ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА „СЕВЕРЕН БУЛЕВАР“ ОБИКОЛНИЦА

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА „СЕВЕРЕН БУЛЕВАР“ ОБИКОЛНИЦА

Општина Кавадарци започна со реализација на проектот за реконструкција на целата должина од заобиколницата од спојот со улицата „Шишка“ до спојот со „Западен Булевар“.

Во оваа фаза се изведуваат градежни работи на Северен  Булевар на потегот од спојот со „Булевар Никола Минчев“ до спојот со „Западен Булевар“.

Според проектот работите започнаа на 01.10.2018 година, а треба да завршат на 31.12.2018 година. Во овој перод заобиколницата ќе биде затворена за сообраќај согласно динамиката  на одвивање на градежните работи.

Општината информира дека во периодот од 01.10.2018 година до 31.12.2018 година улиците „Западен Булевар” и „Северен Булевар” ќе бидат затворени за сообраќај за тешки товарни возила, а тешките товарни возила се упатуваат да го користат  регионалниот пат Прилеп – Градско (преку Мотел Дреново).