СООПШТЕНИЕ за спроведување на јавен увид по УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ГАРНИКОВО 1.2
Врз основа на член 62 став (10) од Законот за урбанистичко планирање (,,Сл.Весник на РСМ” бр.32/20) и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Кавадарци за 2021 година со Одлука број 08-3077/7 од 27.05.2021 година објавена во Службен Гласник на Општина Кавадарци бр. 74 донесена од страна на Советот на Општина Кавадарци, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното
СООПШТЕНИЕ
За спроведување на јавен увид по
на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИЗГРАДБА НА ФОТОВОЛТАИЧНА ЕЛЕКТРАНА ГАРНИКОВО 1.2 СО ПОСТАВУВАЊЕ НА ФОТО-НАПОНСКИ ПАНЕЛИ НА ЗЕМЈИШТЕ НА ДЕЛ ОД КП 441, КО ГАРНИКОВО, ОПШТИНА КАВАДАРЦИ
Член 1
Се известуваат граѓаните на Општина Кавадарци дека се организира Јавен увид по УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИЗГРАДБА НА ФОТОВОЛТАИЧНА ЕЛЕКТРАНА ГАРНИКОВО 1.2 СО ПОСТАВУВАЊЕ НА ФОТО-НАПОНСКИ ПАНЕЛИ НА ЗЕМЈИШТЕ НА ДЕЛ ОД КП 441, КО ГАРНИКОВО, ОПШТИНА КАВАДАРЦИ, тех.бр. 0801-131/21 од Декември 2021, изработен од Друштво за проектирање и одржување на објекти, производство, трговија и услуги РЕСУРС ЛТДИ ДООЕЛ Кавадарци.
Член 2
Проектниот опфат на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИЗГРАДБА НА ФОТОВОЛТАИЧНА ЕЛЕКТРАНА ГАРНИКОВО 1.2 СО ПОСТАВУВАЊЕ НА ФОТО-НАПОНСКИ ПАНЕЛИ НА ЗЕМЈИШТЕ НА ДЕЛ ОД КП 441, КО ГАРНИКОВО, ОПШТИНА КАВАДАРЦИ е опфатена во рамките на урбаниот опфат на Просторниот План на Република Македонија, според кој се изработени условите за планирање на просторот од страна на Агенцијата за планирање на просторот – Скопје, Република Македонија, со технички број Y13721 од Јули 2021. Read More