Категорија: Тиквешки гроздобер

Градоначалникот Митко Јанчев додели благодарници на сите учесници во организацијата на Тиквешкиот гроздобер 2022

Градоначалникот Митко Јанчев додели благодарници на сите учесници во организацијата на Тиквешкиот гроздобер 2022

Од страна на градоначалникот Митко Јанчев беа доделени благодарници на сите учесници во организацијата на Тиквешкиот гроздобер 2022. Во оваа прилика градоначалникот меѓу другото истакна дека ова немаше да биде можно без сите оние кои се вклучија во организацијата и на кои им благодари. Тука, прво се мисли на сите служби на Општина Кавадарци и сите институции вклучени во текот на сите три дена. Потоа на сите помагатели, поддржувачи и донатори од бизнис секторот. Винариите и угостителите кои се всушност и носители на овој настан, на медиумите кои го следеа секое случување, секој настан и информираа за тоа, и секако, најголема благодарност на кавадарчани, кои како и секогаш се покажаа не само како добри домаќини, туку и учесници, и секако благодарност до сите посетители и гости од Македонија и надвор од неа, кои изминатиот викенд го поминаа во Кавадарци.

За градоначалникот најважно беше тоа што сите три дена беше безбедно за секој и секаде и што верува дека изминатиот викенд сите ќе го помнат по добро.

Имавме успешни и исполнети три дена, културни, забавни и музички содржини. Имавме програма за сечиј вкус. Успешен карневал, гости и делегации од секаде, и секако од државниот врв. Имавме успешен Тиквешки Гроздобер рече градоначалникот. И затоа во знак на почит и благодарност, на сите кои имаа било каков придонес во испишувањето на оваа приказна под отворено небо денеска им беа врачени благодарници!

Секое добро до следниот Тиквешки гроздобер. Нека ни е за многу години!

Тиквешки гроздобер 2022 година

Тиквешки гроздобер 2022 година

Почитувани кавадарчани, гости од цела Македонија и пошироко, започна вековната традиција на нашиот град, стопанската, туристичка и културна манифестација Тиквешки Гроздобер 2022!

Изложба на олдтајмери, таблијада, изложби на уметнички дела, трка со келнери, натпревар на коктели со вино,подготвување на најразлични специјалитети од грозје, вино и маџун, традиционални вечери на староградска песна и гостување на музички звезди од Македонија и поранешните ЈУ простори, во приказната наречена Тиквешки гроздобер. И главната карневалска поворка, белегот на оваа манифестација низ годините, со учество на карневалски групи од Македонија и надвор од неа. За многу години!

 

Свечената седница по повод празникот 7ми Септември

Свечената седница по повод празникот 7ми Септември

Свечената седница по повод празникот 7ми Септември, 78 години од ослободувањето на градот Кавадарци, петмина наши сограѓани се закитија со највисокото општинско признание наградата 7-ми Септември. Веруваме дека за добитниците е чест и одговорност да бидат пример за сите кои работат и создаваат во Кавадарци и кои сакаат да го променат нашиот град на подобро, создавајќи подобра иднина за сите нас и нашите деца.

Свечена седница на Советот на општина Кавадарци

Свечена седница на Советот на општина Кавадарци

Советот на општина Кавадарци, вечерва по повод денот на ослободувањето на Кавадарци одржа свечена седница. Претседателот на советот Ристо Сакалиев кој ја отвори свечената седница, рече дека резултатите од работењето на советот и градоначалникот се видливи за сите граѓани.

Во своето обраќање градоначалникот Митко Јанчев оддаде почит на нашите предци, кавадаречките борци кои ги дадоа своите животи за нашето Кавадарци и како што нагласи, оставија аманет да го сакаме, чуваме и негуваме нашиот град.

Тој говореше и за проектите кои се реализираат во Кавадарци и посочи дека тој заедно со советот и администрацијата создаваат општина која ќе служи за пример.

„Кавадарци веќе претставува општина која ги нуди сите можности за напредок и безбедно живеење. Тука можеш да собираш искуство, да градиш кариера, да создадеш семејство, да се чувствуваш безбеден, да постигнеш успех и на крај да бидеш горд што си кавадарчанец. Кавадарци трета година е на врвот на листата на нај еколошки град во нашата земја. Хигиената во градот е на едно завидно ниво“ рече Јанчев и додаде дека како резултат на домаќинско работење годинава во целост ќе се реализира програмата за комунално уредување, а ќе се реализираат и проекти надвор од неа.

Посочи дека после 40 години во тек е реконструкција на градскиот парк „Љупчо Шкартов“. Се проширува улица „Шишка“ со три ленти, а ќе добие и целосно ново улично осветлување.  Најави дека до крајот на годината во градското подрачје ќе се асфалтираат 16 улици. Паралелно, рече тој се работи и во селата од општината.

Јанчев најави дека за наредната година е предвидено Кавадарци да добие современ затворен базен на местото на руинираниот објект „Ла Луна“ и изградба на филтер станица за прочистување на водата за пиење. Овој проект би се реализирал во соработка со Центарот за меѓународна соработка со Република Словенија, а со истиот значително ќе се подобри квалитетот на водата за пиење.

„Исто така важен проект за наредната година е имплементирање на проект за алкохолен дестилат во соработка со владата. Со реализација на овој проект трајно би се решиле проеблемите, со кои, за жал, оваа година се соочуваат лозаропроизводителите“ рече Јанчев и искажа благодарност до советот за соработката, вработените во локалната самоуправа, јавните претпријатија и бизнис секторот за тимската работа за поубаво Кавадарци.

На седницата беше доделено највисокото општинско признание, наградата „7 ми септември“. Годинава добитници се „Комерцијална банка“, компанијата ИГМ и општа болница со проширена дејност Кавадарци.

Во име на Комерцијална банка наградата ја подигна Хари Костов,   кој го честита денот на ослободувањето на Кавадарци, се заблагодари за укажаната чест и посочи дека учеството на банката во стопанството во Кавадарци е значително.

Сопственикот на ИГМ трејд Илија Гечев исто така се заблагодари за добиената награда. Рече дека бил посветен да инвестира во сопствениот град и тоа го постигнал со отворањето на гигантот ИГМ. Говореше за неговите инвестиции во Словенија, а нагласи дека продолжува со инвестиции и во Кавадарци и Неготино.

Во име на општа болница Кавадарци наградата за особен придонес во здравството ја подигна директорот на болницата д-р Диме Коцев.

„Во изминатиов период направивме многу, направивме Здравствена Установа која е пример за одговорно работење, чии главни придобивки се  постојаното осовременување  на капацитетите , подобрената инфраструктура и пред се кадровската екипираност  овозможувајќи  висок степен на експертиза во повеќе специјалистички области. Со тоа, од една страна ја вративме довербата во здравстото кај пациентите , а од друга страна направивме Место каде нашите млади доктори и медицински сестри ја гледаат својата иднина во реализирањето на своите професионални амбиции. Овие наши остварувања беа препознаени, како од Министерството за здравство и Локалната самоуправа, така и од многу компании од приватниот сектор, кои со сериозни инвестиции  помогнаа нашата Здравствена Установа да добие статус на Регионална Болница“ рече д-р Коцев и нагласи дека сите вработени во болницата се горди  на оваа награда , која претставува  Признание за се она што го сработиле до сега.

БЛАГОДАРНИЦИ ЗА ПРИДОНЕС НА “ТИКВЕШКИ ГРОЗДОБЕР 2019”

БЛАГОДАРНИЦИ ЗА ПРИДОНЕС НА “ТИКВЕШКИ ГРОЗДОБЕР 2019”

Градоначалникот на Кавадарци-Митко Јанчев вечерва во име на Општина Кавадарци додели благодарници на претставници на компании ,винарии, угостителски објекти,фирми и поединци кои на директен и индиректен начин дадоа придонес во одржувањето на “Тиквешки гроздобер 2019”. Тој им се заблагодари на сите кои дадоа придонес.
Јанчев во своето обраќање особено потенцира дека “Гроздоберот” како наша кавадречка манифестација е прва од ваков карневалски тип која започнала да се одржува и била синоним во државата па затоа ни останува во аманет да ја организираме најубаво што можеме.
-“Ние како Општина Кавадарци тоа со Ваша помош, рече Јанчев,успеваме да го постинеме , како што тоа верувам годинава го направивме најубаво досега.”

Посебно , вечерва беше нагласен придонесот на спонзирите особено премиум донаторите: Еуроникел, Градба-промет и Кожувчанка.