Доставување на Б – интегрирана еколошка дозвола
До Општина Кавадарци доставено е барање за Б-интегрирана дозвола на фирмата ЕНЕРГО МАКСИСТЕМ ДОО-Скопје за дејност БЕТОНСКА БАЗА .
Сите засегнати странки документите за Б-инсталацијата можат да ги видат во соба 14 Општина Кавадарци во периодот од 02-05-2017 до 09-05-2017 год од 09-00 до 12-00 часот.
Урбан Инвест Б-Дозвола
Предмет: Барање за добивање на дозвола за усогласување со оперативен план за
инсталација која врши активност од Уредбата , Прилог 2
Интегрирано спречување и контрола на загадувањето
Инсталација: УРБАН ИНВЕСТ ДОО Грков Јован с. Возарци, Општина Кавадарци
Фондацијата Елена Лука објавува оглас за самохрани мајки за поддршка за започнување на сопствен бизнис или проширување на веќе постоечкиот
Фондацијата Елена Лука објавува оглас за самохрани мајки за поддршка за започнување на сопствен бизнис или проширување на веќе постоечкиот од следните општини: Скопје, Прилеп, Штип, Радовиш, Кавадарци. Во рамки на проектот ќе бидат поддржани 5 самохрани мајки со по 100.000 денари.
Јавен оглас за самохрани мајки
Заинтересираните самохрани мајки се поканети и охрабрени се пријават на јавниот оглас за добивање на неповратна поддршка во износ од 100.000 денари.
Критериуми за аплицирање
- Самохрани мајки кои сакаат да започнат сопствен бизнис или да го унапредат веќе постоечкиот;
- Самохрани мајки со деца на возраст до 26 години;
- Државјани на Република Македонија
Опис на поддршката
Поддршката ќе се состои во набавка на техничка опрема, материјали за работа или обезбедување обуки. Краен рок за аплицирање е 08 мај 2017.