Врз основа на член 50 став1 точка 5 од Законот за Локална Самоуправа , член 39 од Одлуката за општински линиски превоз на патници во Општина Кавадарци („Службен гласник на Општина Кавадарци”бр.13/06, 24/2010), а во врска со член 22 од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на РМ”бр.68/04,127/06,114/09,83/10,140/10,17/11,53/11,6/12, 23/13, 120/131 63/13,187/13,42/14,112/14,166/14,44/15,97/15,124/15,129/15,193/15, 37/16 , 71/16),
ОПШТИНА КАВАДАРЦИ – ЛОКАЛНА САМОУПРАВА Објавува
ОБЈАВА
За прибирање на понуди за распределба на линии и за добивање на дозвола за вршење на општински линиски превоз за превоз на патници на територијата на Општина Кавадарци
Линија бр.3 |
Кавадарци–Шивец–Возарци–Дреново |
Линија бр.6 |
Кавадарци–Страгово–Крњево–Чемерско –Бохула |
Линија бр.7 |
Кавадарци–Страгово–Крњево–Г.Бошава,Долна Бошава,Конопиште –Бојанишка станица |
Линија бр.8 |
Кавадарци–Возарци–Мотел Дреново–Раец |
Линија бр.10 |
Кавадарци–Бојанчишка станица–Мрежичко –Рожден |
Линија бр.11 |
Кавадарци–Возарци–Мотел Дреново –ДебриШте–Трстеник |
Линија бр.12 |
Кавадарци–Раец |
Заинтересираните превозници треба да ги исполнуваат следните услови:
- 1. Да е впишан во Централниот регистар на Република Македонија
и да има регистрирано приоритетна дејност / главна приходна шифра вршење на превоз на патници и стока во патниот сообраќај;
- 2. Да е сопственик на две или повеќе регистрирани возила или да
има договор за лизинг за возила со најмалку 16+1 седиште, што ги исполнуваат посебните техничко – експлоатациони услови пропишани за возила за вршење на општински линиски превоз;