ЈАВЕН ОГЛАС За вработување на (1) еден извршител помошно техничко лице на неопределено работно време во Општина Кавадарци
Врз основа на член 20-г и член 22 од Законот за вработените во јавниот сектор („Сл. Весник на РМ.„ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18, 198/18 и („Сл. Весник на РСМ.„ бр.143/19 и 14/20 ) и член 22 и член 23 од Законот за работните односи („Сл. Весник на РМ.“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Сл. Весник на РСМ.“ бр.110/19, 267/20, 151/21, 288/21 и 111/23), а согласно Правилникот бр. 04-6196/3 од 28.11.2019 година за систематизација на работните места во Општина Кавадарци, Правилникот бр. 04-1911/1 од 26.03.2021 година, бр. 04-1911/6 од 27.04.2021 година, бр.04-2567/1 од 12.04.2022 година, 04-2567/4 од 24.11.2022 година и 04-3477/1 од 25.05.2023година за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Општина Кавадарци, Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува
Ј А В Е Н О Г Л А С
За вработување на (1) еден извршител помошно техничко лице на неопределено работно време во Општина Кавадарци
Општина Кавадарци има потреба од вработување на (1) еден извршител помошно техничко лице на неопределено работно време, за следното работно место:
- Возач со шифра УПР 04 03 А02 001 во Одделение за правни и општи работи, Сектор за правно-нормативни и општи работи, ………………………………..(1) извршител;
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови :
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.