Автор: Општина Кавадарци

Физибилити студија за регулирање на вишок грозје во РМ

Физибилити студија за регулирање на вишок грозје во РМ

Градоначалникот г-дин Митко Јанчев достави фезибилити студија за регулирање на вишок на грозје во РМ до Премиерот г-дин Зоран Заев, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство г-дин Љупчо Николовски и Специјален советник во Кабинетот на Премиерот г-ѓа Ленче Николовска. Со реализирање на овој проект би се решил проблемот на лозарите во годините кога се појавува вишок на грозје. Овој проект е од големо значење за Тиквешкиот регион.

Физибилити студија за регулирање на вишок грозје во РМ
ЈАВЕН ПОВИК за изразување на интерес на лица  за извршување на работни задачи од  областа Внатрешна ревизија во Општина Кавадарци

ЈАВЕН ПОВИК за изразување на интерес на лица за извршување на работни задачи од областа Внатрешна ревизија во Општина Кавадарци

Врз основа на член  22 став (1)  точка 12 од Законот за Локалната Самоуправа    (Сл. Весник на Р.М. бр.05/2002),  а за потребата  од исполнување на законската обврска согласно  членовите 29, 30 и 31 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола („Службен весник на Р. М.“ бр. 90/2009, 188/2013 и 192/2015), Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува

     ЈАВЕН ПОВИК

за изразување на интерес на лица

за извршување на работни задачи од

областа Внатрешна ревизија во Општина Кавадарци

Целта на внатрешната ревизија е на раководителот на субјектот од јавниот сектор да му обезбеди независно разумно објективно уверување и совет со цел за подобрување на работењето на субјектот и зголемување на ефективноста на системите за внатрешна контрола.

Со цел да се придонесе во подобрувањето на работењето на институцијата, а и согласно  членовите 29, 30 и 31 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола („Службен весник на Р. М.“ бр. 90/2009, 188/2013 и 192/2015), Општина Кавадарци ги повикува сите заинтересирани лица да се пријават на јавниот повик за регулирање, развој и усогласување на системот за внатрешна ревизија.

Заинтересираните лица  треба да ги исполнуваат следните критериуми:

–          Завршено универзитетско образование од областа (правни или економски науки ),

–          Работно искуство и познавања од областа Внатрешна ревизија.

Заинтересираните лица  треба да ги достават следните документи:

–          Пријава со кратка биографија,

–          Доказ  за завршено образование,

–          Доказ за работно искуство.

Пријавата со  бараните документи да се достави  во затворен плик со назнака Јавен повик- Внатрешна ревизија, во архива на Општина Кавадарци најдоцна до  28.05.2018 година.

По разгледување на пријавите заинтересираните лица  ќе се повикаат на разговор.

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

 ГРАДОНАЧАЛНИК

м-р. Митко Јанчев

УРБАНА ОПРЕМА КАЈ ГРОБОВИТЕ НА ЖРТВИТЕ ОД ВОЈНИТЕ ВО ЈУГОСЛАВИЈА

Општина Кавадарци по иницијатива на градоначалникот Митко Јанчев деновиве спроведе активности за санација на урбаната опрема поставена на просторот каде се наоѓаат гробовите на жртвите од војните во поранешна Југославија.

Интервенцијата на овој простор е прва што е спроведена од изградбата на ова обележје.

Оперативата на фирмата „ЗД Горан“ од Кавадарци  изработи нови клупи кои ги заменија старите и дотрајани, изврши ревитализација на масите, а ќе следи и целосна замена на настрешницата.

Просторот околу оградата на гробните места  во спомен обележјето ќе биде и хортикултурно уреден.

Со овој зафат општината го средува просторот околу спомен обележјето кое се наоѓа на влезот во градските гробишта во Кавадарци, каде почиваат: Сашко Гешовски, Петре Тодоровски и Мишо Митрев.

ПОПЛОЧУВАЊЕ ВО СЕЛО ДРЕНОВО

Комуналната изградба се одвива паралелно и во месните заедници во селата.

Според програмата општината деновиве работи на позиции во село Дреново каде се изедуваат градежни работи на поплочување на улици.

Оперативата на фирмата „Павер трејд“ од Кавадарци треба да постави бекатон коцки на неколку позиции со вкупна површина од 600м2.

Општината за оваа намена од сметката за комунална изградба ќе издвои 850.000 денари од буџетот.

ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ КАЈ ЗГРАДИТЕ НА БУЛ. „КОЧО РАЦИН“

Градежната механизација на фирмата „Ја-Ми“ од Кавадарци, општината Кавадарци и ЈП „Комуналец“ интензивно го реализираат птоектот за хортикутурно уредување на просторот меѓу зградите зад булеварот „Кочо Рацин“ и индивидуалните станбени објекти на улицата „Орце Николов“.

Се работи за површина од 2000м2 која што хортикултурно ќе се уреди. Фирмата донатор „Ја-Ми“ на општината и отстапи скипер и 4 камиони со кои просторот најпрвин се расчисти од шут, смет и обрасната вегетација. Потоа беше донесена земја со која се дооформија  зелените површини.

Јавното претпријатие на тој простор ќе спроведе систем за полевање, по што ќе следи  садење на дрвја и сеење на трева.

 По завршувањето на акцијата општина Кавадарци на жителите од овој дел на градот ќе им предаде во употреба урбанизиран и култувиран простор за одмор и рекреација.