За неполни два месеци од работењето на Туристичкото информативно биро, туристички информации имаат побарано над 40 странски туристи. Регистрирани се посетители од Словенија, Австрија, Холандија, Австралија, Белгија, Франција и Полска, на возраст меѓу 40 и 60 години.
Сите тие во Кавадарци дошле во сопствена режија. Сверата на интерес им е пред се традицијата, потоа знаменитостите, а дел се интересирале и за природните убавини и реткости. Најчесто побарале да посетата места каде во домашни услови на традиционален начин се преработува грозјето во вино и ракија, при што на самото место се запознаваат и со традицијата на производство на маџун и р‘чели како своевидно изненадување за нив.
Странските туристи пројавуваат интерес и за традиционалната домашна кујна и храна.
Изненадување и нескриено задоволство покажуваат особено кон фактото дека во градот на многу добра локација има место каде можат да добиат бесплатни информации за она што ги интересира.
Првите искуства на Општина Кавадрци од работата на бирото се позитивни. Впечатоците и забелешките кои странските туристи ги споделуваат во бирото пред да замината, ќе и послужат на општината при креирањето на идните акциски планови во сверата на туризмот.
Општина Кавадарци во овој дел има многу што да понуди. А во правец на подобрување на туристичката понуда потребна е соработка и со граѓаните. на општината. Општината ги повикува сите заинтересирани, како и оние кои имаат идеи и се расположени за соработка да контактираат со општината најмногу преку туристичко информативното биро за унапредување и развој на алтернативниот туризам во Кавадарци.