Автор: Општина Кавадарци

ИЗГРАДБА НА ТРОТОАР НА УЛИЦАТА „КИРО КРСТЕВ“

Започнаа работите на поставување на тротоар на улицата „Киро Крстев“. Работите ги изведува кавадаречката фирма „Урбан Инвест“.

За оваа намена општината инвестира вкупно 350.000 денари, пари од буџетот,согласно програмата за комунална изградба. Се работи на потегот одтротоарот наделот помеѓу улиците „Браќа Миладинови“ улица „Елпида Караманди“.На површина од 330м2 ќе бидат поставени бекатон коцки.

Со овој зафат општината ќе овозможи побезбедно движење на пешаците.

ТРОТОАР НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „МЕТОДИ ЏУНОВ-ЏИКО“

Согласно програмата за комунална изградба од 2017 година Општина Кавадарци преку Оперативата на фирмата „Урбан Инвест“ ги изведува работите на проектот тротоар на улицата „Методи Џунов-Џико“

 Согласно овој проект ќе се постават павер елементи-бекатон коцки на површина од 130м2  на тротоарот од улицата на потегот од салата „Партизан“ до спојот со улицата „Браќа Миладинови“. Во оваа фаза се работи на тротоарот до оградата на Здравствен дом-Кавадарци.

Општината од оперативниот буџет за оваа намена издвои 140.000 денaри.

Ова комунално решение ќе овозможи поголема безбедност на пешаците коисе движат на овој правец, каде има се поголема фрекфенција на моторни возила.

Известување за одржување на Јавна дебата по проект РЕЛОАД

Известување за одржување на Јавна дебата по проект РЕЛОАД

Општина Кавадарци – Локална самоуправа, во периодот 2018-2019 година, ќе го спроведува проектот РеЛОад – Регионална Програма за Локална Демократија во Западен Балкан, финансиран од Европската Унија а ќе се спроведува од страна на Програмата за Развој на Обединетите Нации – УНДП. Главната цел на проектот е јакнење на партиципативните демократии и интегративниот процес во ЕУ на Западен Балкан преку јакнење на граѓанското општество за истото да земе активно учество за донесување на одлуки на локално ниво.

За таа цел Ве повикуваме сите заедно на ден 15.02.2018 година(Четврток) во 13:00 часот во големата сала на општина Кавадарци, на транспарентен начин да ги дефинираме приоритетите на ниво на општина, кој ќе ни послужат како показатели за понатамошно реализирање на проектите. Се надеваме дека со ваквиот пристап ќе ги проширеме релациите помеѓу локалната власт и граѓанските организации и ќе го подобриме квалитетот на услугите кон граѓанските организации

Известување
ЕУ амбасадорот Жбогар во посета на Кавадарци

ЕУ амбасадорот Жбогар во посета на Кавадарци

Шефот на делегацијата на Европската Унија  во Република Македонија неговата екселенција амбасадорот Самуел Жбогар  беше во прва работна посета на Кавадарци. Посетата е дел од кампањата „ЕУ за тебе”, која има за цел да ја покрене свесноста и да ја информира јавноста за помошта што Европската Унија јадава во земјата..

            Високиот претставник на Европската Унија имаше работна средба со градоначалникот Митко Јанчев, а на состанокот присуствуваа и членовите на Советот на општината: Ташо Радњански, Зоран Јованчев и Лазар Туриманџов,

            Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев после средбата искажа задоволство од разговорот како и од посетата на евро амбасадорот на општината. Јанчев на прес конференцијата истакна: „Со амбасадорот Жбогар. разговаравме на повеќе теми и за она што ЕУ заедно со амбасадорот го имаат сработено и доделено  на Кавадарци во вид на грантови и донации, а во полза на граѓаните. Разговаравме и за нашите проекти кои што ги имаме. За новиот градоначалник и новата визија за Кавадарци, а пред се за проекти кои во соработка со ЕУ би можеле да ги реализираме во наредниот период“ рече Јанчев.

            Амбасадорот Жбогар ја поздрави соработката помеѓу советот и градоначалникот иако доаѓаат од различни политички партии. Посака таква соработка меѓу двете најголеми партии да има и на национално ниво, се во интерес на граѓаните. Жбогар за прв пат денеска официјално е во посета на Општина Кавадарци и искажа задоволство од онашто го слушна и виде во Кавадарци. „Ми беше мило да слушнам многу пофални зборови за градоначалникот за плановите за развој на општината. Слушнав охрабрување, позитивни размислувања во врска со неговата работа и за довербата што ја имаат граѓаните во новото лидерство на општината“ нагласи Жбогар.

            Претставникот на ЕУ сепак стави акцент на работоата на Советото на општината. „Навистина постои многу добра соработка, а тоа се гледа и од самиот факт што градоначалникот на денешниот состанок ги донесе и претставниците на другите политички партии. Тоа само по себе говори дека постои многу добра соработка на ниво на општинскиот совет, впрочем тоа и го потврдија присутните на состанокот. Мислам дека е многу добро да се види една таква соработка која што функционира посебно на локално ниво, затоа што луѓето од различните партии се обединуваат за реализација на проекти за добробит на граѓаните. Овој пример треба да се види и во другите општини. Ваков пример на добра соработка би сакале да видиме и на национално ниво, посебно кога се работи за национални стратешки прашања каде што соработката помеѓу двете големи политички партии би била повеќе од неопходна“ рече Жбогар.

            Градоначалникот Јанчев од амбасадорот Жбогар прими Благодарница од ЕУ во знак на признание аз сите досега успешно раелизирани проекти, а воедно како потстрек за  успешна  соработка во иднина.

          При посетата на Кавадарци амбасадорот најпрво беше во СОЗШУ „Ѓорче Петров“ каде оствари средба со неколкумина кавадарчани обучени за изработка на мебел финансиран од Европската Унија. Амбасадорот на нив им предаде сертификат со кој можат да работат како во земјава, така и во земјите членки на унијата. Ја посети и работилницата во која се врши практичната обука за ученици и возрасни, во која впрочем и беа обезбедени материјали за обука во рамките на проектот. Средба беше дел од проектот „Јакнење на доживотното учење преку модернизација на системите на стручно образование и обука и на образованието на возрасните”, спроведен од Британскиот Совет, а финансиран од Унијата.

          Жбогар бешеи во посета на Центарот за вработување, во врска со проектот „Поддршка на процесот за подобрување на работата и услугите на Агенцијата за вработување”, аимаше и работен ручек во ВВ „Тиквеш“ со ликовни уметници, актери и клтурни дејци од Кавадарци.

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА ИЗРАБОТКА НА ИДЕЈНО ПАРТЕРНО И АРХИТЕКТОНСКО РЕШЕНИЕ ЗА ПРЕНАМЕНА НА ДЕЛ ОД ГРАДСКИ ПЛОШТАД ВО КАВАДАРЦИ

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА ИЗРАБОТКА НА ИДЕЈНО ПАРТЕРНО И АРХИТЕКТОНСКО РЕШЕНИЕ ЗА ПРЕНАМЕНА НА ДЕЛ ОД ГРАДСКИ ПЛОШТАД ВО КАВАДАРЦИ

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

Број 14/2018 

За 

ИЗРАБОТКА НА ИДЕЈНО ПАРТЕРНО И АРХИТЕКТОНСКО РЕШЕНИЕ ЗА ПРЕНАМЕНА НА ДЕЛ ОД ГРАДСКИ ПЛОШТАД ВО КАВАДАРЦИ (амфитеатар и голема фонтана), подобрување на осветлувањето како и дополнување на плоштадот со зеленило и урбана опрема

ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ИДЕЈНИ РЕШЕНИЈА

Почитувани,

Договорниот орган Општина Кавадарци, има потреба од спроведување на конкурс за избор на идејно партерно и архитектонско решение за пренамена на дел од градски плоштад во Кавадарци (амфитеатар и голема фонтана), подобрување на осветлувањето како и дополнување на плоштадот со зеленило и урбана опрема,  како посебна постапка со доделување на награда на прворангираниот.

За таа цел, договорниот орган спроведува конкурс за избор на идејно решение, во согласност со член 21, став 3 и член 105 од Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр. 136/07, 130/08, 97/10, 53/11, 185/11, 15/13,148/13,28/14,43/14,130/14,180/14, 78/2015,192/2015,27/2016,120/2016 и 165/2017), за што објави оглас број 14/2018.

Ве молиме да ни го доставите Вашето идејно партерно и архитектонско решение за горенаведениот предмет на конкурсот најдоцна до 30.03.2018 година во 10.00 часот (по локално време) по пошта на горната адреса или лично со поднесување во архивата на договорниот орган.

Со оваа покана Ви доставуваме конкурсна документација која ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат за изработка на идејното решение.

Отворањето на идејните решенија нема да биде јавно и ќе се изврши на датум и час определени како краен рок за поднесување на идејните решенија во просториите на договорниот орган.

Однапред благодариме на соработката.

Во Кавадарци,

05.02.2018 година

 

Конкурс за избор на идејно решение
Извод од план
Конкурсна документација
Проектна програма за конкурс
Слики од плоштад