Автор: Општина Кавадарци

ПРЕВЕНТИВНА  АКЦИЈА ЗА НОВИОТ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ НА 4 ГРАДСКИ УЛИЦИ

ПРЕВЕНТИВНА АКЦИЈА ЗА НОВИОТ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ НА 4 ГРАДСКИ УЛИЦИ

         Општината Кавадарци преку одделението за сообраќај и службата Мој општинар во координирана акција со кавадаречката сообраќајна полиција спроведоа превентивна акција со опоменување на возачите кои не ги почитуваа сообраќајните знаци со кои се регулира новововедениот режим на сообраќај на 4 улици во градот.

          Од страна на полицијата се запираа возачите кои не го почитуваа знакот за еднонасочна улици и истите беа опоменувани за сторениот прекршок, а од страна на општинските служби беа информирани со леток на кој се означени измените во одвивањето на сообраќајот на улиците „Ресавска“, „Браќа Хаџи-Тефови“, „Браќа Џунови“ и улицата „Максим Горки“ .

      Веќе неколку денови на сила е изменет режим на одвивање на сообраќајот на овие улици во централното градско подрачје. Новиот режим пред се е воведе заради поголема пропустна моќ на градските сообраќајници, како и за обезбедување поголема безбедност на возилата и пешаците.

          По улицата „Максим Горки“ сообраќајот се одвива во насока од спојот со ул. „Партизанска“ кон спојот со улицата „Илинденска“.

          Согласно новиот режим сообраќајот на улицата „Браќа Хаџи Тефови“ се одвива во насока од спојот со улицата „Браќа Џунови“ кон спојот со улицата „Миле В`чков“.

          На улицата „Браќа Џунови“ на потегот од спојот со улицата „7 ми септември“ до спојот со ул „Браќа Хаџи Тефови“ сообраќајот се одвива во насока од улица „7 ми септември“ кон ул.„Браќа Хаџи Тефови“.

          Изменетиот режим на сообраќај на ул. „Ресавска“ се однесува на потегот од спојот со улиците „Тиквешко востание“ до спојот со улицата „Пионерска“. Овде сообраќајот се одвива во насока од ул. „Пионерска“ кон улицата „Тиквешко востание“.

ОБНОВЕНА БОЈАТА НА КЛУПИТЕ НА ПЛОШТАДОТ

ОБНОВЕНА БОЈАТА НА КЛУПИТЕ НА ПЛОШТАДОТ

Општина Кавадарци реализираше проект за обновување на клупите на градскиот плоштад.

Се обнови фарбата на дрвените делови како на подвижните така и на фиксните клупи во склоп на жардинерите. Од изградбата на новиот плоштад ова е прва посериозна интервенција на дел од урбаната опрема која граѓаните најинтензивно ја користат особено во вечерните часови кога плоштадот „врие“ од народ.

После новата павер ограда на Јаворот кај седумкатницата, потоа префарбувањето на канделабрите од јавното осветлување, како и претходното оспособување на кружните фонтани пред зградата, општинта со ревитализацијата на клупите ги подобри условите за одмор на граѓаните кои преферираат за таа намена да го користат градскиот плоштад.

Инаку ЈП „Комуналец“ редовно го одржува и обновува украсното зеленило во жардинерите на плоштадот.

Известување за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на енергетско ефикасни грејни тела

Известување за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на енергетско ефикасни грејни тела

Почитувани,

Комисијата за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на граѓани на Општина Кавадарци при купување на енергетско ефикасни грејни тела за 2018 г. објавен денеска на веб страната на општината, ВЕ ИЗВЕСТУВА дека поради големиот интерес и поднесени поголем број на барања од предвидените во рамките на планираниот буџет за истата намена, ЈАВНИОТ ПОВИК ЗАВРШУВА.

За комплетноста и исправноста на документацијата на поднесените барања, Комисијата за имплементација на Јавниот повик, до крајот на тековната недела ќе објави список.
Со почит
Комисијата за имплементација на Јавниот повик
ПРЕРЕДУВАЊЕ НА БЕХАТОН ПЛОЧКИ НА УЛИЦАТА „КЛИНСКА“

ПРЕРЕДУВАЊЕ НА БЕХАТОН ПЛОЧКИ НА УЛИЦАТА „КЛИНСКА“

Комуналната изградба во општината Кавадарци  се одвива непречено. Оперативата на фирмата „АС Машини“ деновиве работи на прередување на павер елементите на улицата „Клинска“ во населбата „Брушан маало“.

Согласно програмата се работи на прередување на површина од 330м2 од улицата.

Општината за оваа намена има предвидено сума од 300.000 денари,. Парите се обезбедени од буџетот, сметка за комуна изградба.

СООПШТЕНИЕ за организирање на стручна расправа и јавна анкета по Изменување и дополнување на Генерален урбанистички план на град Кавадарци и населбите Ваташа и Глишиќ – Општина Кавадарци

СООПШТЕНИЕ за организирање на стручна расправа и јавна анкета по Изменување и дополнување на Генерален урбанистички план на град Кавадарци и населбите Ваташа и Глишиќ – Општина Кавадарци

Врз основа на член 34 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14,44/15,193/15, 31/16,163/16 и 64/18), и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, ст.20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Кавадарци за 2015 година со Одлука бр. 07-5805/14 од 22.12.2014 година, од Советот на Општина Кавадарци, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:

СООПШТЕНИЕ

За организирање на стручна расправа и јавна анкета

по Изменување и дополнување на Генерален урбанистички
план на град Кавадарци и населбите Ваташа и Глишиќ –
Општина Кавадарци

Граници на опфатот се : Граница на постоечки ГУП

Опфатот е со површина од 866,28ха.

Стручна расправа и јавна анкета по Изменување и дополнување на Генерален урбанистички план на град Кавадарци и населбите Ваташа и Глишиќ – Општина Кавадарци, ќе се спроведе со излагање на Генерален урбанистички план во просториите на Општина Кавадарци.

Јавната анкета трае 30 дена, од 10.08.2018 до 10.09.2018 година, секој работен ден од 8:30 до 16 :30 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Стручната расправа со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 17.08.2018 година во 12:00 часот во просториите на Општина Кавадарци (Голема сала).