Категорија: Актуелни информации

Продолжен рокот за пријавување на регионални попишувачи и инструктори за попис на населението за 2021 година

Продолжен рокот за пријавување на регионални попишувачи и инструктори за попис на населението за 2021 година

Се известуваа сите заинтересирани лица кои сакаат да се ангажираат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година во својство на:

  • Реонски попишувачи и
  • Реонски инструктори

дека Јавниот конкурс за ангажирање на Реонски попишувачи и Реонски инструктори, е објавен во дневните весници: Нова Македонија, Вечер, Слободен печат и Коха на 20.07.2021 година, на Веб страниците на Државниот завод за статистика www.stat.gov.mk и popis2021.stat.gov.mk и во седишта на Комисиите на Пописните реони, наместо до 05.08.2021 година ќе трае до 12.08.2021 година.

 

СООПШТЕНИЕ за организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета По Детален урбанистички план за УЕ 6, Блок 6.1, ,,Монопол”

СООПШТЕНИЕ за организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета По Детален урбанистички план за УЕ 6, Блок 6.1, ,,Монопол”

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член  50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програма за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2020 година, Глава IV, Точка 50, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета

По Детален урбанистички план за УЕ 6, Блок 6.1, ,,Монопол” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци

       Граници на планскиот опфат се :

–  На  север – по улица ,,Видое Смилевски Бато” ;

–  На исток  –  по осовина на улица ,,Шишка“;

–  На  југ  –  по осовина на улица ,,7-ми Септември“

–  На запад – по осовина на улица,, Димката А. Габерот“.

 

Вкупната површина на планскиот опфат изнесува 145319.85м² односно 14.53ха.

 

Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Детален урбанистички план за УЕ 6, Блок 6.1, ,,Монопол” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.

                Јавната анкета трае од 09.08.2021 до 20.08.2021  година, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.

           Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

            Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден  12.08.2021  година (Четврток) во 13.00 часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.

                Одржување на Детален урбанистички план за УЕ 6, Блок 6.1, ,,Монопол” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци ќе се оджи согласно Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примаена на Законот за просторно и урбанистичко планирање за време на вонредна состојба (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 116/2020). Кај присутните лица на Јавната презентација и јавна анкета задолжително треба да се запази  минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбедат спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот и задолжително носење на заштитна маска, марама или шал со кој ќе бидат покриени устата и носот на учесниците во јавната презентација и јавната анкета.

СООПШТЕНИЕ за организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета По Детален урбанистички план за УЕ 11 за дел од Блок 11.1 ,,ЈОУДГ Рада Поцева”

СООПШТЕНИЕ за организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета По Детален урбанистички план за УЕ 11 за дел од Блок 11.1 ,,ЈОУДГ Рада Поцева”

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член  50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програма за изменување и дополнување на Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци, глава IV, точка 49, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета

По Детален урбанистички план за УЕ 11 за дел од Блок 11.1 ,,ЈОУДГ Рада Поцева” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци

 

       Граници на планскиот опфат се :

– на север границата се движи по осовината на улица ,,Браќа Хаџи Тефови”,

– на исток границата се движи по осовината река Луда Мара,

– на југ границата на наменска зона Б1 согласно Измена и дополнување на ГУП на град Кавадарци со населбите Ваташа и Глишиќ

 – на запад границата се движи по Кеј Браќа Џунови.

 

Површината на планскиот опфат изнесува 6683 m2.

Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Детален урбанистички план за УЕ 11 за дел од Блок 11.1 ,,ЈОУДГ Рада Поцева” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.

                Јавната анкета трае од 09.08.2021 до 20.08.2021  година, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.

           Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

            Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден  10.08.2021  година (Вторник) во 10.00  часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.

 

Одржување на Детален урбанистички план за УЕ 11 за дел од Блок 11.1 ,,ЈОУДГ Рада Поцева” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци ќе се оджи согласно Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примаена на Законот за просторно и урбанистичко планирање за време на вонредна состојба (,,Службен весник на Република Македонија“    бр. 116/2020). Кај присутните лица на Јавната презентација и јавна анкета задолжително треба да се запази  минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбедат спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот и задолжително носење на заштитна маска, марама или шал со кој ќе бидат покриени устата и носот на учесниците во јавната презентација и јавната анкета.

ЈАВЕН ПОВИК за членови на иницијативен одбор за организација и оддржување на Локално Младинско собрание на Општина Кавадарци

ЈАВЕН ПОВИК за членови на иницијативен одбор за организација и оддржување на Локално Младинско собрание на Општина Кавадарци

Врз основа на член 36 од Законот за локална самоуправа ,  член 16, 17 и 18 од Законот за младинско учество и младински политики ( Сл.весник на РСМ бр.10/20, член 128-г од Статутот на Општина Кавадарци(Сл.гласник на Општина Кавадарци бр.8/05…..75/21), Советот на Општина Кавадарци распишува,

 

ЈАВЕН ПОВИК

За членови на иницијативен одбор за организација и оддржување на Локално Младинско собрание на Општина Кавадарци

 

  1.ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ 

            1.1. Општина Кавадарци со Статутот предвидува формирање на Локален младински совет.

            Локалниот младински совет има советодавна и застапувачка улога во општината од делокруг на младински прашања и политики.

            Претставниците на локалниот младински совет имаат право да:

            -Предлагаат точки на дневен ред на Советот на општината кои ги засегаат младите;

            -Иницираат прашања за млади од делокруг на работа на општината;

            -Иницираат, учествуваат и даваат повратни информации за процесот на локалната младинска стратехија и други политики;

            -Доставуваат информации до општина Кавадарци за прашања кои се однесуваат на младите

            -Вршат други советодавни и застапувачки работи во согласност со закон.

 

            1.2. За конституирање на локалното собрание за млади се свикува иницијативен одбор, составен од членови кои ги исполнуваат условите да членуваат во собранието на млади.

            Иницијативниот одбор со решение го формира Совет на општина Кавадарци.

            Иницијативниот одбор е составен од пет члена и тоа младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студенски организации и други облици на младинско учество.

Иницијативниот одбор го распишува Јавниот повик за конститутивното Локално собрание на млади.

Со конститутивното собрание претседава најстариот член на иницијативниот одбор кој доаѓа од редот на младинските организаци.

            Мандатот на членовите на иницијативниот одбор трае само до одржување на конститутивното собрание на млади и по успешно одржување на првата конститутивна седница на Собранието на млади, истиот се распушта.

 

  1. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК

            На јавниот повик право на учество имаат претставници на младинските организации , организации на млади, ученички и студенски организации и други облици на младинско здружување кои се активни на територијата на општина Кавадарци.

            Критериуми кои треба да ги исполнуваат младите лица кои имаат желба и интерес да се вклучат во иницијативниот одбор :

            -да се жители на општина Кавадарци

            -да бидат на возраст од 15-29 години ;

            -да се креативни и поседуваат искуство во областа , работа со млади и младински организации.

 

            3.НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ  НА ПРИЈАВИТЕ

            Апликантите задолжително треба да ги достават следните документи:

            -мотивационо писмо

            -кратка биографија CV(во која задолжително ќе бидат наведени активностите за млади од минатите)

            – Портфолио за организацијата / групата/ здружението.

            – Писмо со номинација за член во Иницијативен одбор и контакт информации.

 

            Пријавите за членство во Иницијативниот одбор за конституирање на Собранието на млади на Општина Кавадарци се поднесуваат до Архива на Општина Кавадарци , секој работен ден од 28.07.2021година до 04.08.2021 година  или по пошта со назнака ,, За јавен повик за свикување на Иницијативен одбор за организација и оддржување на Локално Младинско собрание на Општина Кавадарци.

            Јавниот повик ќе биде објавен на веб-страната на Општина Кавадарци и Огласната табла на Општина Кавадарци.

Список на извлечени и проверени барања по Јавен повик за субвенционирање на енергетско ефикасни грејни тела за 2021 година

Список на извлечени и проверени барања по Јавен повик за субвенционирање на енергетско ефикасни грејни тела за 2021 година

По јавното извлекување на ден 21.06.2021 во просториите на Општина Кавадарци согласно Јавен повик за субвенционирање на граѓаните при купување на енергетско ефикасни грејни тела и проверка на извлечените барања, Општина Кавадарци објавува список на субвенционирани баратели.

 

Напомена: Сите баратели за субвенционирање на енергетско ефикасни грејни тела по Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Кавадарци за купување на енергетско ефикасни грејни тела за 2021 година можат да си ја подигнат поднесената документација секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот во Граѓански информативен центар од 27.07.2021 година.