Започна обележувањето на паркинг местата за зонско паркирање

Започна обележувањето на паркинг местата за зонско паркирање

Општина Кавадарци-Локална Самоуправа на ден 24.09.2018 година, има планирано активност за обележување на паркинг местата за зонско паркирање на бул. „Кочо Рацин” и бул. „Македонија” на делот од спојот со улица „Орце Николов” до влезот на паркингот позади зградите „Лепотици”.
Исто така на ден 25.09.2018 година ќе се врши обележување на паркинг местата на улиците „7-ми Септември“, „Браќа Џунови“ и „Цано Поп-Ристов“.
Општината апелира до граѓаните кои ги паркираат своите автомобили на овие локации, во деновите на изведувањето на работите истите да ги отстранат, со цел обележувањето да се изврши без пречки и проблеми.
Општината оваа активност ја реализира и во соработка со Полициската станица од Општа надлежност Кавадарци која доколку граѓаните не одговорат на апелот ќе извршат одстранување на паркираните возила од овие улици во наведените термини за навремено и ефикасно завршување на градежните работи.
Обележувањето ќе се врши во вечерните часови со почеток од 22:00 часот.