Jавна расправа по иницијативата за спас на Тиквешкото Езеро

Jавна расправа по иницијативата за спас на Тиквешкото Езеро

Денес во просториите на Локалната самоуправа се одржа состанок по повод иницијативата Спас за Тиквешко езеро, поднесена и предложена од градоначалникот Митко Јанчев.   На состанокот присуствуваа пратениците од Кавадарци, Иницијативен одбор за спас на Тиквешко езеро, стручни служби во Општина Кавадарци, Еко живот, ОРЛЕ. – информираат од прес службата на општина Кавадарци.

Свое излагање имаше и професорот Томе Лисичанец кој што меѓу другото зборуваше и за заштитената зона Тиквешко езеро, како и за неговите убавини. Туристичкото езеро пред се е направено за наводнување и за таа цел е направена на каналска мрежа. Треба да се има во предвид и значењето на слатките води вклучувајки го и Тиквешкото езеро во производство на храната. Имајки во предвид дека 40% од територијата на Општина Кавадарци е степа до полупустина, во такви услови да се остави Тиквешкото езеро на случајност е кратковидност со големи размери.

Донесени се следните заклучоци:

1. Пратениците од Општина Кавадарци во Парламентот на Македонија, да го актуелизираат прашањето за состојбата и опстанокот со ,,Тиквешко езеро,, пред соодветнaта комисија за европски прашања и заживотна средина во Републичкиот Парламентот и да иницира средба со Премиерот и Министерот за животна средина.

2. Здружението за заштита и унапредување на животната средина ,,ЕКО ЖИВОТ“-заедно со овластен инспектор за животна средина-Доне Илов, да изработат елаборат за влијанието на водостојот на езерото врз животната средина, минималниот биолошки опстанок на езерот и околината на Тиквешкото езеро. 

3. Општина Кавадарци-Секторот за комунално уредување, урбанизам, заштита на животна средина, сообракај Раководител-Драгослав Симоновиќ, да изработи елаборат за влијанието на водостојот на Тиквешкото езеро, во однос на заштитата на манастирите, црквите покрај езерото, и имотната состојба на објекти околу езерото со вредност на истите.

4. Здружение на Планинарско спортско друштво ,,Орле„ заедно со советникот за заштита и спречување од загадување на водата, земјиштето и заштита на природата- Зоран Младеновски да изработи елаборат во делот на спелеологијата и хидрологијата со кој што ќе се елаборира за заштитата на пештерскиот туризам, манастирскиот и црковен имот, во однос на нискиот водостој на ,,Тиквешко езеро,, .

5. Иницијативниот одбор да изработи елаборат во делот на влијанието од намалување на водостојот врз микроклимата на ,,Тиквешко езеро,, и стопанисувањето со истото. да изработат елаборат за влијанието на водостојот на ,,Тиквешко езеро,, врз издадените концесии за стопанисување со рибниот фонд во истото и целокупната аквакултура.

6. Советникот за заштита и спречување од загадување на водата, земјиштето и заштита на природата-Зоран Младеновски, да подготви елаборат за присуството на тешки метали во квалитетот на водата во ,,Тиквешко езеро,, и влијанието на истото во прозводството на земјоделски производи и квалитетот на храната, имајќи ја во предвид примарната намена на Тиквешкото езеро и направената каналска мрежа за наводнување на земјоделските површини;

7. Комисијата утврди дека горенаведените елаборати по однос на опстанокот на ,,Тиквешко езеро,, треба да се подготват најдоцна до 15.02.2022 година. – стои во соопштението од локалната самоуправа.