Категорија: Актуелни информации

РАСЧИСТУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ ЗАД „ОФИЦЕРСКАТА ЗГРАДА“

РАСЧИСТУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ ЗАД „ОФИЦЕРСКАТА ЗГРАДА“

Општината Кавадарци продолжува со акцијата за отстранување на диво поставените лимени гаражи од јавно-прометните површини. Деновиве се спроведува расчистувањето на просторот зад „офицерската зграда“ на улицата „7ми Септември“.

Овој јавно-прометен простор се наоѓа на улицата „Крсте Мисирков“, каде предмет на отстранување од узурпираниот простор се 11 лимени гаражи. По спроведувањето на целата акција и расчистувањето тој простор ќе биде уреден и претворен во паркинг за возоилата на станарите од тој дел на Кавадарци.

Loading
ЕСЕНСКИ ПАНАЃУР 2019

ЕСЕНСКИ ПАНАЃУР 2019

Општина Кавадрци ги информира граѓаните на Кавадарци и регионот дека, традиционалниот „Есенски панѓур 2019“ ќе се одржи во деновите 11, 12 и 13 Октомври (петок, сабота и недела).

Штандовите на излагачите на панаѓурот ќе бидат поставени на булеварот „Никола Минчев“ на потегот од спојот со булеварот „Македонија“ кај семафорире, до спојот со „Северен Булевар“-обиколница, како и на платото од новиот „Зелен пазар“ кај „судска палата“.

Се известуваат граѓаните, како и жителите на булеварот „Никола Минчев“ на ден 10.10.2015год. (четврток) најдоцна до 14:00 часот да ги отстранат своите автомобили од улицата како би го ослободиле просторот за поставување на тезгите на излагачите на есенскиот Панаѓур 2019 година.

Воедно се известуваат сите граѓани дека наведенат делница од булеварот „Никола Минчев“ ќе бидат целосно затворена за сообраќај, во деновите на одржувањето на есенскиот панаѓур.

АВТОМОБИЛСКА БРЗИНСКА ТРКА

АВТОМОБИЛСКА БРЗИНСКА ТРКА

Во Кавадарци на патеката од Брана Моклиште до Витачево се одржа брзинска трка од Државно првенство на автомобилизам. Картинг организаторот од Скопје задоволен од условите за одржување на трката.

Градоначалникот Митко Јанчев освен што даде целосна поддршка на денешната трка имаше и свое учество и постигна одлични резултати. Овој терен е одличен за ваков тип на натпревари и со подобрување на условите, Градоначалникот вети дека ќе се потруди, Кавадарци и во наредните години да биде домаќин на автомобилизмот и ридските трки.

Беа прогласени најдобрите, меѓу нив е и Јанчев 4-ти во категоријата од 1600 кубици. Инаку во ова категорија најдобро време имаше Филип Василевски. Во категоријата од 2000 Е 1 кубици најдобар беше Димитриј Кимовски и 2000 Е 1+ Екрем Мемиши,1400 кубици Антонио Момировски а 1150 кибици Георгиј Наков.

Градоначалникот Митко Јанчев, Советот на Општина Кавадарци и вработените во локалната самоуправа доделија вредносен ваучер во износ од 247 808 денари

Градоначалникот Митко Јанчев, Советот на Општина Кавадарци и вработените во локалната самоуправа доделија вредносен ваучер во износ од 247 808 денари

Да се помага на луѓето кои имаат потреба од помош е морална одговорност на сите нас. За жал , понекогаш животот ни приредува тешки моменти кои уште потешко се надминуваат. Марија Трајкова на своите 17 години остана без двајцата родители, остана сама да продолжи по патот полн со предизвици. Градоначалникот Митко Јанчев, Советот на Општина Кавадарци и вработените во локалната самоуправа, денес, и доделија вредносен ваучер во износ од 247 808 денари за подмирување на наследени обврски се со цел безгрижно да го продолжи своето образование како доста солиден ученик на Медицинскиот факултет во Скопје.
Марија ни вети дека преку труд и учење ќе постигне добри резултати и еден ден ќе бидеме горди на неа.

Државно првенство во автомобилизам на ридски патеки

Државно првенство во автомобилизам на ридски патеки

По речиси повеќе од десетгодишна пауза автомобилистичкиот спорт и високите октани повторно се враќаат во Кавадарци, преку претстојниот ридско – брзински натпревар на патеката Кавадарци – Витачево. Овие натпревари најпрво се одржувале во рамки на Југословенскиот, а подоцна и во рамки на Македонскиот шампионат и истите важеле за едни од најдобро организираните мото натпревари за своето време.
Оваа година натпреварот ќе се одржи на 28 ми и 29 ти септември на патеката која се протега на патниот правец брана Моклиште – Витачево и е во должина од 5,3 км .
Свое учество во трката ќе земе и Градоначалникот г-дин Митко Јанчев.

За оваа трка во двата дена се предвидени две локации, Градски плоштад и брана Моклиште.

Сабота – 28.09.2019 г.
Градски плоштад 10 часот започнуваат техничките прегледи и верификациите а потоа и поаѓање кон стазата за тренинг возење.

Недела – 29.09.2019 г.
Градски плоштад 9:30 часот Свечено отварање а потоа поаѓање кон стазата на брана Моклиште.

Поради оваа организирана трка се известуваат граѓаните дека патот во двата правци, од Брана Моклиште до Витачево во должина од 5,3 км , ќе биде целосно затворен за сообраќај во деновите сабота и недела од 10 до 14 часот.