Вести

All Blog Posts

ИЗВРШЕН ТЕХНИЧКИ ПРИЕМ НА РЕКОСНТРУИРАНИОТ ПОД НА СРЕДНОТО УЧИЛИШТЕ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“

ИЗВРШЕН ТЕХНИЧКИ ПРИЕМ НА РЕКОСНТРУИРАНИОТ ПОД НА СРЕДНОТО УЧИЛИШТЕ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“

Успешно е реализирана уште една фаза од реконструкцијата на зградта на Средното општинско земјоделско шумарско училиште „Ѓорче Петров“ од Кавадарци.

Денеска во присуство на претставници од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), од општината Кавадарци, како и од изведувачот и надзорот на градежните работи, беше извршен технички прием на реконструираниот под во училиштето. Според проектот извршена е целосна реконструкција  на стариот и оштетен под на трите нивоа во објектот со вкупна површина  од 700 метри квадратни., каде се поставени нови плочки.

 Финансиската конструкција ја обезбедиа УСАИД во износ од 998.480 денари и општината со сопствено учество од 562.000 денари. Изведувач на работите беше фирмата „АНОЛ ИМПЕКС“ од Скопје.

 Проектот на УСАИД за „Меѓуетничка интеграција на младите во образованието“ во кој е вклучена и  општината Кавадарци се реализираше во Средното општинско земјоделско шумарско училиште „Ѓопче Петров“, а се однесува на поставување на нови подови и прозорци.

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ТРИ ЛОКАЦИИ ОД  УЛИЦАТА „БРАЌА ЏУНОВИ“

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ТРИ ЛОКАЦИИ ОД УЛИЦАТА „БРАЌА ЏУНОВИ“

Оперативата на фирма „Градба промет“ заврши со поплочување на три локации од улицата „Браќа Џунови“.

Согласно проектот на општината, на делницата од мостот „Слога“ до постојниот асфалт  на влезот во „Кадрово маало“ со бехатон коцки се поплочи новопробиена делница од  улицата со површина од 400 метри квадратни.

Со овој зафат општината урбанизираше дел кој со години беше „слепо црево“ на левиот брег од реката „Луда Мара“.

На две соседни локации во склоп на истата јавна набавка се поплочи и тротоар со површина од 173 квадрати, како и пристап до индивидуални станбени објекти со површина од 137 квадратни метри.

Општината проектот го реализираше на барање на жителите од овој дел на Кавадарци, кои со децении назад барат да се урбанизира пристап до улицата „Слога“.

ИЗГРАДБАТА НА РЕКРЕАТИВНАТА ПАТЕКА „МОКЛИШТЕ“ Е ВО ЗАВРШНА ФАЗА

ИЗГРАДБАТА НА РЕКРЕАТИВНАТА ПАТЕКА „МОКЛИШТЕ“ Е ВО ЗАВРШНА ФАЗА

Велосипедско-пешачката патека Ваташа-Моклишка воденица, долга 4 километри е во завршн а фаза на градба. Деновиве Општина Кавадарци преку ангажираната оператива поставува метални конструкции за настрешници лоцирани на платоата од петте попатни станици-одморалишта.

Поставени се и четирите метални пешачки мостови, а рекреативната патека со широчина од 4 метри целосно е покриена со бехатон коцки и е подготвена за употреба.

Според проектот за јавното улично осветлување патеката е осветлена со 200 лед светилки, секоја со јачина од 40 вати, поставени на 100 метални столбови со двокрака лира на висина од 4 метри. Деновиве истото е под режим на пробна работа.

Попатните станици-одморалишта (вкупно 5) целосно ќе бидат уредени и оплеменети со урбана опрема, како и табли за пинг-понг, фитнес справи и метални конструкции за паркирање на велосипеди.

Заради поголема безбедност на граѓаните, како и за заштита на целосната инфраструклтура, општината долж трасата ќе постави камери за видео надзор.

Инвеститори на овој капитале проект се општина Кавадарци и Бирото за развој на Вардарски плански регион. Вкупната инвестиција изнесува 34 милиони денари.

 

ЕКОЛОШКА АКЦИЈА ВО ДВОРОТ НА „ОПШТА БОЛНИЦА“

ЕКОЛОШКА АКЦИЈА ВО ДВОРОТ НА „ОПШТА БОЛНИЦА“

Под мотото „Растеме заедно“-„ЕНВ-НЕТ“ денеска во дворот на Општа болница Кавадарци беа засдени 200 млади садници од повеќе видови растенија. Целта на акцијата е да се разубави дворот на болницата и да се придонесе кон подобрување на еколошките услови.

Во посета на Општа болница беше градоначалникот Митко Јанчев кој во придружба на директорот на болницата д-р. Димитар Коцев учествуваше во реализацијата на овој хуман и благороден настан.

Носител на проектот е Невладината одрганизација „BALKAN BRIDGES“ чии претседател Душко Христов ги информираше Јанчев и Коцев за целта со која оваа невладина организација ги донираше средстват во разеленување на дворот на кавадаречката општа болница.

Позитивен став кон овој хуман гест искажа и Роберто Паризов претседател на „Еко живот“  од Кавадарци.

Градоначлникот Јанчев изрази благодарност за донацијата и уште еднаш го потврди ставот на општината во правец на безрезервна подршка на еколошките проекти.

Благодарност искажа и директорот Коцев кој посочи дека раководството на болницата самоиницијативно превзмало активности на расчистување и уредување на дворот со церл да се обезбеди простор каде болните би се чуствувале пријатно.

Денеска садењето на растенијата го реализираа невладините „BALKAN BRIDGES“ и „Еко живот со помош на надлежните од општината и ЈП „Комуналец“ .

Проектот финансиски е поддржан од Европската Унија.

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА НА ОПШТИНАТА СО МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА НА ОПШТИНАТА СО МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ

Денеска во кабинетот на градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев беше потпишан меморандум за соработка меѓу општината и македонскиот полициски синдикат.

Документот го потпишаа градоначалникот Јанчев во име на општината и Марјан Кицев претседател во името на македонскиот полициски синдикат.

Предмет на меморандумот е искрената намера на двете страни активно да соработуваат во насока на поддршка на активностите, како и на визиите во натамошното заедничко делување. Една од главните цели е подобрување на социјалниот статус на членовите на овој синдикат вработени во институциите столбови на безбедноста на државата.

Двете страни парафираа согласност и за заедничко делување и придонес на секоја од потписничките во рамките на своите надлежности и можности.