ОПШТИНА КАВАДАРЦИ
Врз основа на Програмата за развој на Општина Кавадарци за 2018 година и Програмата
за изменување и дополнување на Програмата за Развој на општина Кавадарци за 2018 година, Општина Кавадарци распишува
ЈАВЕН ПОВИК
за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Кавадарци за набавка на енергетско ефикасни грејни тела за 2018 година
1. Опис на Јавниот повик
1.1. Општина Кавадарци, со цел да ги стимулира жителите на Кавадарци(домаќинствата) за примена на почисто гориво и поквалитетни грејни тела за затоплување на своите домови, кои имаат повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот, на жителите кои ќе купат енергетско ефикасни грејни тела(печки на палети и инвертер клими) од денот на објавување на Јавниот повик заклучно со 31.10.2018 година, ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на енергетско ефикасни грејни тела во висина од 50%, но не повеќе од15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.
1.2. Јавниот повик трае од денот на објавувањето од 06.08.2018 година заклучно со 31.10.2018 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Општина Кавадарци за оваа намена, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв.
1.3. Доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства од Буџетот на Општина Кавадарци за оваа намена, Општина Кавадарци ќе ја информира јавноста на својата веб страна дека Јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен.
1.4. Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден прв услужен“.
2. Право на учество на Јавниот повик:
Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на Општина Кавадарци кои ќе купат енергетско ефикасно грејни тела за затоплување на своето домаќинство (станбен објект) од денот на објавувањето на Јавниот повик до денот на завршувањето на повикот и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на печка на пелети.
На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект во фаза на градба и не живеат во истиот.
3. Услови што треба да ги исполни барателот:
3.1. Барателот треба да ги исполни следните услови:
– да е жител на општина Кавадарци;
– да нема добиено финансиски средства за набавка на енергетско ефикасни грејни тела од било кој извор во Република Македонија;
– до поднесување на барањето да е корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут;
– новато енергетско ефикасно тело да го купи од денот на објавување до денот на завршување на Јавниот повик и истото да биде инсталирана на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот;
– станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее;
– само едно лице од домаќинство може да поднесе барање за добивање на надоместок.
3.2. За барателите кои имаат нов станбен објект, не важат условите од под-точката 3.
Напомена: Барателот мора да ги исполнува сите горенаведени услови за да неговото барање биде одобрено. Во спротивно, неговото барање ќе биде одбиено.
Read More