади од делокруг на работа на општината;

                -Иницираат, учествуваат и даваат повратни информации за процесот на локалната младинска стратехија и други политики;

                -Доставуваат информации до општина Кавадарци за прашања кои се однесуваат на младите

                -Вршат други советодавни и застапувачки работи во согласност со закон.

 

                1.2. За конституирање на локалното собрание за млади се свикува иницијативен одбор, составен од членови кои ги исполнуваат условите да членуваат во собранието на млади.

                Иницијативниот одбор со решение го формира Совет на општина Кавадарци.

                Иницијативниот одбор е составен од пет члена и тоа младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студенски организации и други облици на младинско учество.

Иницијативниот одбор го распишува Јавниот повик за конститутивното Локално собрание на млади.

Со конститутивното собрание претседава најстариот член на иницијативниот одбор кој доаѓа од редот на младинските организаци.

                Мандатот на членовите на иницијативниот одбор трае само до одржување на конститутивното собрание на млади и по успешно одржување на првата конститутивна седница на Собранието на млади, истиот се распушта.

 

  1. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК

                На јавниот повик право на учество имаат претставници на младинските организации , организации на млади, ученички и студенски организации и други облици на младинско здружување кои се активни на територијата на општина Кавадарци.

                Критериуми кои треба да ги исполнуваат младите лица кои имаат желба и интерес да се вклучат во иницијативниот одбор :

                -да се жители на општина Кавадарци

                -да бидат на возраст од 15-29 години ;

                -да се креативни и поседуваат искуство во областа , работа со млади и младински организации.

 

                3.НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ  НА ПРИЈАВИТЕ

                Апликантите задолжително треба да ги достават следните документи:

                -мотивационо писмо

                -кратка биографија CV(во која задолжително ќе бидат наведени активностите за млади од минатите)

                – Портфолио за организацијата / групата/ здружението.

                – Писмо со номинација за член во Иницијативен одбор и контакт информации.

                Пријавите за членство во Иницијативниот одбор за конституирање на Собранието на млади на Општина Кавадарци се поднесуваат до Архива на Општина Кавадарци , секој работен ден од 11.04.2022 година до 21.04.2022 година  или по пошта со назнака ,, За јавен повик за свикување на Иницијативен одбор за организација и оддржување на Локално Младинско собрание на Општина Кавадарци.

            Јавниот повик ќе биде објавен на веб-страната на Општина Кавадарци и Огласната табла на Општина Кавадарци.

Соопштение за организирање на ПОВТОРНА Јавна Презентацијаи Јавна Анкета за УЕ 5, Блок 5.10, “Цветан Димов”

Соопштение за организирање на ПОВТОРНА Јавна Презентацијаи Јавна Анкета за УЕ 5, Блок 5.10, “Цветан Димов”

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член  50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програма за изменување и дополнување на Програма за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2021 година, Глава II, Точка 4, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на ПОВТОРНА Јавна Презентацијаи Јавна Анкета

По Детален урбанистички план  за УЕ 5, Блок 5.10, “Цветан Димов”, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци.

 

Граници на планскиот опфат се :

–        од северната страна, границата на опфатот се движи по оската на булевар „Вељко Влаховиќ“,

–        од источната страна, границата на опфатот се движи по оската на булевар „Цветан Димов“,

–         од јужната страна, границата на опфатот се движи по оската на булевар „Моша Пијаде“,

–        од западната страна, границата на опфатот се движи по осовината на булевар „Западен булевар“.

 

Површината на планскиот опфат изнесува 4,64 ха.

ПОВТОРНАТА Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Детален урбанистички план  за УЕ 5, Блок 5.10, “Цветан Димов”, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.

                Јавната анкета трае од 14.04.2022 до 21.04.2022  година, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.

           Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

          Повторната  Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден  19.04.2022  година (Вторник) во 11.00  часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.

Одржување на Повторната Јавна анкета и Јавна презентација на Детален урбанистички план  за УЕ 5, Блок 5.10, “Цветан Димов”, КО Кавадарци град, Општина Кавадарци ќе се одржи согласно Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примаена на Законот за просторно и урбанистичко планирање за време на вонредна состојба (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 116/2020). Кај присутните лица на Повторната Јавната презентација и јавна анкета задолжително треба да се запази  минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбедат спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот и задолжително носење на заштитна маска, марама или шал со кој ќе бидат покриени устата и носот на учесниците на повторната  јавната презентација и јавната анкета.

Соопштение за организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета за дел од БЛОК 14.4, „ВАТАШКО ИГРАЛИШТЕ КО Ваташа

Соопштение за организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета за дел од БЛОК 14.4, „ВАТАШКО ИГРАЛИШТЕ КО Ваташа

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови за 2020 година во Општина Кавадарци, Глава IV, Точка 55, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета

По Детален урбанистички план за УЕ 14, БЛОК 14.3 и дел од БЛОК 14.4, „ВАТАШКО ИГРАЛИШТЕ КО Ваташа, Општина Кавадарци.

 

Границата на опфатот е дефинирана:

-на север: осовина на СТ 2-станбена улица ул.„Калница“ и наменска зона А1-Домување во станбени куќи (согласно ГУП),

-на исток: осовина на СР 1-сервисна улица „Методија Џунов Џуко“,

-на југ: осовина на СТ 3-станбена улица,

-на запад: осовина на река Луда Мара

 

Површината на планскиот опфат во горенаведените граници изнесува 4,85 ha.

 

Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Детален урбанистички план за УЕ 14, БЛОК 14.3 и дел од БЛОК 14.4, „ВАТАШКО ИГРАЛИШТЕ КО Ваташа, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.

 

                Јавната анкета трае од 11.04.2022 до 27.04.2022  година, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.

           Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

            Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 12.04.2022  година во 11.00  часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.

                Одржување на Јавна презентација и Јавна анкета за Детален урбанистички план за УЕ 14, БЛОК 14.3 и дел од БЛОК 14.4, „ВАТАШКО ИГРАЛИШТЕ КО Ваташа, Општина Кавадарци ќе се одржи согласно Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за просторно и урбанистичко планирање за време на вонредна состојба (,,Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 116/2020). Кај присутните лица на јавната презентација и јавна анкета задолжително треба да се запази минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбедат спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот и задолжително носење на заштитна маска, марама или шал со кој ќе бидат покриени устата и носот на учесниците во јавната презентација и јавната анкета.