Вести

All Blog Posts

Потпишување на договор за Советувалишен центар за помош и поддршка на жртви на родово базирано и семејно насилство

Потпишување на договор за Советувалишен центар за помош и поддршка на жртви на родово базирано и семејно насилство

Денес заедно со градоначалниците на Неготино, Росоман, Демир Капија, претставници од Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство и Здружение за родова еднаквост Визија Кавадарци потпишавме договор за воспоставување на Советувалишен центар за помош и поддршка на жртви на родово базирано и семејно насилство на локално ниво, во овие четири општини.

Главната цел на овој проект е да се подобри пристапот до специјализирани сервиси за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство. Целна група се жртвите на родово базирано насилство и семејно насилство. Советувалиштето ќе биде лоцирано во Општина Кавадарци,на локација која е лесно достапна за лица со физичка попреченост, а ќе го користат жени и деца жртви на насилство од Општина Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија.

Се надевам дека со овој проект заеднички ќе успееме да дадеме поддршка и да го спречиме повторувањето на идно насилство кај жените, ќе овозможиме економско јакнење и осамостојување на жените жртви, и ќе го спречиме трансгенерациското насилство преку надминување на траумите и последиците.

 

Ранг листа на предлог проекти од граѓански организации добиени на јавниот повик

Ранг листа на предлог проекти од граѓански организации добиени на јавниот повик

Ранг листа на предлог проекти од граѓански организации добиени на јавниот повик за прибирање предлог проекти по приоритетните области: Родова еднаквост и човекови права, Негување на културата и културното наследство, Младински иницијативи и Вработување, Социјална инклузија, Заштита на животната средина и Грижа за животните:

Симулациска вежба за управување со кризи во Општина Кавадарци

Симулациска вежба за управување со кризи во Општина Кавадарци

Денес во посета на Општина Кавадарци и градоначалникот Митко Јанчев, е амбасадорката на Обединетото Кралство во Македонија г-ѓа Рејчел Галовеј. Тие имаа кратка работна средба, по што ќе присуствуваат на ,,Симулациска вежба за управување со кризи во Општина Кавадарци” организирана од Институтот за демократија ,,Социетес Цивилис”, и Британската амбасада, во соработка со Општина Кавадарци.

Целта на вежбата е практично да ја утврди поставеноста, начините на одлучување, нивото на координација, нивото на материјалните капацитети и практичните предизвици на Oпштина Кавадарци при управувањето на ризици од несреќи и катастрофи.

Јавна Презентација и Јавна Анкета по Детален урбанистички план за  ,,ЦЕНТАР” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци.

Јавна Презентација и Јавна Анкета по Детален урбанистички план за  ,,ЦЕНТАР” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци.

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член  50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програна за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2020 година, Глава I, точка 16, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета

По Детален урбанистички план за УЕ 6 за дел од Блок 6.4 и 6.5-дел, УЕ 10, дел од Блок 10.2 и УЕ 11, дел од Блок 11.1    ,,ЦЕНТАР” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци.

 

       Граници на планскиот опфат се :

– на север-улица Пано Мударов и Цано Поп Ристов (согласно ДУП за УЕ 12К – дел)

 – на исток улица Зелен Пазар до пресек со ул 7-ми Септември, продолжува на југ со Браќа Џунови (согласно ДУП за УЕ 12К –дел)

 – на југ улица Браќа Хаџи Тефови и улица Миле Вчков па свртува кон север по ул.Тиквешко востание (согласно ДУП за УЕ 12К –дел)

– На запад улица Фердо Росомански, па улица Климент Охридски и излегува на улица Мито Хаџи Василев Јасмин па до пресек со улица Јадранска и на крај спој со улица Пано Мадуров (согласно ДУП за УЕ 12К –дел)

Површината на планскиот опфат изнесува 9,79 ха.

Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Детален урбанистички план за УЕ 6 за дел од Блок 6.4 и 6.5-дел, УЕ 10, дел од Блок 10.2 и УЕ 11, дел од Блок 11.1    ,,ЦЕНТАР” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.

                Јавната анкета трае од 23.03.2022 до 15.04.2022  година, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.

           Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

            Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден  25.03.2022  година (Петок) во 11.00  часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.

 

Одржување на Јавна презентација и Јавна анкета за             Детален урбанистички план за УЕ 6 за дел од Блок 6.4 и 6.5-дел, УЕ 10, дел од Блок 10.2 и УЕ 11, дел од Блок 11.1    ,,ЦЕНТАР” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци ќе се оджи согласно Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примаена на Законот за просторно и урбанистичко планирање за време на вонредна состојба (,,Службен весник на Република Македонија“    бр. 116/2020). Кај присутните лица на Јавната презентација и јавна анкета задолжително треба да се запази  минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбедат спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот и задолжително носење на заштитна маска, марама или шал со кој ќе бидат покриени устата и носот на учесниците во јавната презентација и јавната анкета.