Автор: Општина Кавадарци

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2018 За унапредување на  административен службеник во Општина Кавадарци

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2018 За унапредување на административен службеник во Општина Кавадарци

Врз основа на  член 48 став 4 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18),и Правилник за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријава за унапредување, начинот на спроведување на административна селекција и интервјуто, како и начинот на нивното бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работното мест за кое е објавен интерниот оглас (Службен весник на РМ бр.11/15 и бр.35/18),  а согласно Правилникот за систематизација на работни места во Општина Кавадарци бр.09-2375/1 од 05.05.2016 година,  Правилник за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работни места во Општина Кавадарци бр.04-5645/1 од 29.11.2016 година, бр.09-762/1 од 24.02.2017 година,   бр.04-5259/2 од 28.12.2017 година, бр.04-2391/1 од 25.04.2018 година, бр.04-4442/1 од 01.08.2018 година и Позитивно мислење на Измена и дополнување на Годишниот план за вработување за 2018 година бр.12/6-3799/4 од 24.07.2018 година,  Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува

 

И Н Т Е Р Е Н  О Г Л А С  БРОЈ 01/2018 за унапредување на  административен службеник во Општина Кавадарци

 

 Општина Кавадарци објавува интерен оглас за унапредување на административни службеници   3 (три) извршители и тоа :

  1. УПР 01 01 Б04 000 Раководител на Одделение за општествени дејности, во Сектор за правни, општествени и општи работи  …………….1 извршител;
  2. УПР 01 01 В01 000 Советник за спроведување на урбанистички планови во Одделение за урбанизам, во Сектор за комунални работи, урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина……………………..1 извршител;
  3. УПР 01 01 В01 000 Советник одговорен сметководител, во Одделение за сметководство и плаќање, во Сектор за финансиски прашања………..1 извршител.

 

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2018

 

АСФАЛТНА ПОДЛОГА НА АТЛЕТСКАТА ПАТЕКА НА СПОРТСКИОТ ЦЕНТАР

АСФАЛТНА ПОДЛОГА НА АТЛЕТСКАТА ПАТЕКА НА СПОРТСКИОТ ЦЕНТАР

Општина Кавадарци го заокружува проектот за обновување и урбанизирање на атлетската патека на спортскиот центар „Јасмин“.

Оперативата на ангажираниот носител на јавната набавка на однапред подготвената подлога поставува асфалт на вкупна површина од 3.150м2, со дебелина од 5 цм.

Покрај асфалтирањето на атлетската патека, проектот опфати  нејзино проширување на делницата од 100 метри, како и ревитализација на јавното осветлување.

Со овој проект општината создава услови за по оптимално користење на спортскиот центар, пред се од големиот број рекреативци, а воедно овозможува и услови на основните и средните училишта за користење на патеката за изведување часови по физичко воспитување, како и за организирање на атлетски натпревари од понизок ранг.

ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ШИШКА“ ПОДГОТВЕН ЗА АСФАЛТИРАЊЕ

ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ШИШКА“ ПОДГОТВЕН ЗА АСФАЛТИРАЊЕ

Општина Кавадарци продолжува со реализација на програмата за комунална изградба. Ангажираната оператива изврши гребење на ошететниот асфалт на делница во должина од 400 метри.

На почетокот од идната недела треба да се изврши асфалтирање со што наместото на отстранетата површина од 1440м2 ќе се постави нов слој асфалт. Овојпат санацијата на оштетениот асфалт на оваа значајна регионална улица се одвива на потегот од раскрсницата кај ДТВ „Партизан“ до пешачкиот мост кај Основен суд Кавадарци.

КАСТРЕЊЕ НА ДРВОРЕДОТ НА УЛИЦАТА „7 СЕПТЕМВРИ“

КАСТРЕЊЕ НА ДРВОРЕДОТ НА УЛИЦАТА „7 СЕПТЕМВРИ“

Вработените од организационата единица „Паркови и зеленило“ при ЈП „Комуналец“ извршија кастрење на оштетените  и исушенте гранки од дрворедот на улицата „7 Септември“.

Беа третирани дрвјата на тротоарот од страната на „Паркот на Револуцијата“ и тоа на потегот од спојот со улицата „ 1-ви Мај“ до спојот со улицата „Браќа Џунови“. Во акцијата помогна и фирмата „ЕЛ-БОХ“ која обезбеди специјализирано возило корпа.

По извршеното кастрење овој дел од троторат е побезбеден за пешаците.