Автор: Општина Кавадарци

Подготовка на документи за  воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив  систем за управување со отпад  во Пелагониски, Југозападен, Вардарски и Скопски регион

Подготовка на документи за воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски, Југозападен, Вардарски и Скопски регион

Нацрт Стратегиска оцена на животна средина за нацрт Регионален план за управување со отпад за Вардарски регион

Нацрт стратегиска оцена на животна средина

 

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СЦЕНАТА ВО ДОМОТ НА КУЛТУРАТА

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СЦЕНАТА ВО ДОМОТ НА КУЛТУРАТА

Започна реновирањето на сцената и просторот за глумците-гримиони, во Домот на културата „Иван Мазов-Климе” во Кавадарци. Увид во почетните градежни зафати изврши градоначалникот Александар Панов кој рече дека ова е последниот градежен зафат во културниот дом. Тој најави и дополнително опремување во културната установа. „По неколкуте инвестиции во изминатите години, овде завршуваме со инфраструктурните вложувања. Ова всушност значи заокружување на реконструкцијата и доведување на домот во добра кондиција. Претходно инвестиравме во столчиња, тоалети, 3Д кино“ рече Панов.

Реконструкцијата ќе заврши за еден месец, а инвестицијата чини околу триесет илјади евра. Со тоа, нагласи Панов се решаваат сите инфраструктурни потреби на културните установи во градот.

Директорот Владимир Темков се заблагодари на локалната самоуправа за вложувањето во Домот. „Кавадарци ќе има еден од поубавите домови на култура во државата, ќе биде меѓу најубавите од оние кои се изградени приближно во истите години“ нагласи тој.

 

72 ГОДИНИ СЛОБОДНО КАВАДАРЦИ

72 ГОДИНИ СЛОБОДНО КАВАДАРЦИ

Општина Кавадарци со свечена седница на Советот на Општината, денеска на 7 Септември ќе ја одбележи 72 годишнината од ослободувањето. Свеченостите започнаат претпладнето кога делегации од општината, сојузот на борци и почитувачи на придобивките од НОБ, делегации на политичкиот и културниот живот предводени од градоначалникот Александар Панов ќе положат букети свежо цвеќе пред споменикот на слободата и револуцијата на градскиот плоштад. Во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ вечер со почеток во 19:30 часот ќе се одржи Свечената сеница на Советот, со свечена академија. Пред присутните свое обраќање ќе има градоначалникот Александар Панов.

На свечената седница ќе се доделат и признанијата на годинашните добитници на највисокото општинско признание, наградата „7 Септември“. Со одлука на Советот на општината лауретаи за 2016 година се: Академик Глигор Чемерски-постхумно, како знак на општествено признание за посебен придонес во уметноста, примариус д-р Бранко Поповски за посебен придонес во здравството и Благој Пешиќ за постигнувања во развојот на стрелаштвото. Советот ги награди со плакета и диплома „7 Септември“.

На свечената академија во чест на празникот на градот во културно уметничкиот дел ќе настапат репродуктивните уметници: Силвана Чулева-Атанасова на флејта, Емилија Кабранова-Филипова клавир и Лазар Соколов кларинет. Овие истакнати репродуктивни уметници ќе се претстават со популарни класични дела на од странски и домашни композитори.

Градоначалникот Александар Панов беше во посета на ООУ „Тошо Велков-Пепето“

Градоначалникот Александар Панов беше во посета на ООУ „Тошо Велков-Пепето“

На почетокот од новата учебна година градоначалникот Александар Панов беше во посета на ООУ „Тошо Велков-Пепето“. Имаше можност на самото место да се запознае со условите и подготвеноста на училиштето за новата учебна година. Панов оствари кратки средба со учениците во неколку паралелки од претпладневната настава на часовите по музичко, историја и информатика. Градоначалникот во рамките на престојот изврши обиколка на наставничкиот кабинет и помошните простории.

Во изјава за медиумите тој искажа задоволство од она што го виде. Притоа нагласи: „Она што го видов е навистина добро. Подготвеноста на училниците и кабинетите е одлична. Училиштето целосно го оправда државното признание за најдобро во Македонија. Уште еднаш констатирав дека општинските, републичките и средствата од донаторите вложени во обнова и реконструкција на објектот го нашле вистинското место. Се уверив и во професионалната изведба на целосно обновениот санитарен јазол во училиштето, што беше последна од низата проекти на општината во објектот. Во оваа прилика морам да истакнам дека состојбата и со останатите општински основни и средни училишта во општината е иста. Имаме целосно реконструирани објекти кои подготвени ги дочекаа учениците“.

Директорката на училиштето Ѓурѓица Алексова од името на учениците и наставниот кадар се заблагодари на Панов, на Советот и на Општината што имаат разбирање за потребите на образовните институции и редовно прават проекти ско кои се подобруваат условите за работа и престој во училиштата.

На крајот од посетата градоначалникот Панов уште еднаш на сите ученици им посака успешна учебна година со ветување дека инвестициите во образовните институции ќе продолжат и во наредните години.

40 ГОДИНИ ОД ИЗГРАДБАТА НА СПОМЕН КОСТУРНИЦАТА НА ПАДНАТИТЕ БОРЦИ ОД НОБ

40 ГОДИНИ ОД ИЗГРАДБАТА НА СПОМЕН КОСТУРНИЦАТА НА ПАДНАТИТЕ БОРЦИ ОД НОБ

На 7 септември оваа година се навршиа 40 години од изградбата на Спомен костурницата на паднатите борци од НОВ и револуцијата 1941-1945 година. Овој спомен објект во градскиот парк е дело на инг. арх. Петар Муличковски, редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Спомен костурницата на паднатите борци од НОВ симболизира стара македонска куќа, која треба да претставува вечно почивалиште на паднатите борци и жртви на фашистичкиот терор од општина Кавадарци. Во внатрешноста на оградата на костурницата се поместени моштите на паднатите борци, а од внатрешноста на костурницата на 24 гранитни плочи се испишани имињата на сите 333 паднати борци од општина Кавадарци. На голем број од паднатите борци кои своите животи ги положија во завршните борби за ослободување на Македонија и Југославија (борбите во Западна Македонија, борбите за пробив на Сремскиот фронт, за ослободување на Загреб итн.), нивните посмртни останки не се пренесени и се погребани на местата каде што се загинати.

Во текот на 2012 година  е организирана акција за чистење на графитите на Сопмен костурницата, а во 2015 година е извршено реновирање со целосна промена на сите 24 гранитни плочи на кои сега се запишани имињата на сите 333 паднати борци. На старите плочи беа испишани имињата на само 264 борци и жртви на фашистичкиот терор од општина Кавадарци. При реновирањето на Спомен костурницата е извршено и нејзино целосно осветлување, партерно и хортикултурно уредување a поставен e и видео надзор.