ОБЈАВА број 04/2019 за давање во закуп на недвижни ствари по пат на ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Врз основа на член 24, 25, 26, 27, 28, 29, 36, 37, 38, 39 и 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на РМ“ број 78/15, 106/15, 153/15, 190/16, 21/18, 101/19), Одлука за давање во закуп на недвижни ствари на кп.бр.2700 КО Марена во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-2790/19 од 30.05.2019 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.37/19), Извештај за процена на недвижен имот бр.01-40 од 17.05.2019 година изработен од Трговец поединец за вештачење и процена Д-р Анастас Ѓорги Џуровски ТП Ресен и наш деловоден број 13-504/36 од 27.05.2019 година, Комисијата за недвижни и движни ствари сопственост на Општина Кавадарци, објавува:
ОБЈАВА број 04/2019
за давање во закуп на недвижни ствари по пат на
ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
1.ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Предмет на електронското јавно наддавање е давање во закуп на недвижни ствари – објекти сопственост на Општина Кавадарци, кои се даваат во закуп согласно Одлука за давање во закуп на недвижни ствари на кп.бр.2700 КО Марена во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-2790/19 од 30.05.2019 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.37/19).