Автор: Општина Кавадарци

ОБЕЛЕЖАНИ ЛОКАЦИИТЕ ЗА ТЕЗГИ НА ЕСЕНСКИОТ ПАНАЃУР 2018

ОБЕЛЕЖАНИ ЛОКАЦИИТЕ ЗА ТЕЗГИ НА ЕСЕНСКИОТ ПАНАЃУР 2018

Надлежните служби во Општина кавадарци извршија парцелизација и обележување на локациите каде треба да бодат поставени тезгите на излагачите на Есенскиот панаѓур во Кавадарци

Според спроведената анкета на прашањето „Дали оваа година да се оддржи традиционалниот есенски панаѓур?, резултатите кои покажаа дека граѓаните на Општина Кавадарци сакаат и оваа година да се оддржи есенскиот панаѓур

Панаѓурот ќе се оддржи на 12 ти, 13 ти и 14 ти октомври, со малку променета локација, односно ќе го зафаќа делот по новите семафори на ул.Никола Минчев се до Северен булевар и едната коловозна лента до зградата на УЈП. Тоа значи дека 3 те улици од семафорите ќе бидат функционални и едната коловозна лента кај зградата на УЈП.

Закупот на простор за продажно место ќе започне од четврток 04.10.2018 година.

Aсфалтирање на улицата „Доне Попов“

Aсфалтирање на улицата „Доне Попов“

Општината Кавадарци продолжува со интензивната комунална изградба. Согласно програмата, оператива на фирмата изведувач започна со асфалтирање на улицата „Доне Попов“.
Според проектот на општината, на оваа улица се врши реконструкција на површина од околу 1500м2. Претходно на делницата на оваа улица од спојот со ул. „Шишка“ во правец на населбата „Голи Оток“ беше отстранета гранитната коцка, а површината се подготви за асфалтирање.
Проектот за ревитализација на улицата „Доне Попов“ општината го изготви на барање на жителите преку Урбаната заедница „Страшо Пинџур“.
Асфалтирањето на оваа улица во многу ќе го олесни сообраќајот и движењето по улицата низ која транзитираат значаен број на автомобили и пешаци од локалното население.

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА „СЕВЕРЕН БУЛЕВАР“ ОБИКОЛНИЦА

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА „СЕВЕРЕН БУЛЕВАР“ ОБИКОЛНИЦА

Општина Кавадарци започна со реализација на проектот за реконструкција на целата должина од заобиколницата од спојот со улицата „Шишка“ до спојот со „Западен Булевар“.

Во оваа фаза се изведуваат градежни работи на Северен  Булевар на потегот од спојот со „Булевар Никола Минчев“ до спојот со „Западен Булевар“.

Според проектот работите започнаа на 01.10.2018 година, а треба да завршат на 31.12.2018 година. Во овој перод заобиколницата ќе биде затворена за сообраќај согласно динамиката  на одвивање на градежните работи.

Општината информира дека во периодот од 01.10.2018 година до 31.12.2018 година улиците „Западен Булевар” и „Северен Булевар” ќе бидат затворени за сообраќај за тешки товарни возила, а тешките товарни возила се упатуваат да го користат  регионалниот пат Прилеп – Градско (преку Мотел Дреново).

 

Листа на баратели на кои им е одобрен надомест на дел од трошоците за набавка на енергетско ефикасни грејни тела за 2018 по Јавен повик бр. 24-4260/5

Листа на баратели на кои им е одобрен надомест на дел од трошоците за набавка на енергетско ефикасни грејни тела за 2018 по Јавен повик бр. 24-4260/5

Почитувани, согласно донесените предходни записници и заклучоци од Комисијата за имплементација на мерките за субвенционирање и записникот од терен на Комисијата за проверка на мерките за субвенционирање се усвои листа на баратели на кои им е одобрен надомест на дел од трошоците за набавка на енергетско ефикасни грејни тела за 2018 и со тоа се исцрпува предвидениот буџет.

Барателите кои не беа посетени на терен од страна на Комисијата за проверка на мерките за субвенционирање, согласно новиот ПРАВИЛНИК ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ЗА КУПУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКО ЕФИКАСНИ ГРЕЈНИ ТЕЛА ЗА 2018 ГОДИНА усвоен на последната седница на Совет на општина Кавадарци ќе имаат право со истите барања да учествуваат во следниот повик за субвенционирање.

Барателите кои имаат приговор во врска со листата на баратели на кои им е одобрена субвенција, имаат право истиот да го поднесат во рок од 48 часа во Архива на Општина Кавадарци по објавата на оваа информација.

 

Со почит,

 

Листа на одобрени баратели

 

Известување до учесниците во сообраќајот

Известување до учесниците во сообраќајот

Општина Кавадарци – Локална самоуправа започнувајќи од денес 01.10.2018 година заклучно со 31.12.2018 година започна со изведување на градежни работи на Северен  Булевар на потегот од спојот со Булевар Никола Минчев до спојот со Западен Булевар, како и реконструкција и проширување на дел од Западен Булевар согласно Основен сообраќаен проект за режимот на сообраќај.

Согласно напред наведеното Ве известуваме дека од 01.10.2018 година до 31.12.2018 година улиците “Западен Булевар” и “Северен Булевар” ќе бидат затворени за сообраќај за тешки товарни возила, а тешките товарни возила се упатуваат да го користат  регионалниот пат Прилеп – Градско (преку Мотел Дреново).