Прием на новиот Унгарски амбасадор
Градоначалникот Александар Панов го прими во работна посета новиот ополномоштен амбасадор на Република Унгарија во Р. Македонија Д-р Ласло Лукс. На средбата во неговиот кабинет присуствуваа и најблиските соработницина новиот унгарски амбасадр.
Панов прд неговата екселенцијаја претстави општина кавадарци со акцент на стопанскиот потенцијал. По средбата во изјава за медиумите градопначалникот Александар Панов изјави: „Јас сум почестен што денеска е кај мене новиот унгарски амбасадот. Имавме извонредни односи со неговиот претходник. Би сакал таа соработка од култура да прерасне во економска што од новиот амбасадор беше прифатено. Интересот ќе го насочиме кон микросредините Кавадарци и Мор од Унгарија. Притоа предочив одредени предности на Општината, како подрачје. Задоволен сум што и тој тежнее кон економската соработка. Планираме да се одржат заеднички состаноци на Регионалните стопански комори. Овде се е Европските фондови, кои можат да ни се пориближат со помош на нашите пријатели од Унгарија, вели градоначалникот Панов во изјава за медиумите. Инаку првата средба ке ке биде средба на региналните економии, нешто за што е потпишан меморандум 2015 година. Амабасадорот Д-р Ласло Лукс се согласи со Панов и ја потенцира економската соработка -Како нов амбасадот драго ми е што сум во Кавадарци ,во овој битен индустриски центар. Ние ви иднина ќе се фокусираме на економскара соработка. Потенцијалот во ова област овде е добар. Имаме партнерски односи и соработка и меѓу Стопанските комори. Ќе се обидеме да ги зајакнеме билатералните врски. Инаку го поознавам вашето подрачје и неговиот потенцијал а земјоделството е едно од нив, секако овде се и малите и средни преетпријатија. Имам пробано Тиквешко вино и мој фаворит е Вранецот“, вели амбасадорот на Унгарија во Македонија Д-р Ласло Лукс.