ОБЈАВА  За прибирање на понуди за распределба на линии и за добивање на дозвола за вршење на општински линиски превоз за превоз на патници на територијата на Општина Кавадарци

ОБЈАВА За прибирање на понуди за распределба на линии и за добивање на дозвола за вршење на општински линиски превоз за превоз на патници на територијата на Општина Кавадарци

Врз основа на член 50 став1 точка 5 од Законот за Локална Самоуправа , член 39 од Одлуката за општински линиски превоз на патници во Општина Кавадарци („Службен гласник на Општина Кавадарци”бр.13/06, 24/2010), а во врска со член 22 од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на РМ”бр.68/04,127/06,114/09,83/10,140/10,17/11,53/11,6/12, 23/13, 120/131 63/13,187/13,42/14,112/14,166/14,44/15,97/15,124/15,129/15,193/15, 37/16 , 71/16),

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ – ЛОКАЛНА САМОУПРАВА Објавува

ОБЈАВА

За прибирање на понуди за распределба на линии и за добивање на дозвола за вршење на општински линиски превоз за превоз на патници на територијата на Општина Кавадарци

Линија бр.3

Кавадарци–Шивец–Возарци–Дреново

Линија бр.6

Кавадарци–Страгово–Крњево–Чемерско –Бохула

Линија бр.7

Кавадарци–Страгово–Крњево–Г.Бошава,Долна Бошава,Конопиште –Бојанишка станица

Линија бр.8

Кавадарци–Возарци–Мотел Дреново–Раец

Линија бр.10

Кавадарци–Бојанчишка станица–Мрежичко –Рожден

Линија бр.11

Кавадарци–Возарци–Мотел Дреново –ДебриШте–Трстеник

Линија бр.12

Кавадарци–Раец

Заинтересираните превозници треба да ги исполнуваат следните услови:

  1. 1.       Да е впишан во Централниот регистар на Република Македонија

и да има регистрирано приоритетна дејност / главна приходна шифра вршење на превоз на патници и стока во патниот сообраќај;

  1. 2.       Да е сопственик на две или повеќе регистрирани возила или да

има договор за лизинг за возила со најмалку 16+1 седиште, што ги исполнуваат посебните техничко – експлоатациони услови пропишани за возила за вршење на општински линиски превоз;