Автор: Општина Кавадарци

Амбасадорот на САД се сретна со градоначалникот Јанчев

Амбасадорот на САД се сретна со градоначалникот Јанчев

Градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев денеска имаше работна средба во својот кабинет со амбасадорот на САД Џес Бејли.

За средбата информираше во изјава за медиумите Јанчев и рече дека амбасадорот ја поздравил соработката помеѓу градоначалникот и советот иако доаѓаат од различни политички партии.

„Разговаравме на таа тема и е многу среќен што тоа функционира. Ми се чини дека сме единствена општина во Македонија каде функционира градоначалникот од една опција а Советот да биде од друга и да функционира како што треба без никакви опструкции во интерес на општеството. Не само овој амбасадор, сите кои имаат дојдено се задоволни поради тоа и мислам дека тоа е правиот начин и правиот пат за развивање на демократијата во Македонија“ рече Јанчев.

Тој нагласи дека амбасадорот ја подржувал општина Кавадарци, давал голема сила и ветер во грб за да се движи општината напред.

„Сме со исто мислење, дека имаме добра перспектива и економска и општествена, да се развиваме како општина во подобра насока“ додаде градоначалникот и информира дека се разговарало на економски, општествени и политички теми.

„Американската амбасада е доста инволвирана во сите ситуации и е доста добро запознаена со функционирањето на општините и на Владата, така да можеме да очекуваме поддршка во секој дел, нормално таа поддршка може да биде и материјална и финансиска и со инвестиции во делот на развој на економијата“ рече Јанчев во изјавата за медиумите.

 

Јавен повик за прибирање на барања за остварување на правото за реконструкција на станбени згради за подобрување на енергетската ефикасност во колективното домување во Општина Кавадарци

Јавен повик за прибирање на барања за остварување на правото за реконструкција на станбени згради за подобрување на енергетската ефикасност во колективното домување во Општина Кавадарци

Врз основа на член 50 од Законот за Локална Самоуправа (Службен весник на Р.М бр.5/2002 од 29.01.2002 година ), член 113 од Статутот на Општина Кавадарци ( Сл.Гласник на Општина Кавадарци бр.8/05 ) Член 1 од Одлуката за  субвенционирање на воведување  мерки за подобрување на енергетска ефикасност во стамбени згради за колективно домување во општина Кавадарци бр.08-272/9 од 30.01.2018 и Решение за именување на членови во Комисија за имплементација на мерките за обезбедување поддршка во подобрувањето на енергетската ефикасност во колективното домување во Општина Кавадарци  бр. 08-725/7 од 16.02.2018  oд  Совет на Општина Кавадарци и член 5 од Правилникот за одредување на критериумите и условите кои треба да се исполнат за имплементирање на мерките за обезбедување подршка во подобрувањето на енергетската ефикасност во колективното домување во Општина Кавадарци

 ОПШТИНА КАВАДАРЦИ – ЛОКАЛНА САМОУПРАВА Објавува ЈАВЕН ПОВИК  БР. 1/2018

За прибирање на барања за остварување на правото за реконструкција на станбени згради за подобрување на енергетската ефикасност во колективното домување во Општина Кавадарци

  1. Проектот опфаќа подршка во поставување на термоизолациони фасади на станбените згради за колективно домување во насока на подобрување на животниот стандард на семејствата кои живеат во згради за колективно домување, како и за подобрување на енергетската ефикасност и заштеда на енергијата.
  2. Средствата во висина од  30% од вкупниот износ од заедничките делови од станбена зграда за колективно домување, за секоја одобрена апликација ќе бидат доделени во форма на субвенција од страна на општината. Средствата за овој повик за сите апликации, изнесува  4.000.000 денари и ке се обезбедат од Буџетот на Општина Кавадарци Програма ГА конто.

3.   Право да аплицираат по проектот имаат: 

  • станбени згради за колективно домување на територијата на Општина Кавадарци
  • станарите кои обезбедиле согласност за учество  во проектот од минимум  51% од вкупниот  број на станари што живеат во таа зграда
  • Станбени згради во кои што 51% од станарите сопственици на посебните делови се согласни да учествуваат  во проектот, под условите опишани во точка 4 од Правилникот

4.   Услови кои станбените згради треба да ги исполнуваат

  • подготвеност да учествуваат во програмата
  • да имаат способност за исплата на заемите, која ке биде утврдена согласно нивните прифатени услови
  • подготвеност за прифаќање на конкретните проектни критериуми на Општина Кавадарци односно превземање на обврска за овозможување на проверката на условите на домување и на приходите во секое семејство поединечно

5. Општина Кавадарци не ги покрива трошоците за потребните мерења, изработка на проектна документација и надзорот.

 

Листа на потребна документација која што апликантот треба да ја достави

–         Пријава- образец со потпишан од претседателот на заедница на станари или претставник на станарите

–         Имотен лист со кој се потврдува сопственоста стамбениот простор

–         Согласност за прифаќање на на условите од повикот заверена на нотар (за секој станар посебно)

–         Согласност за учество во проектот потпишана од станарите сопственици на најмалку 51% од површината на стамбениот простор на зградата

НАПОМЕНА:

Пријавите кои не исполнуваат условите  нема да бидат разгледани .

Станарите на зградите чии пријави се одобрени ќе склучат договор (секој посебно) за поддршка со Општина Кавадарци, под условите на овој повик и условите пропишани во Правилникот.

Договорите за подршка ќе бидат во износ усогласен со големината на станбената површина која што ја користи сопственикот на станот и согласно прифатената предмер пресметка од  изведувач од страна на станарите апликанти..

Комплетната документација ке биде разгледана од страна на Комисијата за имплементација на мерките за обезбедување подршка во подобрување на енергетската ефикасност во колективното домување во Општина Кавадарци.

Потполнетите пријави заедно со комплетната документација за учество во проектот да биде доставена до архивата на Општина Кавадарци – Локална Самоуправа со назнака за Комисијата за имплементација на мерките за обезбедување подршка во подобрување на енергетската ефикасност во колективното домување во Општина Кавадарци најдоцна до  08.04.2018година

Барањето за остварување на правото за реконструкција на станбената зграда се поднесува на образец кој ке биде објавен на веб страната на Општина Кавадарци. На веб страницата на општина Кавадарци ке биде објавен и образецот  за согласност за учество во проектот потпишана од станарите сопственици на најмалку 51% од површината на стамбениот простор на зградата.

За дополнителни информации можете да се се обратите во општина Кавадарци канцеларија бр. 9

 Важно соопштение: Рокот за поднесување пријави се продолжнва 23.05.2018 година.

Јавен повик

Правилник за ЕЕ станбено домување-2018 за објава

Согласност за учество

Пријава

Општина Кавадарци

ЈАВЕН ПОВИК за доставување на иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови

ЈАВЕН ПОВИК за доставување на иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови

Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање ( “Службен весник на Република Македонија”  бр.199/14) и измените и дополнувањата на  Законот за просторно и урбанистичко планирање ( “Службен весник на Република Македонија”  бр. 44/15, 44/15, 193/15, 31/16 и 163/16) Општина Кавадарци распишува:

 ЈАВЕН ПОВИК за доставување на иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови

Секое заинтересирано правно и физичко лице во тек на јавниот повик може да достави иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови и тоа: Детални Урбанистички Планови, Урбанистички планови за села и Урбанистички планови за вон населено место.

Иницијативите може да се доставуваат во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма во архива на Општина Кавадарци.

Предмет на иницијатива може да биде нов урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки урбанистички план.

Јавниот повик трае од 19.02.2018год. до 19.03.2018год.

 

ЈАВЕН ПОВИК

ТРОТОАР НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „РАЈКО ЖИНЗИФОВ“

Денеска започнаа работите на подготовка на подлогата за поставување на тротар на дел од улицата„Рајко Жинзифов“.

Станува збор за делница со површина од 340м2 на потегот од спојот со улицата „Шишка“ до спојот со ил „25 Мај“. На овојдел во должина од 15о метри оперативата на фирмата „Инвест груп“ од Неготиноќе постави бекатон коцки.

Вкупната инвестиција за овој проект изнесува 425.000 денари, парите се обезбедени од оперативниот буџет програма за комунална изградба.

ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ПРОЕКТОТ„РЕЛОАД“ПОМЕЃУ ОПШТИНАТА,ЕУ УНДП И НВО СЕКТОРОТ

Почитувани,

Денеска во големата сала на општина Кавадарци се одржа јавна дебата, за проектот „РеЛОад“ – Регионална Програма за Локална Демократија во Западен Балкан, финансиран од Европската Унија.

Општина Кавадарци-Локална самоуправа, во периодот 2018-2019 година, ќе учествува во овој проект, кој се спроведува од страна на Програмата за Развој на Обединетите Нации – УНДП.

Главната цел на проектот е јакнење на партиципативните демократии и интегративниот процес во ЕУ на Западен Балкан преку јакнење на граѓанското општество со цел истото да земе активно учество во донесување на одлуки на локално ниво.

Денеска претставниците на општина Кавадарци како и претставниците на УНДП имаа можност преку дискусија со заинтересираните претставници на невладиниот сектор од Кавадарци на транспарентен начин да ги дефинираат приоритетите на ниво на општина, кои ќе послужат како показатели за понатамошно реализирање на проектите.

Општината ЕУ и УНДП очекуваат дека со ваквиот пристап ќе ги прошират релациите помеѓу локалната власт и граѓанските организации и ќе го подобрат квалитетот на услугите кон граѓанските НВО организации.