Автор: Општина Кавадарци

ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД  „КАВАДАРЕЧКИ ДОЛ“

ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД „КАВАДАРЕЧКИ ДОЛ“

Градот ќе добие уште една зелена површина. Во склоп на еколошкиот проект за хортикултурно уредување, општината преки ЈП „Комуналец“ работи на формирање зеленило на локација кај поројницата „Кавадаречки дол“.

На површина од 1.500 метри квадратни денеска се подготвуваше теренот за хортикултурно уредување. Според планот на оваа локација ќе се посее трева ќе се засадат зимзелени декоративни дрвца, а ќе биде целосно обновен и дрворедот на улицата „Ѓоре Брушански“ од левата страна на долот.

Претходно екипа од ОЕ „Водовод“ при ЈП „Комуналец“ постави мрежа за полевање.

И оваа зелена површина е дел од еколошкиот проект по идеја на градоначалникот Митко Јанчев.

 

ОБЈАВУВА Барање за добивање Б – Интегрирана еколошка дозвола

ОБЈАВУВА Барање за добивање Б – Интегрирана еколошка дозвола

Согласно член 99 став 1 и член 122 став 4 од Законот за животна средина (Сл весник на Р.М бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16, 28/18, 65/18 и 99/18), Градоначалникот на Општина Кавадарци:

ОБЈАВУВА Барање за добивање Б – Интегрирана еколошка дозвола

 

             Врз основа на член 124 од Законот за животна средина (Сл весник на Р.М. бр.53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16, 28/18, 65/18 и 99/18), до Градоначалникот на Општина Кавадарци е доставено барање за добивање Б – Интегрирана еколошка дозвола бр. 11-4684/1 од дтгу  ПАВЕР  ТРЕЈД  дооел,  ул. Киро Спанџов бр.103,  инсталација во с. Возарци – Кавадарци.

Категорија на инсталацијата:

Прилог 2,  точка 3,  односно подточка 3.3. Стационари бетонски бази со вкупен капацитет на силосите за бетон поголем од 50 m3:

  • Производство на готови елементи од бетон.

Ја информираме јавноста дека сите потребни информации за барањето за Б – Интегрирана еколошка дозвола, ќе бидат достапни во просториите на Општина Кавадарци во Секторот за урбанизам, комунални дејности и заштита на животна средина. Заитересираната јавност може да изврши увид во истата во рок од 15 дена од денот на објавување во просториите на локална самоуправа во соба број 21 од 9,00 до 12,00 часот.

ПОСТАВУВАЊЕ РАБНИЦИ НА УЛИЦАТА „ЈОВАНЧЕ ВЕЛКОВ“

ПОСТАВУВАЊЕ РАБНИЦИ НА УЛИЦАТА „ЈОВАНЧЕ ВЕЛКОВ“

Општината Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ работи на поставување на рабници на улицата „Јованче Велков“ која се наоѓа од јужната страна од поројницата „Кавадаречки дол“.

Согласно проектот треба да бидат поставени 940 метри бетонски рабници кои ќе оформат улица во должина од 470 метри. Во оваа фаза од изградбата на улицата беше поставен и тампон, како подготовка за асфалтирање.

Реализацијата на овој проект од општината е на барање на жителите од тој дел на Кавадарци каде има интензивна урбанизација и изградба на индивидуални станбени објекти.

Loading
УРЕДУВАЊЕ НА КРАК ОД УЛИЦАТА „ПРАВЕДНИЧКА“

УРЕДУВАЊЕ НА КРАК ОД УЛИЦАТА „ПРАВЕДНИЧКА“

Механизацијата на фирмата „Градба промет“ работи на подготовка на подлогата на коловозната лента на нова улица во месноста „Коњски дупки“.

Според проектот на Општина Кавадарци како дело од програмата за комунална изградбе, се работи на подготовка на крак од улицата „Праведничка“ за асфалтирање.

Во оваа фаза се додоформува дел од улицата, каде ќе се постави тампон, а потоа ќе следи поставување на рабници како подготовка за асфалтирање. На оваа улица ќе бидат асфалтирани нови 70 метри.

Loading
ЕСЕНСКО ЧИСТЕЊЕ НА РЕШЕТКИТЕ ЗА АТМОСФЕРСКИ ВОДИ

ЕСЕНСКО ЧИСТЕЊЕ НА РЕШЕТКИТЕ ЗА АТМОСФЕРСКИ ВОДИ

Општината Кавадарци и Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ започнаа со акција за чистење на решетките за зафаќање на атмосферските и површинските отпадни води.

Се отстранува наносот од кал, лисја и друг отпад, а реципиентот се подготвува за нормално функционирање во зимски услови. Во акцијата ќе бидат опфатени сите одводни решетки од градските улици.

Loading