Автор: Општина Кавадарци

Зпочна реконструкцијата на градскиот плоштад

Зпочна реконструкцијата на градскиот плоштад

Основниот проект за пренамена на дел од градски плоштад, Кавадарци има крајна цел:

  • пренамена на неискористените делови од поштадот
  • функционалност на просторот
  • подобрување на осветлувањето
  • збогатување на просторот со зеленило и урбана опрема
  • подигнување на хуманоста во просторот и непречено движење на хендикепираните лица
  • почитување на законските прописи, стандарди и нормативи во планирањето

 

Моменталната состојба на плоштадот во градот Кавадарци ги задоволува потребите на граѓаните, но има многу голем потенцијал кој не е искористен. Затоа со минимални корекции плоштадот може да стане поквалитетен простор со многу подобра атмосфера.

Постоечките фонтаната и амфитеатар како дел од плоштадот кој не функционира со намената за која е предвиден се отстранува и се заменува со еден мини парк кој има голем процент на зеленило и клупи за одмор и социјализација на граѓаните. По отстранување на постоечките амфитеатар и фонтана делот кој не го зафаќа новиот мини парк се поплочува како останатиот дел од плоштадот, а делот за новиот мини парк се подготвува за градење на истиот. Овој простор со специфична форма би претставувал зелено катче кое ќе го оживее делот од плоштадот кој моментално не се користи. Мини паркот се наоѓа на иста висинска кота со плоштадот и до него се пристапува од северната и јужната страна. Делот за движење би бил бетониран и декориран со ленти од кулир пласт, а останатиот дел би бил исполнет со трева, цвеќе и дрва од типот јапонска цреша (Prunus serrulata) кои имаат прекрасни розеви крошни во пролет. Околу јапонските цреши кои се наоѓаат во централниот дел на мини паркот остануваат небетонирани делови со кружна форма со радиус од 1м оградени со парковски ивичњаци.

Останатиот дел од плоштадот се збогатува со зеленило со што се користи постојната шема на поплочување. Дел од поплочените краци кои не го попречуваат движењето и пристапот до важните точки на плоштадот се заменуваат со трева во кои се предвидува да се засади ниско зеленило-трева и високо – дрва од типот јавор со зелен лист кои би биле оградени со ниски рабници.  Овие нови зелени краци заедно со постојното средно зеленило би го опкружиле слободниот простор за собир на поголема маса на луѓе при одржување на манифестации како Тиквешки гроздобер, Св. Трифун, Нова Година и слично. Клупите се поставени непосредно до зеленилото за да може да им служат на граѓаните и во топлите летни денови и да им понудат сенка за пријатен одмор. Дополнително зеленило е поставено и покрај улицата Благој Крстиќ, веднаш покрај општинската зграда, кое го следи правецот на улицата. Во овој дел се предвидува да се задржат веќе постоечките  дрва и да се дополни со дрва од типот јавор со зелен лист.

Можна е и промена на типот на зеленило од онаа која е понудена во проектот по консултации со стручни лица за хортикуларно уредување поради карактеристиките на растенијата.

Осветлувањето на плоштадот се подобрува со поставување на канделабри кои најмногу би го осветлувале просторот за манифестации и просторот за седење. Дополнителна урбана опрема која се поставува за подобрување на квалитетот на просторот се нови корпи за отпадоци за почист плоштад. Клупите за седење и корпите за отпадоци како урбана опрема со модерен дизајн би го збогатиле просторот (направени според прикажани детали во графичките прилози)

За дополнително освежување на просторот пред општинската зграда се предвидува поставување на бетонски жардинерии врз двете постоечки фонтани во кои би се засадило ползечко цвеќе. Бетонскитте делови на жардинериите би се подготвиле претходно, а на лице место само се поврзуваат со бетон.

Постоечкиот споменик останува на истото место, само се предвидува околу него да се постави еден вид на постамент од мермерни плочи за да се истакне како важен дел од градскиот плоштад, како и да служи за место за поставување цвеќе.

Во мал дел од плоштадот, поточно на северната страна од плоштадот, осносно север-западно од објектот на хотел Балкан се предвидува прередување на плочниците поради замена на постоечките скалички со мали висини со еден вид на рампа со мал наклон, поради подобрување на сигурноста за движење во тој дел.

 

Планирани зафати во градбата се:

  • Oтстранување на постоечкиот амфитеатар
  • Отстранување на постоечката фонтана
  • Изградба на мини парк на местото од постоечките структури (амфитеатар и фонтана)
  • На северната страна од плоштадот, осносно северо-западно од објектот на хотел Балкан се предвидува промена/ замена на постоечките скалички со мали висини со еден вид на рампа со мал наклон, поради подобрување на сигурноста за движење во тој дел.
  • Отстранување на плочките, на одредени мали површини и замена со, озеленети површини   засадени со трева и дрва и оградени со парковски ивичњаци
  • Реконструкција на површините кои се граничат со  површините кои ќе се променуваат, на оголените површини под амфитеатар и фонтана кои не се во склоп на мини паркот, на сите површини кои не се озеленети, со поставување одново на извадените гранитни плочки, од тоа или од друго место.
  • Поставувавање на претходно изработени бетонски жардинери на постоечките фонтани
  • Поставување на мермерен постамент на постоечкиот споменик
  • Поставување на нова урбана опрема и обновување на старата

Во изведбата на новиот мини парк се предвидуваат изработка на:

  • Бетонски парапетни ѕидови кои формираат површина исполнета со земја во која е посадено цвеќе и дрва од типот на Јапонска цреша, обработен со кулир пласт.
  • Бетонска патека помеѓу двете зелени површини која е декорирана со ленти од кулирпласт која се наоѓа на иста висинска кота со постоечкиот плочник ( се предвидуваат и три кружни површини во делот кај оваа бетонска патека во кои се посадени три дрвја и се опкружени со бетонски рабници),
  • Полукружни клупи кои ја следат формата на бетонските парапетни ѕидови, корпи за отпадоци и канделабри.
Се гради нов мост во Ваташа, ќе се проширува и патот пред и после него, a ќе се уредува и кејот

Се гради нов мост во Ваташа, ќе се проширува и патот пред и после него, a ќе се уредува и кејот

Во селото Ваташа интензивно се работи на изградба на нов мост и проширување на патот пред и после мостот. Се работи за мошне значаен проект со кој ќе се подобри безбедноста во сообраќајот на овој дел од општина Кавадарци, констатираа денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов и градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев по увидот на градежните работи.

„Овој проект е од огромно значење за жителите на Ваташа и го реализираме на нивно барање. Како што забележавме, градежните работи се одвиваат добро и очекуваме новиот мост да биде завршен во предвидениот рок. Инвестицијата е во вредност од околу 480 илјади евра, а средствата се обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта. Во делот на изградбата и реконструкцијата на патната мрежа, сакам да споменам дека набрзо ќе започне да се реконструира регионалниот пат Кавадарци – Росоман, информираше Сугарески.

Директорот на ЈП државни патишта посочи дека постоечкиот мост во Ваташа е доста оштетен и опасен за понатамошна употреба, а и патот до мостот и после него е со незгодна кривина каде се случени повеќе сообраќајни незгоди.

„Се посветивме и на општина Кавадарци и го решаваме овој проблем. Новиот мост треба да биде завршен во февруари месец. Ќе се санира и речното корито во должина од околу 180 метри, како и пристапниот и излезниот пат на самиот мост кој ќе биде и променет. Ќе има модерен пат и мост и поголема безбедност, рече Китанов.

Градоначалникот Митко Јанчев го потенцира значењето на овој проект како за Ваташа така и за општината. На нашето прашање околу изградбата на кејот на реката, градоначалникот посочи дека тендерот е во тек и ќе се уредува речното корито од последниот мост до зградите „Силекс“.

 

 

Започна обележувањето на паркинг местата за зонско паркирање

Започна обележувањето на паркинг местата за зонско паркирање

Општина Кавадарци-Локална Самоуправа на ден 24.09.2018 година, има планирано активност за обележување на паркинг местата за зонско паркирање на бул. „Кочо Рацин” и бул. „Македонија” на делот од спојот со улица „Орце Николов” до влезот на паркингот позади зградите „Лепотици”.
Исто така на ден 25.09.2018 година ќе се врши обележување на паркинг местата на улиците „7-ми Септември“, „Браќа Џунови“ и „Цано Поп-Ристов“.
Општината апелира до граѓаните кои ги паркираат своите автомобили на овие локации, во деновите на изведувањето на работите истите да ги отстранат, со цел обележувањето да се изврши без пречки и проблеми.
Општината оваа активност ја реализира и во соработка со Полициската станица од Општа надлежност Кавадарци која доколку граѓаните не одговорат на апелот ќе извршат одстранување на паркираните возила од овие улици во наведените термини за навремено и ефикасно завршување на градежните работи.
Обележувањето ќе се врши во вечерните часови со почеток од 22:00 часот.

Рехабилитација на шахтите по кавадаречките улици

Рехабилитација на шахтите по кавадаречките улици

Општина Кавадарци преку ЈП „Комуналец“ деновиве засилено работи на рехабилитација на шахтите по кавадаречките улици.
Станува збор за редовна активност на комуналното претпријатие, која деновиве се изведува интензивно. Целта е да се санираат сите оштетени шахти и да се израмнат со нивото на асфалтот од коловозите. Со овој зафат како трајно решение ќе се рехабилитираат шахтите и ќе се отстранат и опасностите од нив како ударни дупки при одвивањето на сообраќајот по градските улици.

Градоначалникот Митко Јанчев додели Благодарници на сите кои што беа поддршка и учествуваа во Тиквешки Гроздобер 2018 година

Градоначалникот Митко Јанчев додели Благодарници на сите кои што беа поддршка и учествуваа во Тиквешки Гроздобер 2018 година

Градоначалникот Митко Јанчев им се заблагодари на граѓаните, локалната администрација, донаторите и спонзорите.55 насто од трошоците се обезбедени од донаторски  а 45 насто  се средства од буџетот на Општината.

На завршна средба Градоначалникот Митко Јанчев изрази оценка и благодарност дека годинашнава манифестација Тиквешки Гроздобер 2018 е успешна, со ветување дека в година ке бидат исправени некои недостатоци. Повеќе од 80 илјади посетители пробале вино.

Главно се фунционирало како треба. За три дена се испиени околу 20 илјади лири вино,  што е досега најмногу за една манифестација како ова. Се почитувала препораката  угостителите да придаваат вино и него да го служат како главен пијалак. За 6 месеци, колку траеле подготивките, завршена е голема работа.54 изнадние на Тиквешкиот гроздобер  го подржаа над 50 фирми , а спозори беа неколку компании компании.

На завршна свеченост Јанчев им додели благодарници и пригодни подароци на сите учесници и помагатели,донатори на Тиквешкиот гроздобер за придонесот кој го дадоа за се  добро да функционира. Притоа особено значајна била помошта у учествтвото на : ЈП Комуналец, ПС од ОН Кавадарци, Алијанс Секјурити, Ел Бокс, ППТЕ, Општа Болница Кавадарци. Безбедносната состојба била добра-без пријавени инциденти. За време на Гоздоберот, осбено за концертот на Цеца во Кавадарци престојувале над 5о илјади луге што е апсолутен рекорд за ваква манифестација во Кавадарци.