ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ПРОЕКТОТ„РЕЛОАД“ПОМЕЃУ ОПШТИНАТА,ЕУ УНДП И НВО СЕКТОРОТ

Почитувани,

Денеска во големата сала на општина Кавадарци се одржа јавна дебата, за проектот „РеЛОад“ – Регионална Програма за Локална Демократија во Западен Балкан, финансиран од Европската Унија.

Општина Кавадарци-Локална самоуправа, во периодот 2018-2019 година, ќе учествува во овој проект, кој се спроведува од страна на Програмата за Развој на Обединетите Нации – УНДП.

Главната цел на проектот е јакнење на партиципативните демократии и интегративниот процес во ЕУ на Западен Балкан преку јакнење на граѓанското општество со цел истото да земе активно учество во донесување на одлуки на локално ниво.

Денеска претставниците на општина Кавадарци како и претставниците на УНДП имаа можност преку дискусија со заинтересираните претставници на невладиниот сектор од Кавадарци на транспарентен начин да ги дефинираат приоритетите на ниво на општина, кои ќе послужат како показатели за понатамошно реализирање на проектите.

Општината ЕУ и УНДП очекуваат дека со ваквиот пристап ќе ги прошират релациите помеѓу локалната власт и граѓанските организации и ќе го подобрат квалитетот на услугите кон граѓанските НВО организации.