Оперативата на Јавното претпријатие за патишта „Македонија пат“ веќе трет ден работи на подготовкаа и поставување на нов слој асфалтна подлога на делница од „Западен булевар“ односно на западниот влез во Кавадарци, од правецот на Прилеп. Една од нај фрекфентните, но и нај оштетените улици во градот, Западниот булевар, особено потегот од влезот на винаријата „Тиквеш“ до градската капела ќе добие сосема нова асфалтна обвивка. Деновиве интензивно се работи на целосна обнова на горниот слој асфалтна површина од 4.500 м2.
„Со овој зафат се заокружува целосната обнова на западниот влез во градот. Претходно во два наврати завршивме целосно асфалтирање од Југокомерц до Градската капела со што во целост е ревитализиран најоштетениот асфалт на делницата од Југокомерц до главната капија на Винарската визба „Тиквеш“ вели градоначалникот Панов кој изврши увид во асфалтирањето.
Планирано е работите да завршат во наредните два дена, со што влезот во Кавадарци од правец на Прилеп ќе се одвива по целосно обновена асфалтна подлога, на задоволство на сите учесници во сообраќајот.