Категорија: Актуелни информации

Јавен повик за избор на ко-модератор

Јавен повик за избор на ко-модератор

За потребите на спроведување форум во заедницата, се распишува оглас за избор на Ко-МОДЕРАТОР кој ќе биде ангажиран во времетраење од 3 месеци, 5 работни дена во текот на месецот, со флексибилно работно време.

Ко-модераторот е помошник на модераторот на форумот и раководител на оперативната група. Оперативната група е составена од 5-7 членови и е одговорна за техничката организација на сесиите.

Задачи, одговорности и очекувани резултати:

  • Ко-модерирање на форумските сесии односно помош на модераторот при водењето на форумските сесиите;
  • Раководење и координирање со оперативната група;
  • Регрутација на учесници на форумот;
  • Организирање форумски сесии и нивна техничка подготовка (сала, постери, опрема);
  • Организирање состаноци помеѓу форумските сесии;
  • Поддршка во координирање на активностите за односи со јавноста на локално ниво;
  • Подготовка и чување на документите за и од форумските сесии и работата помеѓу сесиите (записник, листи на учесници, покани и сл.) и нивно доставување до општинскиот координатор;
  • Подготовка на месечни извештаи.

Квалификации и искуство:

  • универзитетско образование
  • познавање на aнглиски јазик
  • активно користење на компјутер (WORD, ECXEL, OUTLOOK)
  • познавање на процесот на децентрализација
  • искуство во работа со невладни организации
  • да е жител на општината
  • искуство во јавни настапи, фасилитација, координација и известување
  • наклонетост кон тимска работа
  • одлични комуникациски и презентациски вештини

 

Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија (CV) и писмо за мотивација, најдоцна до 29 Мај, на следната адреса:

Општина Кавадарци Локална самоуправа – Архива- канцеларија бр.21

или на електронска пошта: smoshev@kavadarci.gov.mk

Јавен повик

 

ОБЈАВА број 2/2019  за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија

ОБЈАВА број 2/2019 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

ОБЈАВА број 2/2019

за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија

по пат на електронско јавно наддавање во општина Кавадарци

 

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

1.Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено со ДУП за плански опфат ,,Дисанска“ – Кавадарци 2009-2014, донесен со Одлука на Општина Кавадарци број 07-4865/2 од 30.10.2013 година, за изградба на објекти со намена А2 – домување во станбени згради (компатибилна класа на намена Б1,Б4-40% – мали комерцијални и деловни намени) и намена Б1 – мали комерцијални и деловни намени (компатибилна класа на намена А1-20% – домување во станбени куќи) согласно Табеларен преглед 1 во кој се дадени податоци за градежните парцели, број на катастарски парцели опфатени со градежните парцели, намена на градба, максимална висина до венец, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.

  1. 2. Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, ,предвидено со ДУП за локалитет ,,Г-2“ – Глишиќ, донесен со Одлука на Општина Кавадарци број 07-2334/18 од 31.10.2005 година, за изградба на објекти со намена – семејни куќи согласно Табеларен преглед 2 во кој се дадени податоци за градежните парцели, број на катастарски парцели опфатени со градежните парцели, намена на градба, максимална висина до венец, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.
  2. 3. Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, ,предвидено со ДУП за дел од УБ 14К ул.,,Праведничка“ – 2013-2018, донесен со Одлука на Општина Кавадарци број 07-302/4 од 31.01.2014 година, за изградба на објекти со намена А1 – домување во станбени куќи (компатибилна класа на намена Б1,В1-30% – мали комерцијални и деловни намени и образование и наука) согласно Табеларен преглед 3 во кој се дадени податоци за градежните парцели, број на катастарски парцели опфатени со градежните парцели, намена на градба, максимална висина до венец, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.

 

ОБЈАВА број 2/2019
ЈАВЕН ПОВИК бр.1/2019 За поднесување на барања за надоместување на дел од трошоците за набавка на енергетско ефикасни грејни тела за 2019 година

ЈАВЕН ПОВИК бр.1/2019 За поднесување на барања за надоместување на дел од трошоците за набавка на енергетско ефикасни грејни тела за 2019 година

Врз основа на член 3 од Правилникот за користење на финансиски средства од буџетот на Општина Кавадарци за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Кавадарци за купување на енергетско ефикасни грејни тела бр.08-2384/4 од 13.05.2019 година (“Сл.Гласник  на Општина Кавадарци  бр.36/2019) ,

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ – ЛОКАЛНА САМОУПРАВА

Објавува 

ЈАВЕН ПОВИК бр.1/2019

За поднесување на барања за  надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Кавадарци за набавка на енергетско ефикасни грејни тела за 2019 година

  1. Опис на Јавниот повик

1.1. Општина Кавадарци, со цел да ги стимулира жителите на Кавадарци(домаќинствата) за примена на почисто гориво и поквалитетни грејни тела за затоплување на своите домови, кои имаат повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот, на жителите кои ќе купат енергетско ефикасни грејни тела од денот на објавување на Јавниот повик заклучно со 20.06.2019 година, ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на енергетско ефикасни грејни тела во висина од 50%, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.

1.2. Јавниот повик трае од денот на објавувањето од 20.05.2019 година заклучно со 20.06.2019 година

1.3. Јавниот повик ќе се реализира по принципот „јавно извлекување“.

1.4.Јавниот повик е објавен на веб страната на Општина Кавадарци, огласна табла во Општина Кавадарци и електронските медиуми.

Read More

Тековни и реализирани проекти во Општина Кавадарци

Тековни и реализирани проекти во Општина Кавадарци

  • Информација од кабинетот на Градоначалникот на Општина Кавадарци до граѓаните за сите тековни и реализирани проекти.

Проект 1

Реконструкција и адаптација на детска градинка во с. Возарци , воведување во работа на 13.05.2019 година а завршување најдоцна до 15.07.2019 година.

Месна заедница –Возарци

Надзор-Панчо Грков 071-219-574

Мој Општинар- Анче Костова 072-422-170

Фирма изведувач- Евро Градба-Инжинеринг

Проект 2

Изградба на мини пазарче кај нов суд Кавадарци, врз основа на договори започнати од 2018 година , краен рок за завршување е 25.05.2019 година.

Урбана заедница – Љубаш

Надзор- Димитар Поповски 072-314-685

Мој Општинар- Ласко Кузманов 071-328-504

Фирма изведувач- Пер Инжинеринг

Проект 3

Изработка на ограда на спортски центар Јасмин , по претходен договор од 2018 година , рок на завршување на 20.05.2019 година .

Урбана заедница-Љубаш

Надзор- Миленко Панарин 071 -219-472

Мој Општинар –Тања Златева 072-307-041

Фирма изведувач- Метал Апостолов

Проект 4

Реконструкција на кров на ООУ ” Димката Ангелов Габер” с.Сопот, воведување во работа на 11.06.2019 година завршување најдоцна до 11.07.2019 година .

Месна заедница-Сопот

Надзор- Добринка Алексова 071-207-741

Мој Општинар- Димитар Радњански 071-518-397

Фирма изведувач- Евро Градба-Инжинеринг

Проект 5

Изведување на градежни работи за изградба на потпорни ѕидови на ул. Ѓоре Брушански , Февруарски поход , поплочување на ул. Страшо Пинџур споредна и 11 Бригада , воведување во работа на сите ставки од 15.05.2019 а завршување на истите на 15.06.2019 година .

Урбана заедница –Слога

Надзор –Добринка Алексова 071-207-741

Мој Општинар – Надица Настова 070-455-867

Фирма изведувач-Мулти Градба Инжинеринг ДООЕЛ

Павер Трејд.

Проект 6

Реконструкција на кров на Дом на Култура Ваташа, воведување во работа на 13.05.2019 година, краен рок за завршување 13.06.2019 година.
Месна Заедница – Ваташа
Надзор – Добринка Алексова 071-207-741
Мој Општинар Роза Гркова 078-333-412
Фирма Изведувач – МЗТ Инжинеринг Битола.

Проект 7

Асфалтирање на ул.”Ило Костов” , ул. “Браќа Хаџи –Тефови ” и ул.”Рајна Соколова” ,воведување во работа на ставките од 13.05.2019 година , а завршување на истите најдоцна до 10.06.2019 година .

Урбана заедница – Браќа Џунови

Надзор –Димитар Поповски 072-314-685

Мој Општинар –Вишна Ристовска Петров 072-307-213

Фирма изведувач –Ве –Група Радовиш

Проект 8

Поплочување на ул.”Браќа Хаџи-Тефови” , ул.”Мара Димова” , ул.”Иво Лола Рибар” , ул. “Киро Каракулев” , воведување во работа на сите ставки од 15.05.2019 а завршување на истите на 15.06.2019 година .

Урбана заедница –Браќа Џунови

Надзор –Димитар Поповски 072-314-685

Мој Општинар –Вишна Ристовска Петров-072-307-213

Проект 9

Асфалтирање на ул.”25 Мај” и изградба на попторен ѕид , завршување на тековните работи најдоцна до 25.05.2019 година , овие ставки се по претходен договор започнат од 2018 година.

Урбана заедница –Страшо Пинџур

Надзор- Добринка Алексова 071-207-741

Мој Општинар – Влатко Ристовски 072-314-687

Фирма изведувач-Коле Транс инжинеринг

Проект 10

Асфалтирање на ул.”Скопска” , ул.”Никола Карев” и ул.”Дешка Тошева” , воведување во работа сите ставки од 06.05.2019 година а завршување најдоцна до 07.07.2019 година .

Урбана заедница-Браќа Досеви

Надзор-Миленко Панарин 071 -219-472

Мој Општинар – Димитар Радњански 071-518-397

Фирма изведувач- Коле Транс Инжинеринг

Проект 11

Асфалтирање на ул.” 2ра Бригада” , крак на ул.”Солунска Глава” спој со ул. “Гоце Делчев” , воведување во работа сите ставки од 06.05.2019 година а завршување најдоцна до 07.07.2019 година .

Урбана заедница – Љубаш

Надзор-Добринка Алексова 071-207-741

Мој Општинар- Тања Златева 072-307-041

Фирма изведувач- Коле Транс Инжинеринг

Проект 12

Асфалтирање на паркинг кај згради на Булевар Македонија , воведување во работа сите ставки од 06.05.2019 година а завршување најдоцна до 07.07.2019 година .

Урбана заедница –Кула

Надзор- Добринка Алексова 071-207-741

Мој Општинар – Ласко Кузманов 071-328-504

Фирма изведувач- Коле Транс Инжинеринг

Проект 13

Реконструкција на кров на ООУ “Димката Ангелов Габер” Кавадарци ,воведување на работа на 15.06.2019 година , завршување најдоцна до 15.07.2019 година .

Урбана заедница-Браќа Џунови

Надзор- Добринка Алексова 071-207-741

Мој Општинар- Вишна Ристовска Петров 072-307-213

Фирма изведувач-Ибо Под Прилеп

Проект 14

Тековни работи започнати врз основа на договори од 2018 година , речно корито Ваташа комплет со краен рок 15.06.2019 година , во зависност од временските услови .

Месна заедница-Ваташа

Надзор- Миленко Панарин 071 -219-472

Добринка Алексова 071-207-741

Мој Општинар- Роза Гркова 078-333-412

Фирма изведувач- Градба Промет

Проект 15

Поплочување на ул.Перо Видев , краен рок за завршување 30.05.2019 година

Месна заедница-Ваташа

Надзор- Добринка Алексова 071-207-741

Мој Општинар- Роза Гркова 078-333-412

Фирма изведувач- Градба Промет

Проект 16

Кружен тек Тиквеш , објект од јавен интерес, краен рок за завршување до 15.07.2019 година

Урбана заедница-Љубаш

Надзор –Димитар Поповски 072-314-685

Мој Општинар –Тања Златева 072-307-041

Фирма изведувач-Градба Промет

Проект 17

Поплочување на ул. “Галишка” со краен рок до 30.05.2019 година .

Урбана заедница –Задругар

Надзор –Димитар Поповски 072-314-685

Мој Општинар- Димитар Радњански 071-518-397

Фирма изведувач-Градба Промет

Проект 18

Поплочување на пешачка патека , паркинг и пристап на згради на булевар ” Кочо Рацин” , булевар “Македонија” и ул.”Никола Минчев” , пешачка патека кај Белка зградите , парк кај Полана и тротоар на ул.”Никола Минчев”, како улици во населба Јасмин , краен рок на завршување е 15.08.2019 година .

Урбана заедница – Љубаш

Надзор- Миленко Панарин 071 -219-472

Мој Општинар- Ласко Кузманов 071-328-504

Фирма изведувач- Градба Промет

Проект 19

Асфалтирање на дел 1 ул. “Смилица”, ул.”Бигла”, ул.”Рајко Жинзифов” изградба на сервисна улица на ул.”25 Мај”, втора фаза пробивање и тампонирање на улици во ДУП Дисанска , изградба на сервисна на ул.”Доне Попов” , воведување во работа најдоцна до 01 .06.2019 година .

Урбана заедница-Страшо Пинџур

Надзор – Димитар Поповски 072-314-685

Мој Општинар- Влатко Ристовски 072-314-687

Фирма изведувач-Градба Промет

Проект 20

Асфалтирање на крак на ул. Клинска , воведување во работа најдоцна до 01 .06.2019 година .

Урбана заедница –Киро Крстев

Надзор-Панчо Грков 071-219-574

Мој Општинар-Анче Костова 072-422-170

Фирма изведувач-Градба Промет

Проект 21

Асфалтирање на ул.Црноречка , воведување во работа најдоцна до 01 .06.2019 година .

Урбана заедница –Задругар

Надзор- Миленко Панарин 071 -219-472

Мој Општинар- Димитар Радњански 071-518-397

Фирма изведувач-Градба Промет

Проект 22

Асфалтирање на ул.Февруарски поход, ул.Полошка , Праведничка –крак и ул. Јованче Велков, воведување во работа најдоцна до 01 .06.2019 година .

Урбана заедница-Слога

Надзор –Добринка Алексова 071-207-741

Мој Општинар –Надица Настова 070-455-867

Фирма изведувач-Градба Промет

Проект 23

Поплочување на ул. Клинска , овие тековни работи се врз основа на договори од 2018 година .

Урбана заедница- Киро Крстев

Надзор- Димитар Поповски 072-314-685

Мој Општинар – Анче Костова 072-422-170

Фирма изведувач- АС Машини

Проект 24

Изградба на жардинерии на Западен Булевар , овие тековни работи се врз основа на договори од 2018 година .

Урбана заедница – Љубаш

Надзор- Димитар Поповски 072-314-685

Мој Општинар- Тања Златева 072-307-041

Фирма изведувач- АС Машини

Проект 25

Поплочување на ул. Наќо Лазовски (две страни), ул. Смилица, ул.Дисанска и ул. Глигор Прличев, воведување во работа на сите позиции е 15.05.2019 година, краен рок за завршување 40 дена по воведувањето во работа.

Урбана Заедница – Страшо Пинџур

Надзор –Димитар Поповски 072-314-685

Мој Општинар – Влатко Ристовски 072-314-687

Фирма изведувач – РМК Градба

Проект 26

Поплочување на ул. Галишка и тротоари на ул. Ѓоре Брушански, ул.Кузман Јосифовски -Питу и ул.41ва Девизија , воведување во работа на 17.05.2019 година , краен рок за завршување најдоцна до 40 дена .

Урбана заедница – Задругар

Надзор-Миленко Панарин 071 -219-472

Мој Општинар- Димитар Радњански 071-518-397

Фирма изведувач-АС Машини

Проект 27

Поплочување на ул. Никола Карев –споредна , воведување во работа на сите позиции е 15.05.2019 година, краен рок за завршување 40 дена по воведувањето во работа.

Урбана Заедница – Браќа Досеви

Надзор-Миленко Панарин 071 -219-472

Мој Општинар- Димитар Радњански 071-518-397

Фирма изведувач – РМК Градба

Проект 28

Поплочување на тротоари на ул. Методија Џунов Џико-споредна, ул. Клинска – крак, ул. Шакалица, ул. Димче Мирчев и ул. Брушанска воведување во работа на сите позиции е 15.05.2019 година, краен рок за завршување 40 дена по воведувањето во работа.
Урбана Заедница – Киро Крстев
Надзор-
Мој Општинар- Анче Костова 072-422-170
Фирма изведувач – РМК Градба

Јавен повик за аплицирање на кандидати за волонтирање по проект „За чисто и убаво Кавадарци“

Јавен повик за аплицирање на кандидати за волонтирање по проект „За чисто и убаво Кавадарци“

Се повикуваат сите заинтересирани граѓани и млади лица над 15 години да се пријават на јавниот повик врз основа на кој се организира  волонтерска работа за потребата на Општина Кавадарци за активностите според проектот „ За чисто и убаво Каварадаци“.

Јавниот повик се објавува поради потребата на Општина Кавадарци за ангажирање на волонтери, кои доброволно ќе извршуваат активности за почист и озеленет град и тоа:

  • подигање на нови зелени површини низ градот;
  • засадување на садници;
  • Одржување на селски патишта и фудбалски игралишта;
  • чистење и одржување на јавната чистота на повеќе локации како што се: градски парк, месноста Моклиште, главните влезови на градот и други локации.

 

Повикот за пријавување е од 17.05.2019 и е од отворен карактер.

Јавен повик