Општина Кавадарци реализираше проект за обновување на клупите на градскиот плоштад.
Се обнови фарбата на дрвените делови како на подвижните така и на фиксните клупи во склоп на жардинерите. Од изградбата на новиот плоштад ова е прва посериозна интервенција на дел од урбаната опрема која граѓаните најинтензивно ја користат особено во вечерните часови кога плоштадот „врие“ од народ.
После новата павер ограда на Јаворот кај седумкатницата, потоа префарбувањето на канделабрите од јавното осветлување, како и претходното оспособување на кружните фонтани пред зградата, општинта со ревитализацијата на клупите ги подобри условите за одмор на граѓаните кои преферираат за таа намена да го користат градскиот плоштад.
Инаку ЈП „Комуналец“ редовно го одржува и обновува украсното зеленило во жардинерите на плоштадот.