Вработените од организационата единица „Паркови и зеленило“ при ЈП „Комуналец“ извршија кастрење на оштетените и исушенте гранки од дрворедот на улицата „7 Септември“.
Беа третирани дрвјата на тротоарот од страната на „Паркот на Револуцијата“ и тоа на потегот од спојот со улицата „ 1-ви Мај“ до спојот со улицата „Браќа Џунови“. Во акцијата помогна и фирмата „ЕЛ-БОХ“ која обезбеди специјализирано возило корпа.
По извршеното кастрење овој дел од троторат е побезбеден за пешаците.