Согласно член 99 став 1 и член 122 став 4 од Законот за животна средина (Сл весник на Р.М бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16, 28/18, 65/18 и 99/18), Градоначалникот на Општина Кавадарци:
ОБЈАВУВА Барање за добивање Б – Интегрирана еколошка дозвола
Врз основа на член 124 од Законот за животна средина (Сл весник на Р.М. бр.53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16, 28/18, 65/18 и 99/18), до Градоначалникот на Општина Кавадарци е доставено барање за добивање Б – Интегрирана еколошка дозвола бр. 14-4916/1 од дпту СЕРТА КОМПАНИ дооел ул. Шишка бб.
Категорија на инсталацијата:
Прилог 2, точка 6, односно подточка 6.4. а) Кланица со капацитет на производство на трупови поголем од 5 t/ден но помал од 50 t/ден.
Ја информираме јавноста дека сите потребни информации за барањето за Б – Интегрирана еколошка дозвола, ќе бидат достапни во просториите на Општина Кавадарци во Секторот за урбанизам, комунални дејности и заштита на животна средина. Заитересираната јавност може да изврши увид во истата во рок од 15 дена од денот на објавување во просториите на локална самоуправа во соба број 21 од 9,00 до 12,00 часот.