Одлука за избор на кандидат за унапредување по интерен оглас 02/2018
Одлуки за избор на кандидати за интерен оглас број 02/2018 на Општина Кавадарци.
Одлуки за избор на кандидати за интерен оглас број 02/2018 на Општина Кавадарци.
Оперативата на фирмата „АС машини“ го реализираше проектот за изградба на дел од тротоарот на улицата „Браќа Џунови“ на потегот од спојот со улицата „Киро Спанџов“ во правец на спојот со улицата „Слога“.
На овој дел се поставиа бехатон плочки на површина од 300м2, за што општината инвестира сума од 260.000 денари. Парите се обезбедени од буџетот, сметка за комунална изградба.
Реализацијата на проектот тротоар е на барање на жителите од овој дел на градот.
Општина Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ го реализира проектот за внатрешна реконструкција на спортската сала „Партизан“.
Во оваа фаза се реконструираат, таванот преку замена на трската со гипс-картон плочи, како и замена на дотраените дрвени прозорци. Со реконструкцијата е предвидено и обновување на паркетот на теренот, фасадата, како и партено уредување околу објектот.
Со оваа реконструкција општината го заштитува и му го продолжува животот на најстариот спортски објекти во Македонија.
Општина Кавадарци релизира реконструкција на ДТВ „Партизан“ каква што не е извршена во последните 40 години.
Во Ваташа е во тек реализација на комунален проект за поплочување на крак од улицата „Боро Ваташки“. Оперативата на фирмата „АС машини“ ги изведува подготвителните земјени работи на теренот на просторот меѓу црквата и блиската зграда.
Се поставуваат и рабници со кои ќе се оформи површината на која ќе бидат поставени павер елементи.
Проектот е на барање на жителите од селото Ваташа кои гравитираат кон оваа улица.
Комисиите за спроведување на наведениот Втор јавен повик објавен на 05.10.2018 до 20.10.2018 година ги информира граѓаните на Општина Кавадарци кои земале учество во истиот повик, до општина Кавадарци има доставено вкупно 159 барања вклучувајќи ги и барањата од предходниот повик кои што не беа разгледани заради исцрпување на предвидениот буџет.
Се ИНФОРМИРААТ граѓаните ДЕКА Јавното извлекување по Вториот јавен повик за надоместување на трошоците за набавка на енергетско ефикасни грејни тела во Општина Кавадарци за 2018 година ќе се спроведе на ден 30.10.2018 (вторник) во 16:30 часот. Извкувањето ке се спроведе во големата сала на Општина Кавадарци во присуство на членовите на трите надлежни комисии.
Дозволено е и присуство на барателите за време на спроведувањето на јавното извлекување.