Категорија: Актуелни информации

РОТАРИ КЛУБОТ  СО НОВА ДОНАЦИЈА ЗА ГРАЃАНИТЕ НА КАВАДАРЦИ

РОТАРИ КЛУБОТ СО НОВА ДОНАЦИЈА ЗА ГРАЃАНИТЕ НА КАВАДАРЦИ

  Општина Кавадарци денеска постави нова чешма донација од „Ротари клубот“ Кавадарци. Чешмата е подарок на кавадаречките ротаријанци за граѓаните на општината.

Екипа на ЈП „Кмуналец“ ја постави чешмата на платото пред седумкатницата,  на местото каде досега имаше фонтана.

Овој нов донаторски гест на Ротари клубот е продолжение на нивните досегашни активност заедно со општината да донираат во функција на подигање на стандардите на живеење и урбанизација на околината.

Loading
МОТОР  BMW ДОНАЦИЈА ОД КОЖУВЧАНКА ЗА КАВАДАРЕЧКАТА ПОЛИЦИЈА

МОТОР BMW ДОНАЦИЈА ОД КОЖУВЧАНКА ЗА КАВАДАРЕЧКАТА ПОЛИЦИЈА

„Кожувчанка“ како потврдена пштествено одговорна компанија денеска на Општина Кавадарци и донираше мотор од марката BMW профилиран според стандардите на сообраќајната полиција.

Градоначалникот м-р Митко Јанчев денеска овој мотор го предаде на користење на Полициската станица од општа надлежност Кавадарци.

Со оваа нова донација, се обнови и збогати возниот парк на кавадаречката полиција која сега доби превозно средство за поефикасно работење на одделот на сообраќајната полиција.

Loading
ОД УТРЕ НОВ ПРИВРЕМЕН РЕЖИМ НА СООБРА НА КРУЖНИОТ ТЕК КАЈ ВВ „ТИКВЕШ“

ОД УТРЕ НОВ ПРИВРЕМЕН РЕЖИМ НА СООБРА НА КРУЖНИОТ ТЕК КАЈ ВВ „ТИКВЕШ“

Ангажираната фирма „Градба промет“ денеска продолжи со асфалтирањето на сообраќајно-комуналниот проект-Кружен тек кај ВВ „Тиквеш“. Се работеше на поставувањето на финиот (втор слој) асфалт на „Западен булевар“ на делот од коловозната лента од страната на Винарската визба „Тиквеш“.

Општината информира дека утре 22 август 2019 година, оваа страна од улицата „Западен булевар“ ќе биде ставена во сообраќај. Оперативата се префрла на коловозната лента од страната на старата бензинска на „Мак петрол“.

Се известуваат возачите дека од утре во наредните денови коловозната лента од страната на старата бензинска на „Мак петрол“ нема да биде во функција до завршување на асфалтирањето на кружниот тек.

Општината апелира до сите учесници во сообраќајот за време на асфалтирањето на кружниот тек да се придржуваат кон времениот режим на сообраќај.

 

Царовска: Продолжуваме да инвестираме во градинки, Кочани, Неготино, Кисела Вода и Кавадарци добија грант од Светска банка за нови објекти

Царовска: Продолжуваме да инвестираме во градинки, Кочани, Неготино, Кисела Вода и Кавадарци добија грант од Светска банка за нови објекти

Кочани, Неготино, Кисела Вода и Кавадарци се првите четири општини од вкупно 17 коишто ќе градат нови градинки со грант од Проект финансиран од Светска Банка, со кој се подобрува пристапот до услугите за згрижување и воспитание на деца. Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалниците Николчо Илијев, Тони Делков, Филип Темелковски и Тодор Ефремов, овластен преставник на градоначалникот Митко Јанчев, денеска ги потпишаа договори за грантот чија вкупна вредност само за градежните работи на четирите објети изнесува 220.700.000,00 денари. Вкупниот капацитет на градинките е 552 деца, и се очекува да бидат изградени и опремени до средината на 2021 година.

„Продолжуваме да создаваме повеќе простор во градинките којшто е неопходен за раниот развој на децата кои се иднината на нашата држава. Нашата цел е само со поддршката од Светска банка до јуни 2024 година да обезбедиме 7.500 нови места во градинките. Истовремено работиме на подготовка на проекти за останатите 13 апликации кои се избрани на првиот јавен повик, и во следните неколку месеци очекуваме и со овие општини да потпишеме договори за грант“, рече министерката Царовска на потпишувањето на договорите за грантовите.
Царовска ги повика општините да изготват квалитетни проекти и да аплицираат за изградба на нови градинки бидејќи инвестирањето во раниот детски развој треба да биде приоритет на државата и на локланите самоуправи. Следниот јавен повик за доделување на грантови за градинки се очекува да се распише во средината на идната година.

Oд мај 2017 до мај годинава МТСП инвестираше во изградба, реконструкција и опремување на вкупно 31 објект за детска заштита. Во тек е изградба и опремување на уште 12 објекти. Министерството за труд и социјална политика продолжува да ги подобрува условите и квалитетот во детската заштитa. Истоврмено ги јакнеме професионалните компетенции на кадарот и го враќаме достоинството на професијата воспитувач со зголемувањето на платите во просек за 16%.

Линк mtsp.gov.mk

ОБНОВЕНИ КОШ КОНСТРУКЦИИТЕ НА  САЛАТА „ЈАСМИН’

ОБНОВЕНИ КОШ КОНСТРУКЦИИТЕ НА САЛАТА „ЈАСМИН’

На иницијатива на тимот „Мој општинар“ и градоначалникот, општината Кавадарци реализираше проект за подобрување на условите за рекреација на теренит на ЈП „Јасмин“.
Преку донација беа префарбани трите кош конструкции каде се поставиа 4 нови табли и шест обрачи со мрежичи.
Донатор е општествено одговорната фирма „Метал Апостолов“ од Кавадарци, која донираше и една кош конструкција за Територијалната против пожарна единица од Кавадарци, бидејќи пожарникарите имаат задолжителна физичка подготовка.