Автор: Општина Кавадарци

Објава за продолжување на нова дозвола на Нова Инжинеринг

Објава за продолжување на нова дозвола на Нова Инжинеринг

Согласно член 99 став 1 и член 122 став 4 од Законот за животна средина (Сл весник на Р.М бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16, 28/18, 65/18 и 99/18), Градоначалникот на Општина Кавадарци:

ОБЈАВУВА Барање за добивање Б – Интегрирана еколошка дозвола

 

             Врз основа на член 124 од Законот за животна средина (Сл весник на Р.М. бр.53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16, 28/18, 65/18 и 99/18), до Градоначалникот на Општина Кавадарци е доставено барање за добивање Б – Интегрирана еколошка дозвола бр. 11-1439/8 од ДИРГР  НОВА ИНЖИНЕРИНГ  дооел,  инсталација во с. Возарци – Кавадарци.

Категорија на инсталацијата:

Прилог 1,  точка 2,  Производство и преработка на метали, односно подточка 2.3 инсталација за обработка на ферометали:

  • Производство и преработка на метали

Ја информираме јавноста дека сите потребни информации за барањето за Б – Интегрирана еколошка дозвола, ќе бидат достапни во просториите на Општина Кавадарци во Секторот за урбанизам, комунални дејности и заштита на животна средина. Заитересираната јавност може да изврши увид во истата во рок од 15 дена од денот на објавување во просториите на локална самоуправа во соба број 2/3 од 9,00 до 12,00 часот.

Монтажа на клупи и корпи за отпадоци во централното градско подрачје

Монтажа на клупи и корпи за отпадоци во централното градско подрачје

Започна монтажата на нови 127 клупи и 84 корпи за отпадоци во централното градско подрачје. На ул.Илинденска ќе бидат поставени нови клупи и корпи за отпадоци, дел од нив ќе се постават и во градскиот парк. Старите и оштетени корпи и клупи ќе се обноват и ќе се постават на места каде што недостасуваат како и во околните села.

 

НОВ ТРОТОАР НА УЛИЦАТА „НАРОДНИ ХЕРОИ“

НОВ ТРОТОАР НА УЛИЦАТА „НАРОДНИ ХЕРОИ“

Општина Кавадарци во рамките на реализацијата на програмата за комунална изградба, денеска започна со реализација на проект за поплочување на неколку локации во Урбаната заедница „Слога“.

Оперативата на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци  работи на подготовка на просторот за поплочување на дел од тротоар на улицата „Народни херои“ спроти „ваташката градинка“. Ова е првиот од неколкуте проасори каде во наредниот период ќе се постават павер елементи како дел од предвидената урбанизација.

Градоначалникот Митко Јанчев со порака до институциите веднаш да реагираат и да ги проверат изнесените информации дека Еуроникел користи отпадно масло како мазут

Градоначалникот Митко Јанчев со порака до институциите веднаш да реагираат и да ги проверат изнесените информации дека Еуроникел користи отпадно масло како мазут

Во изминатите два дена во јавноста излезе еден дел од документарната емисија Заговор против воздухот од Истражувачка репортерска лабораторија. Моето внимание го привлече професионално направената истрага поткрепена со докази и документи. Како градоначалник на општина Кавадарци но и како граѓанин на Општина Кавадарци, не можам да останам рамнодушен на се што слушнав и видов. Оваа професионално направена емисија поддржана од меѓународен проект за истражување на организиран криминал и корупција, го доведува во прашање квалитетот на воздух во Општина Кавадарци. Не смееме, пред се како градоначалник и како општина, да дозволиме интересот на бизнис секторот да биде пред здравјето на граѓаните. Со увозот на отпадно гориво кое е забрането во ЕУ а кај нас се увезува како мазут и се употребува, а знаејќи дека тоа има смртоносни последици, некој мора да сноси одговорност. Ги повикувам надлежните институции Министерство за економија, Државниот пазарен инспекторат, Министерството за животна средина како даватели на интегрираната еколошка А дозвола, Царинската управа и Инспекторатот за животна средина да ги испитат изнесените информации и докази во емисијата и да постапат согласно своите надлежности доколку има било какви пропусти. Доколку законите во нашата држава пак  го дозволуваат сето ова тогаш потребно е да се изврши интервенција во законската регулатива.

Согласно податоците во емисијата, најголем корисник на ваквиот мазут се јавува поранешно Фени индустри односно Еуро никел индустри, со потрошувачка од 2500 тони месечно. Една толку голема и гигантска компанија како што е Еуро никел Кавадарци со над 1000 вработени, нејзините менаџери  имаат одговорност пред се за безбедноста на своите вработени, нивните фамилии и имаат одговорност за целото население во Општина Кавадарци. Затоа е потребно Еуро никел да преиспита со кои компании соработува, какви суровини согорува, колку се професионални фирмите со кои соработува и дали ги превзема сите4 мерки за заштита на животната средина . Јас сум свесен дека многу семејства егзистираат од оваа комапнија и компанијата има значајна улога во развојот на стопанството во нашата општина, но  животот и здравјето на жителите на општина Кавадарци секогаш треба да биде на прво место, најважно од се.

Ви благодарам.