Категорија: Разно

Рушење на  склонопадните куќи на улица Страшо Пинџур

Рушење на склонопадните куќи на улица Страшо Пинџур

По долг временски период од речиси 60 години се рушат склонопадните куќи кај триаголникот. По рушењето ќе се изгради и тротоар и оваа црна точка во сообраќајот ќе стане безбедно место за сообраќај и за пешаците. Надлешните службите веднаш реагираа со чистење и миење на просторот.

ОГРАДЕН ТЕРЕНОТ ЗА КОШАРКА КАЈ ЗГРАДИТЕ НА БУЛЕВАРОТ „КОЧО РАЦИН“

ОГРАДЕН ТЕРЕНОТ ЗА КОШАРКА КАЈ ЗГРАДИТЕ НА БУЛЕВАРОТ „КОЧО РАЦИН“

Деновиве фирмата „ЗД Горан“ преку својата оператива работи на реализацијата на комуналниот проект за оградување на кошаркарскиот терен зад зградите на булеварот „Кочо Рацин“.
Станува збор за проект на општина Кавадарци согласно кој кошаркарското игралиште ќе биде оградено и оспособено за рекреација на жителите пред се младите од оваа урбана населбА.
Со овој проект општината продолжува со уредувањето на просторот, од каде претходно беа отстранети лимените гаражи, потоа се прошири и асфалтира паркингот, а се изврши и хорти културно уредување на запуштените зелени површини.
Оградувањето на теренот за улична кошарка е продолжение на проектот на општината за урбано уредување на овој простор наменет за одмор и рекрација на граѓаните.

КАСТРЕЊЕ НА ДРВОРЕДОТ НА УЛИЦАТА „7 СЕПТЕМВРИ“

КАСТРЕЊЕ НА ДРВОРЕДОТ НА УЛИЦАТА „7 СЕПТЕМВРИ“

Вработените од организационата единица „Паркови и зеленило“ при ЈП „Комуналец“ извршија кастрење на оштетените  и исушенте гранки од дрворедот на улицата „7 Септември“.

Беа третирани дрвјата на тротоарот од страната на „Паркот на Револуцијата“ и тоа на потегот од спојот со улицата „ 1-ви Мај“ до спојот со улицата „Браќа Џунови“. Во акцијата помогна и фирмата „ЕЛ-БОХ“ која обезбеди специјализирано возило корпа.

По извршеното кастрење овој дел од троторат е побезбеден за пешаците.

ОБНОВЕНА БОЈАТА НА КЛУПИТЕ НА ПЛОШТАДОТ

ОБНОВЕНА БОЈАТА НА КЛУПИТЕ НА ПЛОШТАДОТ

Општина Кавадарци реализираше проект за обновување на клупите на градскиот плоштад.

Се обнови фарбата на дрвените делови како на подвижните така и на фиксните клупи во склоп на жардинерите. Од изградбата на новиот плоштад ова е прва посериозна интервенција на дел од урбаната опрема која граѓаните најинтензивно ја користат особено во вечерните часови кога плоштадот „врие“ од народ.

После новата павер ограда на Јаворот кај седумкатницата, потоа префарбувањето на канделабрите од јавното осветлување, како и претходното оспособување на кружните фонтани пред зградата, општинта со ревитализацијата на клупите ги подобри условите за одмор на граѓаните кои преферираат за таа намена да го користат градскиот плоштад.

Инаку ЈП „Комуналец“ редовно го одржува и обновува украсното зеленило во жардинерите на плоштадот.

ПРОШИРУВАЊЕ ЗА ПАРКИНГ НА УЛИЦАТА „БЕЛ КАМЕН“

ПРОШИРУВАЊЕ ЗА ПАРКИНГ НА УЛИЦАТА „БЕЛ КАМЕН“

Оперативата на фирмата „Павер трејд“ започна со изведување на градежните работи на проширување на тротоарот на улицата „Бел Камен“.

Според проектот општината Кавадарци на ова место ќе изгради паркинг кој треба да го реши проблемот со паркирање на возилата на жителите од трите колективни станбени објекти.

Најпрвин ќе се изврши подѕидување со бетонски блок на ниво на тротоарот кој ќе служи за оформување на дополнителната површина каде ќе се постават бехатон плочки за проширување и создавање на нова паркинг површина.

Овој проект општината ќе го финансира со 153.161 денар, а парите се од буџетото, сметка за комунална изградба.