Автор: Општина Кавадарци

ПОДГОТОВКИ ЗА ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ПЕШАЧКАТА ПАТЕКА НА „ЖЕЛКОВ ДОЛ“

ПОДГОТОВКИ ЗА ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ПЕШАЧКАТА ПАТЕКА НА „ЖЕЛКОВ ДОЛ“

 

Оперативата на ангажираната фирма „Лабино трејд-Констракшн“ од Гостивар ги изведува подготовките за поставување на бехатон коцки на пешачката патека на делница од „Желков дол“ помеѓу улиците „Страшо Пинџур“ и „4 Мај“.

Трасата е оформена, изградени се пристапните скали и рампата за лица со попреченост на спојот со улицата „Страшо Пинџур“, а поставена е и електричната инсталација за канделабрите од јавното улично осветлување.

Во наредниот период ќе се постават и бехатон коцките со што овој дел од поројницата „Желков дол“ ќе се урбанизира во пристапна патека која ќе овозможи побезбедна и побрза комуникација на граѓаните.

ПРОШИРУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТ ВО ДВА ОБЈЕКТИ  ОД ДЕТСКАТА ГРАДИНКА

ПРОШИРУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТ ВО ДВА ОБЈЕКТИ ОД ДЕТСКАТА ГРАДИНКА

 

Општината Кавадарци  и Јавната општинска установа детска градинката „Рада Поцева“ работат на надминувањето на проблемот со недостиг на капацитети за опфат на децата од предучилишна возраст во детската градинка.

Општината и Јавната установа реализираат проекти за проширување на капацитетите на два објекти. Се доградуваат простории на објектот „Детелинка“ кај ООУ „Тошо Велков-Пепето“, а се доградува и на објектот „Снежана“ кај старат Ваташка градинка.

Според проектот вкупно треба да бидат доградени 7 нови занимални од кои 2 на објектот „Снежана“ и 5 на објектот „Детелинка“. Според очекувањата во овие два објекти треба да бидат опфатени помеѓу 150 и 180 деца.

Со реализацијата на овој проект  ќе се излезе во пресрет на барањата на родителите чии деца имаат потреба до сместување во градинка.

Во напорите за зголемување на опфатот на децата од предшколска возраст, општината изврши адаптација на објектото на новото училиште во село Марена, кое сега ќе има функција на градинка за децата од ова село. Овде се предвидува прифаќање на 25 до 30 деца од село Марена.

Општината и градоначалникот паралелно работат и на проект за изградба на ново објект од градинката, со што би се создале просторни услови за згрижување и прифаќање на сите деца од предшколска возраст во градинката.

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Општина Кавадарци и Јавното претпријатие Македонски Шуми

 

Општината Кавадарци и Јавното претпријатие „Македонски шуми“ потпишаа Меморандум за деловно техничка соработка со кој се дефинираат определбите на двата субјекти за заедничко делување во насока за реализација на Оперативниот План за пошумување.

Палнот кој го мина филтерот на Советот на општината, предвидува во наредниот период на територијата на Кавадарци да бидат пошумени околу 40 хектари голини.

Цел на неколкуте акции кои ќе се спроведат за реализација на планот е пошумувањето на долови-поројници, ерозивни терени, голини како и други површини кои се подложни на ерозија. Општината и шумското претпријатие ќе ги превземат овие активност за заштита од потенцијална опасност од поплави покрај течението на реката Луда мара, а се надвор од генералниот Урбанистички план.

Со оваа соработка Општина Кавадарци и Подружницата „Бор“ на ЈП „Македонски шуми“ директно ќе делуваат и на планот на екологијата, заштитата и унапредувањето на животната средина.

КОМУНАЛНА ИЗГРАДБА НА ПОВЕЌЕ ПОЗИЦИИ

КОМУНАЛНА ИЗГРАДБА НА ПОВЕЌЕ ПОЗИЦИИ

Сувото време и поволните услови овозможуваат Општината и вон официјалната градежна сезона да работи на повеќе позиции од реализацијата на програмата за комунална изградба.

На првиот ден од последната работна недела во февруари инмтензивно се изведуваат работи на повеќе локации. Општината и Јавната установа Детска градинка  реализираат проекти за проширување на капацитетите на два објекти. Се доградуваат простории на објектот „Детелинка“ кај ООУ „Тошо Велков-Пепето“, а се доградува и на објектот „Снежана“ кај старат Ваташка градинка. Во напорите за зголемување на опфатот на децата од предшколска возраст, општината изврши адаптација на објектото на новото училиште во село Марена, кое сега ќе има функција на градинка за децата од ова село.

Продолжува изградбата на кејот во селото Ваташа, а во поодмината фаза е покривањето на делница од поројницата „Желков дол“ и изградбата на пристапни скали и шеталиштето во должина од 80 метри меѓу ул. „Страшо Пинџур“ и „4 Мај“.

Општината спроведува и реализација на проект за изградба на „Зелен пазар“ во новиот центар на локацијата кај „Судската палата“ на булеварот „Никола Минчев“.

Меѓу поголемите комунални зафати е и реконструкцијата на атмосферската канализација на улицата „Тиквешко востани“ и на плоштадот. Се работи и на поставување на фекална и атмосферска канализација на улицата „8 Септември“ кај ВВ „Тиквеш“ и плацот на „Градба промет“.

Во активностите на комуналната изградба општината преку ЈП „Комуналец“ работи на реконструкција на водоводната мрежа на крак од улчицата „Глигор Прличев“ над стрелиштето, потоа на премостување и дислокација на водоводна линија преку коритото на реката „Луда Мара“ кај пешачкиот мост до паркчето во село Ваташа, како и на поставување на нова пумпна станица за санитарна вода за селото Бојанчиште.

Во фаза на реализација е и проектото за реконструкција на салата „Партизан“ каде се поставува нова ПВС столарија: врати и прозорци на делот од соблекувалните и службените простории на јужната страна оид објектот.

Станарите од зградата 1 кај Агенцијата за вработување и Општината во соработка со „Хабитат“ го реализираа проектот за реновирање со изработка на термо фасада, ПВЦ столарија како  и реконструкција на покривот.

Денеска започна и реализацијата на сообраќајниот проект за целосна реконструкција на инсталацијата и уредите на семафорите. Ќе бидат целосно обновени семафорите на раскрсниците кај Домот на култирата, „старата звтобуска“ и кај основното училиште „Гоце Делчев“.

Се работи и на уредување на жардинерите пред хотелот, во рамките на реконструкцијата на градскиот плоштад.

КОМПЛЕТНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СЕМАФОРИТЕ  НА ТРИ РАСКРСНИЦИ

КОМПЛЕТНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СЕМАФОРИТЕ НА ТРИ РАСКРСНИЦИ

 

Општина Кавадарци започна со реализација на сообраќаен проект за подобрување на вертикалната патна сигнализација. Предвидено е комплетно да се реконструраат семафорите на три значајни раскрсници од кои две во центарот кај Домот на Културата и кај старат автобуска, како и семафорската постројка кај училиштето „Гоце Делчев“.

Според проектот целосно ќе биде заменете подземната инфраструктура за електричното напојување, а комплетно нови ќе бидат столбовите како и светлечките уреди возачки и пешачки латерни со одбројувачи на време во ЛЕД технологија.

Ова е прв посериозен зафат за реконструкција на семафорите од нивното поставување во седумдесеттите години од минатиот век, кога Кавадарци за прв пат доби светлосна регулација со семафори на сообраќајот низ градските улици.