Оперативата на ангажираната фирма „Лабино трејд-Констракшн“ од Гостивар ги изведува подготовките за поставување на бехатон коцки на пешачката патека на делница од „Желков дол“ помеѓу улиците „Страшо Пинџур“ и „4 Мај“.
Трасата е оформена, изградени се пристапните скали и рампата за лица со попреченост на спојот со улицата „Страшо Пинџур“, а поставена е и електричната инсталација за канделабрите од јавното улично осветлување.
Во наредниот период ќе се постават и бехатон коцките со што овој дел од поројницата „Желков дол“ ќе се урбанизира во пристапна патека која ќе овозможи побезбедна и побрза комуникација на граѓаните.