ОБЈАВА број 5/2022
за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија
по пат на електронско јавно наддавањево општина Кавадарци
ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
- Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено со УП за село Марена, Општина Кавадарци 2014-2024, донесен со Одлука на Општина Кавадарци број 08-326/4 од 31.01.2019 година, за изградба на објекти со намена на градба –Г2 – Лесна и незагадувачка индустрија(компатибилна класа на намена Б1, Б2, Б4, В2, Д2, Д3, Г3 и Г4 –49%) согласно Табеларен преглед 1, во кој се дадени податоци за градежните парцели, број на катастарски парцели опфатени со градежнaтa парцелa, намена на градба, максимална висина до венец, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.