Категорија: Актуелни информации

Градоначалникот Митко Јанчев со порака до институциите веднаш да реагираат и да ги проверат изнесените информации дека Еуроникел користи отпадно масло како мазут

Градоначалникот Митко Јанчев со порака до институциите веднаш да реагираат и да ги проверат изнесените информации дека Еуроникел користи отпадно масло како мазут

Во изминатите два дена во јавноста излезе еден дел од документарната емисија Заговор против воздухот од Истражувачка репортерска лабораторија. Моето внимание го привлече професионално направената истрага поткрепена со докази и документи. Како градоначалник на општина Кавадарци но и како граѓанин на Општина Кавадарци, не можам да останам рамнодушен на се што слушнав и видов. Оваа професионално направена емисија поддржана од меѓународен проект за истражување на организиран криминал и корупција, го доведува во прашање квалитетот на воздух во Општина Кавадарци. Не смееме, пред се како градоначалник и како општина, да дозволиме интересот на бизнис секторот да биде пред здравјето на граѓаните. Со увозот на отпадно гориво кое е забрането во ЕУ а кај нас се увезува како мазут и се употребува, а знаејќи дека тоа има смртоносни последици, некој мора да сноси одговорност. Ги повикувам надлежните институции Министерство за економија, Државниот пазарен инспекторат, Министерството за животна средина како даватели на интегрираната еколошка А дозвола, Царинската управа и Инспекторатот за животна средина да ги испитат изнесените информации и докази во емисијата и да постапат согласно своите надлежности доколку има било какви пропусти. Доколку законите во нашата држава пак  го дозволуваат сето ова тогаш потребно е да се изврши интервенција во законската регулатива.

Согласно податоците во емисијата, најголем корисник на ваквиот мазут се јавува поранешно Фени индустри односно Еуро никел индустри, со потрошувачка од 2500 тони месечно. Една толку голема и гигантска компанија како што е Еуро никел Кавадарци со над 1000 вработени, нејзините менаџери  имаат одговорност пред се за безбедноста на своите вработени, нивните фамилии и имаат одговорност за целото население во Општина Кавадарци. Затоа е потребно Еуро никел да преиспита со кои компании соработува, какви суровини согорува, колку се професионални фирмите со кои соработува и дали ги превзема сите4 мерки за заштита на животната средина . Јас сум свесен дека многу семејства егзистираат од оваа комапнија и компанијата има значајна улога во развојот на стопанството во нашата општина, но  животот и здравјето на жителите на општина Кавадарци секогаш треба да биде на прво место, најважно од се.

Ви благодарам.

ИСПРАВКА НА ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА

ИСПРАВКА НА ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА

Градоначалникот на Општина Кавадарци ја дава следната,

 

ИСПРАВКА НА

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

 

                Општина Кавадарци на ден 04.05.2021 година на веб страната објави јавен повик за прибирање на барања за поставување на урбана опрема на јавни површини на територијата на општина Кавадарци во место викано „12-те Ваташки другари” на 4 определени локации.

Се врши исправка во делот на рокот на пријавување кој треба да гласи:

Рокот за поднесување на барањата е најдоцна до 28 Мај 2021 година.

Оваа исправка има правно дејство со денот на објавување на јавниот повик на веб страната на општината, односно од 04.05.2021 година.

Повикот со исправката можете да го најдете на следниот линк:

http://arhiva.kavadarci.gov.mk/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b8%d0%b1%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%b1%d0%b0%d1%80%d0%b0%d1%9a%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf/ 

ИЗВЕСТУВАЊЕ за надоместување на дел од трошоците за купување на велосипеди за 2021 година

ИЗВЕСТУВАЊЕ за надоместување на дел од трошоците за купување на велосипеди за 2021 година

Во врска со јавниот повик за надоместување на дел од трошоците за купување на велосипеди за 2021 година, општина Кавадарци ве известува дека повикот е сеуште во тек и сите граѓани може уредно да ги достават своите барања најдоцна до 17.05.2021 до 16:30 часот во Архива на општина Кавадарци во соба број 20.

Советот на општина Кавадарци донесе Социјален План на општина Кавадарци

Советот на општина Кавадарци донесе Социјален План на општина Кавадарци

Советот на општина Кавадарци донесе Социјален План на општина Кавадарци со цел да обезбеди транспарентен, интегрален, ефикасен и правичен систем во кој ќе ги опфати мерките и средствата кои што се потребни да се подобри квалитетот на граѓаните кои живеат во општина Кавадарци. Социјалниот план содржи мапирање на социјалните проблеми на ранливите групи на граѓани, анализа на капацитетите на постоечките социјални услуги и потреби за развој на социјалните услуги во општината. Социјалниот план е за периодот 2021-2024 година и е стратешка рамка која се имплементира преку проекти, планови и програми на општината.

 
 
 
 
 
 
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

Согласно член 67 став 1 од Законот за локалната самоуправа  (”Службен весник на Република Македонија”бр.5/2002), а во врска со член 80, член 80-а од Законот за градење (”Службен весник на Република Македонија” бр.130/2009, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13, 163/13, 27/14, 28/14, 42/14, 115/14, 149/14, 187/14, 44/15, 129/15, 217/15, 226/15, 30/16, 31/16, 39/16, 71/16, 132/16, 35/18, 64/18, 168/18 и ”Службен весник на Република Северна Македонија” бр.244/19, 18/20 и 279/20), Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува,

 

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

 

Се повикуваат сите заинтересирани правни и физички лица во рок од 15 дена сметано од денот на објавувањето на јавниот повик да достават директно преку архива на општината или преку пошта со препорачана поштенска пратка барања за поставување на урбана опрема во место викано „12-те Ваташки другари”, општина Кавадарци на следните 4 локации:

Локација бр.1

Описни податоци: На локација бр.1 постои урбана опрема од фиксирани масички (9 броја) и фиксирани столчиња (36 броја броја).

Исто така, во склоп со оваа површина постои шанк со две помошни простории изградени од тврд материјал, санитарни јазли коиштво се заеднички за сите предвидени корисници, подиум, ограден подиум со пристапна рампа и посебна настрешница од челик во шестоаголна форма. Вкупната површина од локацијата број 1 изнесува:

  • Подиум – 46,60м2
  • Долно ниво – 107,00м2
  • Горно ниво – 122,64м2, заедно со шанк

            Вкупно: 276,20м2.

 Локација бр.2

Описни податоци: Локацијата бр.2 е целосно покриена со метална конструкција (настрешница) покриена со лим, постои можност за поставување монтажно – демонтажен шанк – типски, со површина од 159м2.

 

Локација бр.3

Описни податоци: Оваа локацијата е целосно покриена со метална конструкција (настрешница) покриена со лим, постои можност за поставување монтажно – демонтажен шанк – типски, со површина од 153,6м2.

 

Локација бр.4

Описни податоци: Оваа Локацијата делумно е покриена со метална конструкција (настрешница) » 102м2 и останатиот дел е непокриен » 138м2 или вкупно 240м2. Постои можност за поставување монтажно – демонтажен шанк – типски.

Јавниот повик ќе се објави на веб страната на Општина Кавадарци www.kavadarci.gov.mk.

Надоместокот за користење на просторот изнесува 5 денари/1м2.

На корисниците на просторот Градоначалникот на Општина Кавадарци ќе им издаде соодветен управен акт одобрение за поставување на урбана опрема согласно одредбите од Законот за градење во кој ќе бидат дефинирани сите услови под кои треба да се постави истата.

 

Напомена:

Барателите имаат обврска за времетраењето на користењето на просторот, истиот привремено да го отстапат на користење на јавните општински претпријатија и установи доколку се јави неопходна потреба за негова употреба од истите во случај на организирање на јавни манифестации или други приредби и собири со научна, уметничка, културна или спортска содржина.

Барателите имаат обврска на сопствен товар и одговорност да го решат одведувањето и испуштањето на отпадните води (комунален отпад и фекалии), преку поставување и вградување на септички јами заради заштита од загадување на животната средина.

 

Барателите имаат обврска на сопствен товар и одговорност да го решат и обезбедат снабдувањето со електрична енергија од  постојната електроенергетската инфрастуктура со надлежните служби на ЕВН Македонија, доколку при вршењето на дејноста им е потребна поголема моќност во испораката на електрична енергија покрај постојната од 4kw што реално постои за предметните локации.

Исто така се напоменува дека сите горенаведени инвестициони вложувања како и други кои ќе произлезат од самиот процес на дејноста остануваат трајно да постојат и нивните инвеститори немаат право да ги отстрануваат или демонтираат ниту пак да бараат надомест на штета на име инвестиционо вложување.

Прилог: Графички дел од локациите