ОБЈАВУВА Барање за добивање Б – Интегрирана еколошка дозвола

ОБЈАВУВА Барање за добивање Б – Интегрирана еколошка дозвола

Согласно член 99 став 1 и член 122 став 4 од Законот за животна средина (Сл весник на Р.М бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16, 28/18, 65/18 и 99/18), Градоначалникот на Општина Кавадарци:

ОБЈАВУВА Барање за добивање Б – Интегрирана еколошка дозвола

 

             Врз основа на член 124 од Законот за животна средина (Сл весник на Р.М. бр.53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16, 28/18, 65/18 и 99/18), до Градоначалникот на Општина Кавадарци е доставено барање за добивање Б – Интегрирана еколошка дозвола бр. 11-4684/1 од дтгу  ПАВЕР  ТРЕЈД  дооел,  ул. Киро Спанџов бр.103,  инсталација во с. Возарци – Кавадарци.

Категорија на инсталацијата:

Прилог 2,  точка 3,  односно подточка 3.3. Стационари бетонски бази со вкупен капацитет на силосите за бетон поголем од 50 m3:

  • Производство на готови елементи од бетон.

Ја информираме јавноста дека сите потребни информации за барањето за Б – Интегрирана еколошка дозвола, ќе бидат достапни во просториите на Општина Кавадарци во Секторот за урбанизам, комунални дејности и заштита на животна средина. Заитересираната јавност може да изврши увид во истата во рок од 15 дена од денот на објавување во просториите на локална самоуправа во соба број 21 од 9,00 до 12,00 часот.